Среда, 07 Август 2019   
За СПЦ би било навреда да ја моли македонската вл

2a

Во текот на Втората светска војна македонскиот народ од сите три делови на поделената Македонија зеде активно учество во народноослободителната војна против фашистичките окупаторски сили и нивните слуги. Основната цел на неговата борба беше ослободување од фашистичкиот окупатор, создавање на сопствена држава и црковно осамостојување.

2b

Веднаш по формирањето на Верско поверенство, на ослободената територија во селото Издеглавје, Струшко, бил одржан Првиот свештенички собир на кој биле донесени решенија од примарно значење за иднината на Македонската православна црква. На состанокот свештениците одбиле да признаат јуриздикција на било која туѓа црква, барајќи во слободна Македонија да се обнови Охридската архиепископија, а со црковно-верскиот живот да раководи Македонската православна црква (МПЦ).

Подоцна, во селото Горно Врановци, Велешко, бил формиран Иницијативен одбор за организирање на МПЦ. По ослободувањето, проширениот состав на Иницијативниот одбор го презел црковното раководење и правел подготовки за одржување на Првиот македонски црковно-народен собор.

Ваквите активности на македонското свештенство, уште за време на војната ја мобилизира Српската православна црква (СПЦ).

Таа развила силна антимакедонска кампања како во земјата така и надвор. СПЦ се надевала дека Британците ќе успеат по војната да го вратат кралот во Југославија, со што на српското свештенство би им била гарантирана предвоената доминација на просторот на кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

По одлуките донесени АСНОМ и конституирањето на Македонија како равноправна федерална единица на Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ), Српската православна црква започнала со активности насочени против создавање федерација во која Македонија би била вклучена како равноправна федерална единица. Во октомври 1944 година, српскиот владика Иринеј заминал за Рим и упатил меморандум до англискиот клер во кој бара англиската црква да ги застапува интересите на СПЦ. Истовремено испраќа и копија од извештај „Вистината за Југославија“ во кој се велича улогата на кралската војска и СПЦ.  

Против вклучувањето на Македонија како равноправна федерална единица во ДФ Југославија, бил српскиот митрополит Јосиф, кој повеќе од дваесет години бил митрополит на СПЦ во Македонија. Тој остро реагирал, „истакнувајќи дека новата југословенска федерација е директно  насочена  против СПЦ и српството  воопшто. Поради тоа, СПЦ била подготвена да се бори со сите средства“.

По донесувањето Заканот за одвојување на Црквата од државата, со што се овозможувало  секоја федерална влада да ја одобри или забрани дејноста на СПЦ на нејзина територија, односите уште повеќе се заостриле. Отткако лично бил известен од страна на тогашниот повереник за внатрешни работи при владата на ДФЈ, Владо Зечевиќ, митрополитот Јосиф бурно реагирал сметајќи го Законот како директен атак на СПЦ. Во разговорот српскиот митрополит Јосиф истакнал дека „Македонската влада сигурно нема да ја дозволи дејноста на СПЦ во Македонија, а за СПЦ би било навреда да ја моли македонската влада".

Ваквиот Закон особено го загрижил митрополитот Јосиф, кој повеќе од 20 години бил митрополит на СПЦ во Македонија. Слична загриженост по ова прашање имале сите во патријаршијата па набрзо бил свикан синодот на СПЦ.

Во почетокот на декември 1944 година се одржал состанок на Светиот архиерејски синод на СПЦ на кој присуствувале митрополитот Јосиф, владиките Нектарие, Емилијан и Јован од Ниш. Покрај нив, на сотанокот присуствувале и епископите Симеон од Шабац, Венимијан од Пожаревац и владиката Дамаскин од Вршац иако не биле членови на Синодот. Воглавно се разговарало за Законот за одвојување на црквата од државата и другите проблеми кои произлегувале од него.

Во интервју за британскиот новинар Харисон, дадено по состанокот на Светиот синод на СПЦ, митрополитот Јосиф изјавил дека: „зад овој закон стоел Тито, а зад него Ватикан“.  Непосредно потоа СПЦ добила и материјална помош од англиската црква, а била договорена и друга соодветна помош.

Меѓутоа, без разлика на пречките од страна на СПЦ, македонскиот народ не се откажал од својот сон за обновување на древната Охридска архиепископија. За да ја реализира својата цел создавање на своја автокефална народна Македонска православна црква, Иницијативниот одбор го свикал Првиот македонски црковно-народен собир, кој се одржал на 4 и 5 март 1945 година во Скопје. На овој Собир зеле учество повеќе од 300 делегати-свештеници и мирјани.

На Собирот била донесена резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија. Во едногласно донесената резолуција се говори дека:

1. да се обнови Охридската архиепископија, како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква;

2. да има свои народни епископи и народно свештенство, за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна Црква и

3. првиот македонски архијереј да ја носи титулата Охридски архиепископ, а Православната македонска црква да се нарекува Светиклиментова Охридска архиепископија.

Понатаму, во неа се вели дека охридскиот архиепископ треба да биде хиротонисан во Охрид и устоличен на престолот на охридските архиепископи, како и тоа дека со резолуцијата треба да бидат известени сите автокефални православни цркви во светот.

Црковно-народниот собир имајќи ги во предвид црковните канони, избрал нов Иницијативен одбор за организирање на Македонската православна црква, при што нему му биле дадени ингеренциите за привремена управна и законодавна власт.

Меѓутоа, Српската православна црква на заседанието на својот Архијерејски синод, одржано во септември 1945 година се изјаснила дека не може да ја признае самостојноста и независноста на Македонската православна црква. Тие и понатаму пројавиле право на црковна јурисдикција на територијата на Македонија, а од македонскиот православен народ барала целосно потчинување, односно почитување на состојбите меѓу двете светски војни.

По ваквата одлука на Светиот синод на Српската православна црква, Иницијативниот одбор свикал широка свештеничка конференција на која го запознал македонското свештенство со негативниот став на СПЦ.

2c

На конференцијата одржана на 9 и 10 мај 1946 година, во Скопје, на која присуствувале повеќе од двеста свештеници, во атмосфера на остро негодување на одлуката на СПЦ, македонското свештенство донело резолуција во која се истакнува дека Црквата во Македонија мора да има свои народни архијереи, народно свештенство, и самостојност во решавањето на сите внатрешни црковно-народни прашања.

Во оваа резолуција македонските православни свештеници не отстапиле од основните барања на верниците - Македонската православна црква да го зачува својот народносен и Свети климентовски белег.

Конечното решавање на ова прашање се провлекувало сe до 1958 година.

На 4 и 6 октомври 1958 година во Охрид одржан е црковно-народен собор, а во црквата Св Софија е прочитана одлуката за обнова на Охридската архиепископија.

(извор: В. Стојчев, „Загрозување на македонската државност“, Одбрана, октомври 2004 стр. 48-49)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.