|
|
Меморандум за создавање на автономија на Албанија и Македонија 1898 г. |
Меморандум за создавање на автономија на Албанија и Македонија 1898 г. Македонска нација Во минатото меѓусебните интереси на Македонците и Албанците создале неопходни елементи за изнаоѓање поволни патишта за спас од османската тиранија и за канализирање на борбата за национално и социјално ослободување. Ова настојување прераснало во обидите да се определи заедничката платформа за поставување на основите на едно единствено македонско-албанско националноослободително движење. Прв ваков обид е направен во 1887 година со создавањето на Албанско-македонска револуционерна лига. Нов обид за формирање на „Албанско-македонска револуционерна лига“ бил направен во 1893/1894 година во Лондон. Нејзината дејност се развила подоцна и тоа во 1898 и 1902 година, кога пред светот се обидува да ја осветли суштината на албанско-македонското прашање. Востанието на Ерменците во 1895 година, како и востанието во Мелник, имало за последица остри реперкусии што ги презеле турските власти против македонското население. По овие настани при крајот на XIX век повторно се актуелизира источното прашање. Големите сили, од кои најмногу се ангажирале Русија и Австро-Унгарија, тргнувајќи од своите сопствени економски и политички интереси, се придржуваат кон својата политика за зачувување на целоста на Османската Империја и спроведување на реформи во нејзиниот европски дел. Покренувањето на источното прашање ги раздвижува балканските држави кои сакаат да ја искористат ситуацијата заостварување на нивните територијални претензии. Бугарија со помош на Русија почнала да врши силен притасок над Портата за реформи во Македонија со цел подоцна да создаде таков впечаток дека македонското прашање не може да се реши без Бугарија. И Србија и Грција, пројавија видна активност околу ова прашање, настојувајќи да ги остварат нивните територијални претензии во Македонија. Во летото 1896 година ТМОРО на Конгресот во Солун усвои програма со која се бара создавање полна политичка автономија за Македонија и Одринско преку подигање на револуцијата. Сите овие настани на Балканот влијаеле и на албанското национално движење. Во текот на овие настани албанското национално движење ја зголемува својата активност како во земјата така и надвор од неа. Албанците бараат од султанот самоуправување, финансиските средства прикупени во нивните предели да ги користат за нивните краишта и независен кнез. Барањата на Албанците се доставени до Високата Порта и до Големите сили во вид на меморандуми во текот на 1896 и 1897 година. Меморандуми и петиции биле доставени од страна на разни групи, од албански комитети и друштва како од земјата така и надвор од неа. Во овие барања меѓу другото стои: сите предели населени со албански елемент да се вклучат во една автономна Албанија под суверенитетот на султанот. Со тоа тие барале самоуправа, определување на границите на таа автонамија, администрација и школи на албански јазик, како и служење на војната обврска во границите на автономијата. Во една петиција, доставена од Битола во ноември 1896 година до султанот, албанските бегови барале соединување на пет вилаети: Скадарскиот, Косовскиот, Битолскиот, Јанинскиот и Солунскиот во еден вилает со центар во Битола, со турскиот јазик како званичен во администрацијата. Тие со ова изразиле своја желба да не се издвојат од Османското царство, а од друга сграна, да ги сочуваат своите чифлици што се протегале во сите овие вилаети. Претставниците пак на либералната буржоазија и демократските сили на албанците барале барале автономија на Албанија во рамките на четирите вилаети: Скадарскиот, Косовскиот, Битолскиот и Јанинскиот, потоа признавање на албанската националност без разлика на верата, спроведување на реформите ветувани со Берлинскиот договар, како и признавање на албанскиот јазик како званичен јазик во админиспрацијата, во школите и црквите. Од друга страна македонското револуционерно движење во 1896 година одржува свој Конгрес и усвојува програма со која се предвидува полна политичка автономија на Македонија и Одринско во рамките на Османското царство. Таа пристапува и кон формирање на вооружени чети кои ќе послужат како стожер на револуционерното движение. Македонското револуционерно движење сметало дека во автономна Македонија треба да се вклучат вилаетиге: Солуискиот, Битолскиот, Косовскиот и Одринскиот. Но населението во овие вилаети не било само македонско. Во Косовскиот и Битолскиот вилает живеел добар дел од албаноското и друго население, така што на овие два вилаети претендирало и албанското движење. Така, ниту кај едните ниту кај другите не е прецизно речено кои предели од тие вилаети треба да се вклучат во соодветните автономии спрема населението што придонело и да нема некоја поголема соработка помеѓу двете движења. Со почетокот на Турско-грчката војна во април 1897 година поради критското прашање, активноста на албанското движење привремено стагнирала. По завршувањето на војната албанското движење повторно го покренало прашањето за реформи во пределите населени со албанско население. Меѓутоа, турската влада сега била ослободена од војната со Грција и одлучила со војничка сила да стави крај на албанските барања и на нивното национално движење. Во последните месеци на 1897 година во пределите на Косово дојде и до вооружен судир помеѓу Албанците и турската војска. Албанскиот печат во врска со настаните на Косово, ќе напише дека: „Ние од Европа не бараме ништо друго освен да ги запази нашите права и да не дозволи на туѓите кралства да влезат во Албанија“. Дипломатската активност на европските држави околу реформите во Македонија продолжила и во 1898 година, иако тие настојувања немале искрени намери. Балканските држави Србија, Бугарија и Грција ја продолжиле својата политичко-пропагандна дејност што неминовно повлијаело и кај албанското национално движење. Во еден од издадените меморандуми го забележуваат следното: „Ако Грците, Бугарите, Србите и Црногорците велат дека се наши браќа, ние ќе ги пречекаме како браќа само под еден услов, секој да е господар во својата куќа. Ние немаме викакви претензии на нивните земји, ние ја сакаме Албанија за Албанците“. Во овој период, Англија најмногу била ангажирана околу пронаоѓањето решение за смирување на Балканот. Англиската влада настојувала да ги ангажира и другите европски сили во Македонија за да се воведат реформи и да се прогласи автономија на Македонија под еден европски гувернер. Исто така и за Албанија, која била постојан извор на немири, се барало да и` се даде автономија, а двете провинции да бидат под суверенитет на султанот. Од извештаите од овој период може да се заклучи дека еден дел од европските сили биле сериозно заинтересирани да се најде решение за овие два поробени народи под османската власт и да им се признае административно-територијална автономија. Меѓутоа, ваква разрешница не посакувале другите европски сили и балканските држави кои претендирале на овие територии. Така предлогот на англиската влада ги вознемирила владите на балканските држави, кои потпомогнати од Царска Русија, настојувале да го оневозможат остварувањето на англиската концепција. Балканските држави наидоа на сигурна поддршка и од турската влада која не сакала да дозволи од нејзината територијална целина да се издвојат посебни автономни единици. Тогашниот турски министер на надворешните работи Тефик паша во врска со ова ќе изјави: „Ниту една влада, ниту еден турски државник не би можел на тоа да се согласи и мирно да гледа како едно по едно парче месо се откинува од живото тело на турската држава... Сакаме секому да му ја одземеме можноста и апетитот да се одземе делот што севика Македонија, па и преку границите на оваа и од тие делови да создадат некакви автономни државички“. Бугарската влада била убедена дека македонското прашање не можело да се реши изолирано од останатите прашања на Балканот, особено од албанското прашање. Токму поради тоа таа решила да ја искористи и оваа можност за да ги придобие и некои албански личности како би можело да се реши македонското и албанското прашање со создавањето на две автономни единици. Оттука, Софија ангажирала некои личности од македонската и албанската емиграција во Бугарија за нивното заедничко дејствување во правец за остварување на автономија на Албанија и Македонија. Според извештајот на српскиот отправник на работите во Софија, иницијатива за таков потфат дал бугарскиот дипломат Ризов, а тој бил одобрен и од владата на Стоилов. Таков предлог за спогодба по се` изгледа е прифатен од двете договорни страни и врз база на тоа е формулиран и меморандумот кој во летото 1898 година бил доставен до Високата Порта и до европскиот печат. Во Предлог за воспоставување административна автономија во Албанија и Македоннја, меѓу другото стои: „ Т. 1 Од Солунскиот, Битолскиот вилает и еден дел од Косовскиот се утврдува провинцијата Македонија со главен град Солун. Границите на оваа провинција ќе се движат од прилика вака: Врање, Прешево, Куманово, Качаник, Третово, преку Карадак и Шар Планина до Кораб, по текот на Велештица до Црни Дрим; преку селото Ендрета во западната граница на Охридската околија, Корча до планината Грамос. Јужна граница: околиите Костур, Каилале, Воден, Караферије, се` до устието на Бистра во Егејското Море. Оваа провинција ќе го зафати и полуостровот Халкидика до делтата на реката Места, потоа низ реката североисточно до селото Радибош и до границита на Србија и Бугарија. Т. 2 Од досегашните вилаети Јанинскиот, Скадарскиот и еден дел од Косовскиот вилает се воспоставува провинцијата Албанија со главен центар Елбасан. Границите на оваа провинција почнуваат од Врање на север до гравиците на Србија и Босна и Херцеговина и со Црна Гора, зафаќајќи го и Новопазарскиот санџак. Западно до Јадранското Море, јужно до грчката граница и Егејско Море до реката Бистрица од каде на исток ќе се граничи сопровинцијата Македонија. Т. 3 Султанот во спогодбата со Големите сили ќе постави два главни гувернера за пет години кои ќе ја преземат власта над овие две провинции. Овие гувернери треба да се од мнозинството на соодветната провинција како по народноста така и по верската припадност. Според тоа, за Македонија бугарин-христијанин, а за Албанија албанец-мухамеданец“. По третата точка постои забелешка во која се вели дека меморандумог е составан од Албанци и Македонци кои не се вклучени во Комитетите. Споменатиотмеморандум на султанот му го предал некој Јусуф Али од Дебарскиог крај кој долго време живеел како емигрант во Софија. Тој за време на Руско-турската војна водел преговори со командантот на руските војски во Бугарија. Оттука може да се заклучи дека се работи за интересите на бугарската влада и силите кои стојат позади неа и дека не постои некаков договор меѓу двете движења. Ова го потврдуваат и самите настани кои се одвиваат во двете соседни движења. Наскоро потоа, во ноември 1898 година, „Национално-централната Албанско-македонска лига“ ќе објави проглас чија цел е да ја осветли пред европскиот свет суштината на албанско-македонското прашање. |