Среда, 04 Септември 2019   
Војводата Сармон - последниот вазал на Самоил

Car-Samoil-1014-2014-banner

Војводата Сармон - последниот вазал на Самоил

Во XI век на територијата на Срем владееше Сармон, последниот вазал на Самоил. По распадот на Самоиловата држава, поедини негови војсководци ја продолжија борбата со Византија. Последен од нив бил војводата Сармон, кој владеел со Срем до 1019 година.

Средновековната македонска држава која ја основале четворицата браќа, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на комитопулот Никола, била најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во 969 година тие ја искористиле тешката ситуација во Бугарија, која била нападната од киевскиот кнез Свјатослав и ја отфрлиле бугарската власт. Тие ги поставиле темелите на македонската држава, подоцна позната како Самуилово Царство, во Западна Македонија. Основата на државата ги сочинувале териториите на Охридско-преспанската област и Пелагонија, а престолни градови биле прво Преспа, подоцна Охрид, како и Битола и Сетина.

Во почетокот браќата владееле заеднички и ја признавале врховната власт на Византија. По смртта на царот Јован II Цимиски (969–976), кренале востание и ја отфрлиле византиската власт. Тие успеале да ги прошират териториите на државата, со која по загинувањето на Давид и Мојсеј, владееле Арон и Самуил. Во 985 година ја освојуваат Лариса, најголемиот град на Тесалија, од каде што биле пренесени во Преспа моштите на Св. Ахил.

Во 986 година, византискиот цар Василиј II (976–1025) се обидел да го запре ширењето на македонската држава, но во битката на Ихтиман (Трајановата порта), кај Софија, претрпел катастрофален пораз. Тогаш биле освоени Источна и Североисточна Бугарија, а границите на македонската држава биле проширени до делтата на Дунав.

Набргу, поради различните ставови во однос на Византија, по наредба на Самоил, Арон бил ликвидиран со целата своја фамилија. На барање на неговиот син Гаврил Радомир бил спасен единствено синот на Арон, Јован Владислав. Самуил продолжил да ги шири границите на државата. По неуспешниот поход на југ, кога бил поразен кај битката кај Спархеј во 996 година, Самуил тргнал на запад кон Јадранско море. Ја освоил Дукља, ја опустошил Далмација и стигнал до Задар. Оттаму, преку Босна и Србија, кои ја признале неговата власт, се вратил во Македонија. По успешниот поход на запад, околу 997 година Самуил се прогласил за цар, а државата ја издигнал во ранг на царство. Круната ја добил од папата, а крунисувањето го извршиле свештеници од Рим.

Во почетокот на XI век Византијците овоиле поголем број од македонските градови (Бер, Сервија, Воден, Скопје) како и други градови (Видин, Драч), а по решавачката битка кај Беласица во 1014 година Самуил бил поразен. Истата година Самоил умира од срцев удар кој го доживува по глетката на своите ослепени војници. По неговата смрт државата започнала бргу да опаѓа. Неговите наследници, Гаврил Радомир (1014–1015) и Јован Владислав (1015–1018) загубиле голем дел од териториите. По загинувањето на Јован Владислав во борбите околу Драч во 1018 година и предавањето на царицата Марија во Охрид со највисоките благородници на Василиј II, Царството престанало да постои. Меѓутоа, еден дел од Самуиловите војсководци веднаш не се предале, туку ја продолжиле борбата со Византија. Последен од овие војсководци бил војводата Сармон, кој владее со Срем како вазал на македонскиот цар Самуил.  

По поразот на Самоил, последниот слободен војвода Сармон не сакал да се предаде и да ја признае новата Византиска власт. Тогашниот византиски управник на Белград, Константин Диоген (татко на идниот византиски император Роман Диоген), се послужил со измама и го повикал Сармон како комшии да се сретнат на средина на реката Сава, заради личен договор. Средбата била договорена, а тие како придржба можеле да понесат по тројца слуги.

Во 1019 година, за време на средбата Сармон бил убиен, а Константин со војската тргнал на Сирмиум (денешна Сремска Митровица). Кога Диоген стигнал пред градот, исто како што царицата Марија (вдовицата на Јован Владислав) без борба го предала Македонското царство на Василиј II, така и  вдовицата на Сармон ја предала без борба Сармоновата земја на Византијците. Со овој чин, во 1019 година конечно било задушно востанието на комитопулите и е завземена последната слободна територија на Македонското царство. Потоа Византијците на територијата на Срем ќе ја формираат темата Сирмиум.

Се претпоставува дека резиденцијата на Сермон била во Сирмиум, стар христијански град во кој било седиштето на епископијата на Долна Панонија и каде во IX век бил епископ Методиј, назначен од папата Хадријан II. Во Сирмиум, Сармон ковал сопствени златници. Три негови златници се пронајдени во Нови Сад, па се претпоставува дека неговата власт се простирала и во таа област, што зборува пак за големината на Самоиловото царство.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.