Среда, 23 Октомври 2019   
НАКО e македонско благородничко семејство во Сен Миклош

NakoНАКО e македонско благородничко семејство во Сен Миклош

Браќата Нако добиле благородничка титула за пронајдената ризница Надсентмиклош

НАКО e македонско благородничко семејство во Сен Миклош, доселено од Гевгелиско во втората половина на XVIII век. Христофор и Ќирило во Сен Миклуш поседувале голем имот. Во 1790 г. со семе од Македонија се обиделе во Банат да произведуваат памук. Во Сен Миклуш отвориле земјоделско училиште. Јован бил ктитор на католичка црква во Сен Миклуш и донирал 5.000 форинти на Матица српска. Накови имале благороднички титули и грб. Последниот потомок на семејството - Милева починала во 1926 година.

Во XVIII и XIX век, меѓу благородниците кои се сретнуваат во Хабсбуршката монархија со потекло од Македонија биле кир Хаџи Манојло во Будим, Теодор Николич од Велес; Георги и Јован Калиновичи од Дојран, семејството Баичи од Блаца во Митровица, семејствата Дука, Дарвар и Спирта од Клисура, Христофор и Кирило Нако во Велики Сен Миклуш и др.

Браќата Христофор и Кирило Нако кои се македонски трговци од Гевгелиско, околината на Дојран -Македонија, бегајќи од турскиот зулум доаѓаат во XVIII век во областа на Северен Банат. Првично тие ги земаат под закупот лозовите насади, пасиштата, нивите во близина на напуптената населба Селеш, а во 1782 година тие го купуваат имотот од владата во Виена.

Во недостаток на работна сила која ќе работи на нивниот имот, браќата Нако изградиле 50 куќи во 1784 година и ги населиле со семејства од унгарско потекло. Со населените Унгарци, бил потпишал договор во кој се бара новото населено место, наречено Селеш, да се нарече НАКОФАЛВА. Во 1922 година ова место во близина на Кикинда, Северен Банат, Војводина, на самата Српско-романска граница, по браќата Накови, го добива официјалното име Наково.

Инаку, имотот на Накови се протегал до градот Сенниколау Маре, уште познат како Сен Миклуш, денес во округот Тимиш, Романија. Во 1790 година со семе од Македонија се обиделе во Банат да произведуваат памук.

Во 1799 година од работник на браќата Накови, било пронајдено богатството на Сенниколау Маре или ризницата на Над Сен Миклош (Фолем Свети Никола). Богатството се состои од 23 садови со вкупна тежина од околу 10 килограми. Осум од нив се направени од 22 каратно злато. Садот број 18 е 21 ½ карат, а ритон (бр.17) е 12 карати.

По ископувањето, ова богаство било подарено на Јосиф II, царот на Светото Римско Царство и надвојвода од Австрија (1765-1790), крал на Хрватска, крал на Бохемија и крал на Унгарија (1780–1790), за што добија благородничка титула на градот Надсентмиклош

Богатството било пренесено во Виена, главниот град на империјата. Оттогаш, таму е во сопственост на Музејот на историјата и уметноста во Виена (Kunsthistorisches Museum), каде што е постојано прикажан. Широк спектар на ставови и понатаму се одржува во врска со датирањето и потеклото на стиловите на парчињата и контекстот во кој се направени, што може да варира помеѓу парчињата. Невообичаено, натписите на некои парчиња ја зголемија сложеноста на аргументите, наместо да ги намалат. Не многу одамна, Букурешт побараа од австриската влада репатријација на богатството.

Во Сен Миклуш, браќата Накови отвориле земјоделско училиште. Јован бил ктитор на католичка црква во Сен Миклуш и донирал 5.000 форинти на Матица српска. Последниот потомок на семејството Накови кои имале благороднички титули и грб.  - Милева починала во 1926 година.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.