Среда, 23 Октомври 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (27)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (27)

Со распадот на СФР Југославија се распадна и единствениот југословенски пазар. Војната која се водеше во поранешните југословенски простори ја прекина испораката на производи и соработката на поранешните партнери. Претпријатијата се најдоа во незавидна состојба и мораа да бараат нови пазари, како и да го приспособуваат производството според тогашните побарувања. Тоа доведе до затварање на цели погони и фабрики, отпуштање на на вработените, штрајкови и царување на сивата економија. 

Веднаш по осамостојувањето, стопанството на Македонија, кое што беше димензионирано за југословенскиот пазар, мораше да се приспособи на новите услови и да бара нови пазари за да може да преживее и самата држава. Всушност нема независна и суверена држава без силно и развиено стопанство. Во тие преломни моменти кога Македонија се соочуваше меѓудругото со грчката блокада на политички и економски план, во барањето на излез од тешката ситуација излегоа во пресрет и македонските стпанственици.

Мане Јаковлевски беше еден од македонските стпанственици кои имаше свој бизнис во СР Германија. Свесен за состојбите во која се наоѓаше земјата, тој меѓудругото ги стави и сите свои капацитети во служба на државата. Имено тој стана репрезент на македонските производи и македонските туристички центри во СР Германија.

drezdenштандови со македонски производи во маркетот „Тангелман“  во Дрезден

Во книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“, осврнувајќи се на дејноста на Мане кој во соработка со македонската амбасада бараше нови пазари за македонските претпријатија, авторот Киро Кипровски ќе напише:

„Во организација на фирмата за експорт-импорт „Мак-поинт“ од Берлин, сопственост на Манојил Мане Јаковлески, а под покровителство на македонската амбасада во Германија, од 3 до 15 декември 1997 година, во германскиот град Дрезден, беше одржана презентација на македонски вина и прехранбени производи, а беа претставени и туристичките центри: Охрид, Струга, Дојран, Преспа, Маврово, Попова Шапка, Крушево и Пелистер. На специјално поставените штандови на „Магнет-маркетот“, на површина од 6.000 квадратни метри, во сопственост на големото семејство маркети „Тангелман“ во Германија, посетителите имаа можност, да го почувствуваат високиот квалитет на десертните македонски вина: „Темјаника“ ,„Т’га за југ“, „Вранец“, „Севињон бланк“, „Шардоне“, „Белан“, од нашите прочуени винарски комбинати: „Тиквеш“ од Кавадарци и „Повардарие“ од Неготино. Посетителите имаа можност да вкусат лутеница, ајвар, црвена туршија, пиперки гамби, црвен пипер и други производи на „Витаминка“ од Прилеп и „Повардарие“ од Неготино. Исто така, имаа можност, да им се восхитуваат нарачно изработените сувенири со македонски мотиви, од грнчарските работилници во Ресен, Неготино и Берово. Посетителите, откако ги вкусија македонските специјалитети и ги дегустираа вината, со задоволство купуваа од сите видови производи, кои беа изложени на штандовите.

По завршувањето на дванаесетдневната презентација на македонските производи во овој простран трговски комплекс, на видно место беа поставени четири видови на сортни вина, кои постојано ќе се продаваат. Сопственикот на македонската фирма, г. Јаковлески, ги информираше новинарите дека кон крајот на јануари 1998 година, очекува да потпише договор за соработка и пласман и на останатите производи, кои беа на презентацијата.

„Презентацијата ги оправдала очекувањата, а потврда е фактот што во наредниот период вакви презентации ќе се одржат и во Берлин, Хале, Лајпциг, Минхен и во други градови во Германија. Истата ќе се врши во маркетите на „Магнет маркети“ и во маркетите на „Плус“ и „Кајзер“, кои се дел од огромното семејство на „Тенгалман“, кое има околу 4.000 продажни места низ цела Германија и е водечка трговска куќа за прехранбени производи во државава“, истакна Јаковлески, организатор и домаќин на презентацијата.

Во рамките на оваа стопанска манифестација, која беше прва од ваков вид во СР Германија, беше организирана и македонска вечер, на која присуствуваа гости од стопанскиот и политичкиот живот на Дрезден, меѓу кои и д-р Херберт Вагнер, градоначалник на Дрезден.

Во поздравните говори на организаторот и домаќинот, беше истакнато дека ваквите манифестации се неопходни за запознавање со стопанството во Македонија, како и со богатото културно наследство, со фолклорот и обичаите. Македонската вечер во Дрезден, мина во типично македонски амбиент, со македонски врвни и вкусни специјалитети, македонски сортни, суви вина со висок квалитет, збогатени со песни и ора. На гостите им беше понудено најубавото од Македонија, а тие восхитени, уживаа во богатата и ретка понуда.“

Покрај континуираното промовирање на македонските вредности во ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, на барање на македонските власти, Јаковлевски учествуваше и на  „ЕКСПО 2000“ во Хановер. За овој настан, според неговите сеќавања, авторот на книгата  ќе забележи:

„На светската изложба „ЕКСПО 2000“, што се одржа во Латзен-Хановер, на површина од 1.600.000 квадратни метри, кој беше најголем саем во светот, покрај официјалниот дел организиран од Министерството за економија на РМ, по барање на македонската влада учествуваше и ресторанот „Ново Скопје“ од Берлин. Саемот беше отворен на 1 јуни, а беше затворен на 31 октомври 2000 година.

„Ново Скопје“ на посетителите им ја презентираше традиционалната македонска кујна со познатите специјалитети: тавче гравче, ќебапи, плескавици, бакардан, македонски салати, пита и слично. Беа изложени и повеќе видови на сортни суви вина (црвени и бели), македонска мастика, бела и жолта ракија. На големиот штанд на „Ново Скопје“ се наоѓаа и грнчарски производи: тави, букариња, стомни, сувенири со мотиви од природните убавини и наследство на Македонија. На посетителите им беа делени проспектии каталози од македонските туристички центри: Охрид, Дојран, Маврово, Пелистер, Преспа, Попова Шапка, Скопје.

„Саемската изложба на ЕХПО– 2000, ја искористивме на најдобар можен начин, да им ја претставиме нашата татковина на посетителите. Пред македонскиот штанд имаше долги редици на посетители, кои сакаа да ги вкусат нашите специјалитети, да купат од грнчарските производи и од сувенирите. Исто така, покажаа голем интерес за посета на туристичките, летни и зимски центри. Така, на најдобар можен начин, од повеќе аспекти на посетителите, им ја доближивме Република Македонија“, потврди Манојил Јаковлески.“

drezden2штандот на „Ново Скопје“ на „Експо 2000“

(продолжува)

Целата книга:

https://drive.google.com/file/d/1iCYJJXWCxHwU4QBowt7jBymD9VHMuvAO/view?fbclid=IwAR00xUlk9SOLzmKsvkZl0Rw4aDz0xnIwPP2f_Xq0jcku9QapmkdjpGsRtTM

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.