Среда, 06 Ноември 2019   
Александаровата обсесија на Каракала

CARACALLAАлександаровата обсесија на Каракала

 

Септимој Север бил римски император и основач на династијата Север. Римските легии стационирани на Дунав, меѓу кои и Петтата Македонска легија, му помагаат да дојде на тронот на Рим. Како награда за подршката, населението на Панонија и Либија (од каде потекнува) добиваат римско граѓанство, а Александрија добива широка автономија. Со империјата владее од 193 до 211 година од нашата ера, а го наследува неговиот син Каракала.

Слично како и другите претходни римски императори и Септимиј Север имал посебна почит кон делото на Александар Македонски. Римските и други антички извори соопштуваат дека по неговото доаѓање во Александрија во 199 година, го посетил гробот на Александар. Во гробницата на големиот македонски војсководец, Септимиј Север оставил некои тајни книги, а гробницата на Александар ја запечатил.

Се верува дека при посетата на гробот на Александар во 199 година од н.е., присуствувал и синот на Север, Каракала. Младиот престолонаследник Каракала, кој бил фасциниран од животното дело на македонскиот крал, го сметал Александар за достоен херој чија слава и успех сакал да ја достигне. За време на своето владеење од 211 до 218 г.од н.е., Каракала не бил омилен меѓу народот. Нп го сакаат неховите војници. Во историјата Каракала ќе остане познат не само по едиктот од 212 година со кој им доделил граѓански права на слободните луѓе ширум Римското царство, туку и по својата опседнатост со Александар Македонски.

Во периодот од 213 до 215 година, Каракала водел војна со подунавските племиња Карпи и Јазиги, а потоа и со германските племиња во горниот дел на реката Дунав. Каракала го прифатил суровиот начин на живот на обичните војници и станал еден од нив. Тој ги одбивал удобностите и заедно копал ровови со војниците, ја јадел нивната храна и се стекнал со почита на римскиот легинонер . По триумфот кој во најголем дел  ги постигнал со солиден поткуп, тој се стекнува со титула „ Germanicus Maximus“, но самиот сака да се именува како „Нов Александар“. Сакајќи да ја достигне славата на својот херој, иако неговите квалитети во споредба со Александар биле доста скромни, Каракала го известил Сенатот дека големиот војсководец се преродил во него.

Меѓутоа, обичните почести кон одамна починатиот македонски крал отишле подалеку. Сакајќи да ја претстави својата боженственост пред народот, почнал да се претставува за реинкарнација на Александар Македонски, па наредил да се изработат статуи со две лица. Од едната страна било неговото, а од другата страна лицето на Александар. Исто така, наредил низ целата Римска империја да се подигнат статуи на Александар.

По извршените подготовки за нов воен поход заминува на исток, од каде никогаш не се враќа. Во летото 215 година, императорот Каракала се закотвил во пристаништето на Александрија и го посетил гробот на својот херој:.По влегувањето во гробницата на Александар, врз гробот ја положил својата пурпурна наметка, скапоцениот прстен и други вредносни подароци.

Влегувањето во градот на императорот Каракала како Александар, требало да биде триумфално, За таа цел била воскресната македонската фаланга. Околу 16 000 родени Македонци биле вооружени во воена опрема од времето на  Александар и со борбени слонови.

Меѓутоа, жителите на Александрија се исмевале со оваа александрова обсесија на Каракала, оптужувајќи го за убиството кој го извршил врз сопствниот брат Гета и за инцест со родената мајка Јулија Домна, притоа потенцирајќи дека императорот Каракала ни по достигнувањата ни по ликот и делата никако не можел да биде реинкарнација на за нив божествениот Александар.

Исмевањето на жителите на Александрија тешко го погодува Каракала, кој наредил да се соберат младите луѓе на градскиот стадион, наводно за да би биле регрутирани во нова македонска фаланга. Откако ги собрал на едно место, на својата војска и наредил да ги убијат сите до еден. Во овој масовен колеж биле убиени околу 20.000 души.

По овие настани, Каракала го утврдил резиденцијалниот кварт во кој биле сместени палатите и јавните објекти на главната администрација. Од тој момент панатаму овој простор ќе биде попознат како Брукхеум. Со оглед на обсесијата на Каракала со Александар, се смета дека при утврдувањето на ово дел од градот во внатрешноста останала и гробницата на Александар. По убиството на Каракала од страна на неговиот телохранител во 217 година од н.е. подолг период никакви извори не го споменуваат гровот на Александар.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.