|
|
Најстарите траги на живот во Овчеполската котлина |
Најстарите траги на живот во Овчеполската котлина се од периодот на неолитот. Археолошки истражувања потврдуваат, дека на овие простори се развила една от наjстарите неолитни култури на балканскиот полуостров, неолитната култура Амзабегово. Таа е составена од неколку локалитета Барутница до с. Амзабегово, Руг Баир до с. Горобинци, Алин дол до с. Немањици и др. Најрепрезeнтативниот од нив е секако локалитетот Барутница до с. Анзабегово од којшто културата го носи името. Локалитетот Барутница кај с. Анзабегово е откриен за време на рекогностицирање од Народниот музеј Штип извршено со Воислав Санев во 1959 г. Се наоѓа на 2 км југозападно од селото, расположен на левата страна долж железничката пруга Велес-Кочани. Теренот представува блага падина на ридот што се издига во селото и во правец на југозапад се спушта до рекичката позната како Орловска, односно Светиниколска река ( В. Санев 2009). Во летните месеци на 1969-1970 г. се спроведени две кампањи на археолошки изтражувања, од мешовитата експедиција на универзитетот „Калифорнија” од Лос Анџелес и Смитскиот институт од една страна и Штипскиот музеј од друга страна. Научен раководител на проектот бил Милутин Гарашин, професор на филозофскиот факултет во Белград – катедра археологија, додека теренски раководител бил тогагашниот директор на Штипскиот музеј Воислав Санев. Резултатите на тие истражувања се објавени во две монографии. Едната е објавена во организација на UCLA под редакција на М. Гимбутас во 1976 , а другата ја издава Националната установа Завод за заштита на спомениците на култура и музеј – Штип во 2009 г. Изтражувањата во Анзабегово во тоа време представуваа најголеми истражувачки работи што дотогаш биле превземани на еден праисториски локалитет ( В. Санев 2009). Целта на Југословенската експедиција беше да се откопа и истражи поголема површина на теренот, како една целина, која зафака девет квадрати со димензии од 5*5м. Со тоа беше овозможено да се утврдат повеќе детаљи за стратографијата на локалитетот на еден поширок простор на централниот дел на населбата, а исто така да се издвојат евентуални недвижни објекти. Со тоа се доби комплектна слика на целокупната еволуција на раниот и средниот неолит во источна Македонија, која дозволува да се определат положбата и значањето на оваа неолитна култура во рамките на праисторијата на Балканскиот полуостров и на Југоисточна Европа во целина (В. Санев 2009). Што се однесува до американската екипа, својата работа таа ја концентрираше на помали сонди што беа поставени на периферијата на населбата, со единствена цел да се фиксираат нејзиниот обем и простирање ( В. Санев 2009). Ископувањето е изведено строго стратoграфски, со посебно издвојување на сите затворени целини односно куќи и јами со различна големина и намена како и пооделни површини со различен характер и боја на земјата. Тоа даде можност да се разграничи стратиграфијата, како и да се еведентира квантитивниот однос на археолоѓкиот материјал во пооделните слоеви и објекти (куќи и јами). Генералната стратиграфија на локалитетот изгледа вака: а) Анзабегово-Вршник I (а-ц) г) Анзабегово-Вршник IV- винчански период Стратиграфијата на локалитетот Барутница, приложена од Југословенската екипа не се совпаѓа со приложената стратиграфија на Марија Гимбутас и американската екипа. Разликата е во самата периодозација на локалитетот и неговото продолжително постоење. Имено Марија Гимбутас во првиот период на култирата Анзабегово разликува само две подфази – фаза „а„ и фаза „б„. Според подвижниот археолошки материјал поточно керамичните остатоци на локалитетот Барутница, В. Санев определува и трета подфаза - „ц„ на фазата Анза I. Според анализата на керамичниот материјал, кој ќе го представам информативно, стратиграфијата на локалитетот Барутница до с. Анзабегово изгледа по следниов начин - а)Анзабегово-ВршникI(а-ц) б)Анзабегово-ВршникII Култната пластика е разновидна и излегува од шаблонот на традиционалната изведба. Ова најдобро се гледа во изведбата на Големата Мајка од Маџари. Таа е тродимензионална и со иконографски и палеоетнографски белези. Големата Мајка е честата тематика на праисторискиот скулптор. Таа се определува како закрилница на домот, куќата и семејството. Овие фигури специфични за овие простори се датираат во периодот од средниот неолит или 5300 г. п. н. Археолог м-р Горан Динев |