Среда, 01 Јануари 2020   
Доктор ги изгубил своите корени

doktor

Почитуван Докторе, како што знаеш, историјата ја пишувале победниците, но колку и да се труделе да ја преиначат вистината, секогаш зад себе оставале траги на местото на злосторството. Оттогаш многу време поминало и многу води протекле. Сведоците одамна изумреле, дел од трагите се уништени или избледени, а дел од доказите скриени во тајните архиви или длабоко во утробата на земјата. Одвреме, навреме, поедини сведоштва ќе се појават и даваат нова светлина на минатото. Го пополнуваат мозаикот и ни ја откриваат вистината за историското минато.

Меѓутоа, новите сознанија го збунуваат обичниот граѓанин кој познава една друга историја, историја која во време на појавата на нациите ја пишувале големите сили за потребите на нивните освојувачки аспирации. Но, новите сознанија не само што ги збунува обичните граѓани туку и интелектуалците. Сето тоа денес предизвикува повторни поделби кои одат до крајности како на антички Македонци и Македонски Словени. Од една страна се оние кои веруваат во континуитетот на населението во Македонија и кои ја оспоруваат теоријата на масовна преселба на Словените на Балканот во 6 и 7 век и други кои сеуште веруваат во неа, притоа обвинувајќи ги претходните за антиквизација на земјата.

Интересно е што најголем дел од оние кои ја подржуваат теоријата на доселувањето на Словените и се противат на било какви други погледи се токму некои интелектуалци. Всушност тоа се луѓе кои целиот свој живот ја граделе својата професионална кариера токму на таа теорија, а оспорувањето на истата би преставувало оспорување на нивните магистерски или докторски трудови, што од друга страна би го довеле во прашање нивното работно место, титула и општествена позиција. Како што вели еден од познатите историчари од оваа област М.Б „ќе треба уште педесетина години за да се изменат нештата, а тоа е задача на помладите“.

Меѓутоа да се најдат нови докази и да се изменат преку ноќ нештата не е возможно ниту најмалку е лесна задача. Кралската Александриска библиотека во која постоеја податоци за античките Македонци, во неколку наврати е опожарена и конечно била уништена од патријархот Кирил Александриски и грчките христијани во 4 век. Исто така, по неканонското укинување на Охридската архиепископија во 1787 година, грчките свешетеници во Македонија во средината на 19 век уништиле повеќе од 1.500.000 староцрковни ракописи, значајни за историјата на македонскиот народ.

Уште од времето на Филип „барбаринот“ и Александар Македонски, посебно по битката на Херонеја 338 г.п.н.е. стравот кај Грците е огромен. Тој страв останува до денешен ден не само кај нив туку и кај другите кои се плашеле од големината на Македонската Империја. Не случајно по победата на Римјаните во 168 година п.н.е. Македонија беше поделена на 4 мериди (области) на кои им било забрането покрај другото да тргуваат меѓу себе и да склучуваат бракови. Употребувајќи ја својата девиза раздели па владеј, Римјаните го поделија македонскиот народот. Дел од воената и цивилна власт на македонскиот народ била испратена како робје во Рим, дел кој останал бил романизиран, а Македонија која беше претворена во римска провинција стана отскочна даска за романизација на Балканот. Сепак, селското население, повлечено длабоко по планинските населби ја сочува својата традиција и култура.

Слично како и Евреите по неуспешните обиди за востанија (148 г.п н.е,) како единствен отпор против Римската тиранија, македонскиот народ го прифаќа христијанството во втората половина на првиот век.

За време на Второто мисионерско патување, кога се наоѓал во Троада, Апостол Павле имал видение: "Стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: Премини во Македонија и помогни ни!". По доаѓањето на Апостол Павле во Македонија се формираат првите христијански црковни општини во Филипи, Солун и Верија (Бер). Се појавиле три самостојни цркви - "Црквата Филипијска", "Црквата Солунска" и "Црквата Еријска", бидејќи во првиот век така се именувале целосно автокефалните цркви, иако самиот поим автокефалија почнал да се употребува многу подоцна, дури во V век.

Македонија станува отскочна даска за ширење на христијанството кон Европа. Веќе кон крајот на 3 и почетокот на 4 век Стоби станува седиште на епископија. Во 325 година од н.е. епископот од Стоби Будиос учествува на Никејскиот собор. Епископот Никола од Стоби во 451 година учествува на Халкедонскиот собор, додека името на епископот Филип е забележано на надвратникот од влезот на епископската базилика. Позната е епископијата во Хераклеја, чии епископи учествувале на Соборите во Сердика 343, Ефес 449 и Цариград во  553 година. Слично како и во Стоби и Хераклеја и во Скупи постоела епископија.  Првиот познат епископ Парагориус учествувал на соборот во Сердика во 347 година. Тука се епископиите во Баргала и Лихнидос

Според истражувањата на М-р Д. Зајковски од Институтот за национална историја, во 4 век започнува големата поделба во христијанството (на Источно и Западно) и вечната борба на Константинопол со Рим! Римскиот папа Инокентие Први, во 412 г., со цел да го зацврсти влијанието на Рим во Македонија и на целиот Источен Илирик, прогласува Солунски викаријат. Папата прецизно ја определува јурисдикцијата на викаријатот што тогаш ги опфаќал црквите и епископиите во следните  провинции:   Македонија,  Ахаја,  Тесалија, Стар и Нов Епир, Крит, Крајбрежна и Внатрешна Дакија (денешни предели во Романија  и  Бугарија),   Мизија  (Бугарија), Дарданија (Косово и Србија) и провинцијата Праевалитана (делови од Србија, Албанија, Црна Гора).

Со овој потег, иако овие предели, политички му припаѓале на Константинопол, бидејќи тука било Византиското царство, во црковен поглед тие потпаднале под римскиот Папа. Поради ова, Рим и Константинопол ги раскинуваат односите и оттогаш, па се' до 518 г, владее периодот на т.н. акациска шизма“. Константинопол си го враќа приматот откако грчката црковна аминистрација успева да го врати Солунскиот викаријат под свое. Всушност поради Македонија, започнува најголемиот судир и оддалечувањето на Источната од Западната црква, што завршува со денешната поделеност на христијанството на православни и католици.

Во 492 година проримските епископи на Дарданија на чело со Јован од Скупи, зборувајќи за духовните врски со Рим (во кој се наоѓа и гробот на Апостол Павле, основачот на христијанските црковни општини во Македонија), во писмото упатено до папата Геласиј се жалат на грчката администрација. Македонскиот селанац, а подоцна и византиски цар Јустинијан I (527 – 565), роден во селото Таор, Скопско, согледувајќи дека населението во Македонија и северно од неа не е грчко, и дека разликите меѓу Рим и Константинопол  можат да ескалираат во верска војна, формира самостојна црква, со седиште во градот кој сам го подига.  Кога новиот град Јустинијана Прима бил основан во 535 година, неговиот епископ Антист станал и архиепископ на сите диецези во Источен Илирик..

Императорот Јустинијан I, во својата 11 новела од 13 април 535 г. наведува дека во градот кој го подигнал во близина на неговото родно место Таурисиум, ја основал Архиепископијата Јустинијана Прима. Таа била самостојна бидејќи во рангот на автокефалните цркви императорот и го доделил третото место, веднаш по Рим и Константинопол. Можноста од било каков приговор дека е таа државна творба и основана на неканонски начин е отстранета на Петтиот вселенски собор во 553 година кога учесниците ја признаваат и потврдуваат дека Јустинијана Прима според црковниот ред станала канонска црква.

За време на своето владеење, Јустинијан I го обединува царството, гради низ целата империја, но и ја празни државната благајна, што ќе се одрази и на неговите наследници. Сето тоа ќе предизвика немири во империјата. Незадоволната војска на лимесот на Дунав на секој начин ќе гледа да си го наплати долгот, а Балканот станува немирен регион. Истовремено, во 6 и 7 век се јавува религиозно движење против иконите и реликвиите во христијанството, т.н. иконоборство, за да во 8 век стане одреден период државна политика на Византија.

Сите овие случувања ќе се одразат на секојдневниот и верскиот живот во Македонија, но овој темен период воопшто за Балканот, во сите истории се пополнува со теоријата на доаѓањето на Словените. Многумина научници оваа теорија ја оспоруваат и научно укажуваат дека е невозможно толкава маса на народ, да го премине Дунав и да го преплави Балканот и да го асимилира домицилното население. Според нив античките балкански народи, меѓу кои и Македонците, се протословенско население познато уште како Венети. Интересно е што од овој период на територијата на Македонија има малку археолошки артефакти кои го докажуваат присуството на Словените, за разлика од територијата на Грција.

Во овој период се создаваат независни кнежевства кои само делумно ја признаваат власта на Византија, но го користат секој момент за напади и освојување на главниот град на Македонците, Солун. Но, како и да е овој период ќе се одрази врз верскиот живот во Македонија и ќе овозможи појава на еретичкото Богомилско движење  кое потоа ќе постане една од главните движечки сили при формирањето на Самоиловата држава. Истовремено, по смрта на браќата Кирил и Методиј и враќањето на македонскиот апостол Св. Климент во Кутмичевица се создадат услови за враќање на христијанските вредности и заживување на Црквата. Неговото враќање предизвикува вистинска ренесанса  меѓу Македонците. Се градат нови и се обновуваат старите цркви, а се создаваат и неопходните свештеници.

Низ Светиклиментова школа, наречена Охридска книжевна школа или прв Универзитет,  минуваат околу 3.500 ученици. Свети Климент кој бил проповедник, просветител, поет, пишувач, беседник, лекар, агроном и хуманист, од 893 г. станува и прв македонски црковен епископ, кој богослужел на староцрковен јазик, Како организатор на својата Дремвицко-величка епархија тој ги удрил темелите за белезите на денешната црковна организација на Македонската православна црква (МПЦ). Во своите книжевни творби тој се титулирал како: Климент епископ, Климент епископ велички, Климент епископ или само Климент.

Негов главен подвиг и заслуга се во создавањето на првата епархија во која званично, службено се богоспужело на староцрковен македонски јазик. Во неа Македонците добиле народна црква, која била носител на православието и на духовниот живот/ што претставува најголем настан во нивната историја во првата половина на X век. И овој пат погледите се свртени кон гробот на Св. Кирил во Рим, од каде подоцна и Самоил ќе ја добие круната.

За време на Самуиловата држава црквата имала значајно место. Нејзиното седиште се наоѓало на островот Ахил на Преспанското Езеро, поконкретно во езерото Мала Преспа. Поврзувајќи ја самостојноста на Преспанско-охридската црква за култот на Свети Ахилеј, современик на цар Константин Велики и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја 325 г., според тогашните сфаќања, автокефалноста на својата црква Самуил ја засновал на цврсти темели. Изградената базилика посветена на Св. Ахилеј ја имала улогата на прва соборна црква на новосоздадената Архиепископија.

Охридската архиепископија како црква во Самуиловата држава имала самостоен статус. Во својата суверена држава. За тоа сведочат повелбите на василевсот Василиј II, како и подоцнежната преписка на цар Калојан со папата Инокентиј III. Во преписката директно се истакнува дека бараните права биле дадени уште во Самуилово време, па според тоа самостојноста на Охридската архиепископија не треба да се доведува под никакво сомневање. Признавањето пристигнало од Рим, пред Црквата да се подели на Источна и Западна во 1054 г.

Самостојниот статус на Охридската архиепископија јасно се забележува од воведните зборови на втората Василиева повелба - издадена во 1020 г. каде, покрај другото, се вели: "...без да се нарушат границите и наредбите на оние кои владееле пред нас. Бидејќи откако станавме господари на оваа земја, ги зачувавме нејзините права ненарушени, откако ги потврдивме со наши хрисовули и грамоти".

За правниот статус на Охридската архиепископија зборува и секретарот на патријаршијата во Константинопол, протосинѓел и номофилакс на Византија,  Никола - Нил Доксопатрид, кој во својот труд "За патријаршките престоли", напишан за сицилијанскиот крал Рожер II во 1143 г.. нагласува дека Охридската архиепископија е автокефална црква, и во ништо не е потчинета на источните патријархати и на Римската црква.  Од голема важност е и сведоштвото на Теодор Валсамон, човек кој во Константинопол заземал високи функции и бил "ѓакон, номофилакс, хартофилакс и прв во Влахерна", а потоа бил избран за антиохиски патријарх. Тој бил задолжен да изврши ревизија на Номоканонот во XIV наслови, кој бил званичен зборник на Источната црква. Валсамон во Номоканонот ја внел 131 Јустинијанова новела, на која се темелат правата, привилегиите и самостојноста на Архиепископијата Јустинијана Прима. А што се однесува, пак, до црквата која ги ужива правата и привилегиите на Јустинијана Прима, не дозволува никакви сомневања, тоа е единствено Охридската архиепископија, на која Константинополската патријаршија и` признала целосна автокефалност.

Се менуваат државите кои ја завладуваат Македонија, но, иако се менуваат нејзините граници и бројот на епархиите никој, не ја оспорува афтокефалноста на Охридкста архиепископија. Тоа не се случило ниту за време на бугарскиот цар Калојан (1197-1207), ниту по битката кај Клокотница во 1230 г, кога повторно се нашла во рамките на Второто бугарско царство. Охридската архиепископија не била потчинета на Трновската архиепископија.

Слична состојба има и за време српската средновековна држава. По 1345 година, кога бил освоен и најјугоисточниот град на Македонија – Сер,  иако номинално, Архиепископијата ја зачувала својата автокефалност. Во српската држава, по ранг, на прво место била Пеќката патријаршија, потоа Охридската архиепископија и на трето место Скопската митрополија, која всушност прераснала во Архиепископија.

Битно е да се напомене дека во синодските акти на Охридската архиепископија од епохата на архиепископот Хоматијан (1216 - 1234 г), името Македонци се спомнува во повеќе од 50 од нив. Така, во документите  се зборува за човек од село Власто кај Охрид и директно се нагласува дека тој по род е Македонец. Како свештеници Македонци се спомнуваат: Добре од Горни Полог, на служба во с. Ваниста; Драгомир од Еахово, Скопско; Владимир од с. Хоропанион, Прилепско; Константин во с. Власто, Охридско; како ѓакон Горѓи Зајков во Охрид; како отеци Георгиј Влазни (Блаже) во Битола; Михаил Зверја во Прилеп; Михаил Берислав (местото не се спомнува) и др.

Иако отсекогаш постоела тенденција на грчката струја во Вселенската патријаршија да го преземе приматот во црковниот двор и да го избрише македонскиот корен, сепак уште во првата четвртина на XIII век, архиепископ Грк и врвен црковен правник, во документи своерачно потпишани со негова рака, признава и зборува за Македонци. Меѓутоа со потпаѓањето на Македонија под Османлиската империја овие аспирации се зголемуваат во XVI век, кога Грците пројавуваат огромна омраза кон староцрковните македонски икони, богослужбата и воопшто кон писмото, културата и јазикот на македонскиот народ.

Во следните два века, преку силна пропаганда, поткрепена со финансиска подршка, Грците ги елинизираат светогорските манастири меѓу кои  "Иверскиот", "Филотеј" и "Свети Павел". На почетокот Османлиите не ја нарушувале афтокефалноста на Охридската архиепископија и го оставиле Охрид да остане црковна и духовна престолнина на македонскиот народ. Но, по воспоставувањето на посебни односи со Вселенската патријаршија, а потоа и со другите црковни институции во Империјата, тие почнале да ја употребуваат Црквата за спроведување на своите политички интереси.

По клевета на прогрчки владици, на 24 октомври 1676 година Вселенскиот патријарх го сменува Охридскиот архиепископ Теофан и на негово место бил назначен софискиот митрополит Милетиј. Со неговото доаѓање на тронот на Охридската архиепископија започнала поделбата на владиците и свештенството на фанариоти и на автохтонисти. Двете страни половина век се бореле за превласт на тронот на Охридската архиепископија.

Постојат повеќе безуспешни обиди да се уништи Охридската архиепископија. Дури за време на вселенскиот патријарх Самуил (24.5.1763-5.11.1768) грчките фанариоти успеваат во својата намера. Со подршка на воденскиот митрополит Герман, струмичкиот Ананиј, гребенскиот Григориј, сисанскиот Никофор и некои охридски првенци, есента 1766 година, Вселенскиот патријарх Самуил го повикува Арсениј и го принудува под притисок да поднесе оставка на 16 јануари 1767 година. Тој подоцна е затворен во светогорските манастири каде и починал.

Оставката на Арсениј од архиепископскиот трон, подоцна била искористена од Високата Порта која издава Ираде за забрана на административното работење на Охридската архиепископија,  не забранувајки го нејзиното работење со македонската патства, а нејзините епархии и ги доделува на владеење на Цариградската патријаршија.

Ако Јустинијана Прима била призната и потврдена на Петтиот вселенски собор, тогаш Охридската архиепископија била потврдена како наследничка на Јустинијана Прима, тогаш може само со акт донесен на Вселенски собор да биде укината. Таков собор не е одржан, што укажува на фактот дека издаденото Ираде нема правна валидност.

Дека навистина нешто не е во ред укажува фактот дека долго време по издаденото Ираде, во султановите берати, одделно од патријаршиските, биле регистрирани катедрални градови на архиепископијата. Така, во Кодексот на патријархот Кирил од април 1855 година, во специјалниот список на епархиите на Цариградската патријаршија, одделно биле наведени епархиите на Охридската архиепископија.  Станувало збор за следниве епархии: Костурската, Воденската, Струмичката или Тивертиополската, Белградската или Бератската, Гребенската, Мегленската или Могленската, Девронската (Деврон), Велшката (Велиус), Пелагониската или Битолската, Преспанската или Лихнидската и др. Според Иван Снегаров, кој ги корисгел и сознанијата на германскиот научник Гецлер (Dег Раtriachat Ahgrida ѕ. 166), произлегува заедничката констатација дека "со присоединувањето на Охридската архиепископија кон Цариградската патријаршија, таа не била сосема уништена, туку напротив била воспоставена лична унија меѓу неа и Патријаршијата".

Сепак ваквата постапка ќе има тешки последици по македонскиот народ. Под административна управа на Цариградската патријаршија, таа почнала систематски да ги менува епархиските архијереји, кои се залагале за зачувување на автокефалниот статус, особено ако биле од македонско потекло, и на нивно место за владици поставувала Грци. Архијерејите кои се залагале за автокефалниот статус на Охридската архиепископија, биле испраќани во заробеништво, обично на Света Гора, или ги протерувале уште подалеку.

Кон крајот на XVIII и на почетокот на XIX век, грчкиот јазик, писменост и култура се повеќе навлегувал во Македонија. Овој процес главно, се одвивал преку црквата.Забранувајќи ја староцрковната македонска богослужба, тие на местото на дотогашните протопопови поставувале свои заменици или некој вид архијерејски намесници, настојувајќи при тоа населението кое порано било под јурисдикција на Охридската архиепископија, да го оттргнат од негувањето на македонските обичаи и воедно да го внесат грчкопатријаршискиот начин на живеење и комуницирање.

За целосно да се реализира овој процес грчките фанариоти го употребуваат делумно елинизираното македонско конзервативно чорбаџиство, кое веќе воспоставило стопански и културни врски со нив. Тие го прифатиле и го поддржувале грчкото духовно, просветно и културно-етничко влијание, а го презирале својот мајчин јазик како простачки. Иако и самите доволно не го познавале грчкиот јазик, сепак спроведувале елинизација во родната земја и во повеќе случаи биле непријателски настроени кон својот народ.

Решени еднаш за секогаш да ја уништат македонската култура и идентитетот на македонскиот народ, грчките фанариоти и патријаршискиот црковен клер почнале да ги уништуваат книгите, раритетните документи и папирусните примероци од староцрковната македонска писменост. Во 1792 година скопскиот митрополит Захариј издал наредба да се уништат сите книги на староцрковниот јазик од Марковиот манастир, во близина на Скопје. Кон крајот на првата половина на XIX век се изгорени најголем дел од книгите и ракописите. Во Велес уништувањето на старите староцрковни книги започнало во 1841 година, по што наместо богослужба на староцрковен или на македонски народен говорен јазик, велешки митрополит започнал богослужба само на грчки јазик. Уништување на книжевниот фонд имало и во манастирот "Света Богородица", Трескавец, кај Прилеп, во времето на пелагонискиот митрополит Герасим (1833-1853). Со наредба на дебарскиот владика Мелетиј, во 1848/50 година биле уништени многу ракописи и книги од кичевскиот манастир "Света Пречиста".

Во овој период, грчките монаси и свештеници фрлиле во морето многу староцрковни македонски ракописи, книги и пергаменти од Зографскиот манастир на Света Гора. Исто така, и во познатиот манастир "Свети Наум" на Охридското Езеро, грчки игумен уништил многу вредни ракописи и книги. Слично се случувало насекаде каде постоел македонски книжевен фонд. Познатиот македонски преродбеник Јордан Хаџи Константинов - Џинот (1818-1882), револтиран од постапката на грчките свештеници во 1954 г. ќе каже: "За старите наши македонски ракописни книги, ако ги бевме собрале преди 35 години од нашата Македонија и ги поставевме во едно книгохранилиште, ќе имавме една бројка од околу 1.500.000 ракописи".

Пред крајот на Втората светска војна, во 1944 година, во село Врановци е формиран Инцијативен одбор за организирање на Македонската православна црква. На 4 март 1945 година на црковно народен собор е донесена Резолуција за возобновување на неканонски укинатата Охридска архиепископија, како МПЦ. По недоразбирањата со СПЦ, на Вториот македонски црквно-народен собор донесена е одлука за обнова на Свети Климентовата Охридска Архиепископија, како МПЦ, а за мејзин прв епоскоп е избран Доситеј. На 17 јули 1967 година во Охрид бил свикан Третиот црковно-македонски собор на кој на свечана седница во охридската црква Свети Климент ја прогласува МПЦ за афтокефална, а на 12 ноември 2009 година ја додава додавката Охридска архиепископија како директна наследничка на старата Охридска Архиепископија.

Ееее „мој“ Докторе, чудно и жалосно е, што сеуште на почетокот од XXI век, постојат лица кои се нарекуваат Македонци, а кои ги негираат сопствените корени, историја, сопствениот идентитет и ги оправдуваат постапките на Грците, кои извршиле своевиден геноцид врз македонскиот народ.  Доколку е само поради незнаење, нека Ти е простено, но доколку се работи за личен бенефит тогаш Господ нека Ти е напомош. Таквите како Тебе, никогаш нема да го најдат својот душевен мир.

 Tihomir

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.