Среда, 15 Јануари 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Таткото Делче и мајката Рафка, која потекнува од свештеничко семејство, својот син Манојил уште од најрано детство го воспитувале во духот на христијанството. Речиси секоја недела и празник, го носеле во црквата „Св. Огнена Марена“ во родното село Зубовце. Пред куќната икона на света Петка, Манојил со мајкаси, секоја недела и на празници го палеле кандилото, се крстеле и се молеле. Мане бил најрадосен кога доаѓале големите верски празници.

За неговата љубов кон Бога и почитувањето на христијанските обичаии во неговиот дом во гостиварското село Зубовце, авторот на монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, Киро Кипровски, кој и самиот е присутен на низа настани на кои присуствувале и високи свештени лица, ќе забележи:

КУЌАТА СЕ ОСВЕТИ, СЕ ОДРЖА И КОМИТСКА ВЕЧЕР

zuбрегалничкиот митрополит г. Стефан ја освети новата куќа на Манојил

„На местото, каде што се наоѓаше фамилијарната куќа на Јаковлески во Зубовце, Манојил изгради нова. Купи уште две парцели до неа, го зголеми просторот и обезбеди пространо дворно место. На почетокот од јули 1990 година, со сите обичаи и адети, отец Ратко Младеновски, надлежен архиерејски намесник на гостиврското архиерејско намесништво на Полошко-кумановската епархија на МПЦ-ОА, ги освети темелите на семејната куќа и започна изградбата, според планот изработен од дипл. инг. арх. Стевче Матевски, зубовчанец, кој беше и надзорен орган.

zu2Манојил ја започна веселбата и го поведе македонското оро на првата македонска комитска вечер

Изградбата траеше повеќе од една година. На 14 август 1991 година, беше осветена куќата и свечено се всели семејството Јаковлески. Чинот на осветувањето го изврши брегалничкиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Стефан, со благослов на митрополитг. Кирил, надлежен архиереј на Полошко-кумановската епархија на МПЦ-ОА, кој во тој период се наоѓаше во посета на Македонците во САД и Канада.


По осветувањето на куќата, во кое учествуваа и свештенослужители на Полошко-кумановската и на Брегалничката епархија, митрополитот г. Стефан, одржа поздравно слово, со кое на семејството Јаковлески им посака многу здравје, благосостојба и успеси, во новата куќа да си исчекаат свадби, крштевки и веселби.

Потоа се одржа првата Комитска вечер на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, на која присуствуваа околу 1.000 гости. За оваа пригода, домаќинот Манојил покани голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и гости, од повеќе краишта на Македонија, како и пријатели и роднини од Германија, Србија и Бугарија. Меѓу гостите беа: Љубчо Георгиевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски генерален секретар, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Милан Талески, градоначалник на град Скопје, претседател и на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и др. Веселбата на првата Комитска вечер траеше до утринските часови, следниот ден.

zu3

Гостите беа пречекувани по старите македонски обичаи со леб и сол. На фотографијата Манојил ги пречека Љубчо  Георгиевски и Борис Змејковски, претседател и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

ПЕТКОВДЕН - КУЌНА СЛАВА

zub4прослава на Петковден 1993  година во салонот на Манојил Јаковлески

Зубовчани со векови, традиционално ги празнуваат големите верски празници: Божик, Велигден, Илинден, Марена, Духовден, а на многу семејства, куќна слава им е Петковден. И фамилијата Јаковлески го празнува Петковден (27 октомври). Манојил од своите родители ја презеде домашната слава и продолжува да ја слави со сите обичаи.

Секое празнување на Петковден за семејството Јаковлески беше и е исполнето со посебности, со неповторливи настани, кои остануваат за паметење. Во 1993 година, на втората година по осветувањето, во домот на Мане Јаковлески, на Петковден, со своето присуство чест му направија и прославата ја збогатија видни гости, великодостојници на МПЦ, уметници, стопанственици и блиски пријатели и роднини на семејството.

zu5Манојил ги послужува гостите со пијалак

На празнувањето присуствуваа тројца владици на МПЦ: г. Петар, митрополит на Преспанско-пелагониската епархија, г. Тимотеј, митрополит на Кичевско-Дебарската епархија и г. Стефан, митрополит на Брегалничката епархија, Александар Ристовски, вујко на Манојил, поранешен претседател на Општина Гостивар; Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Симеон Гугуловски, првенец на скопската опера и балет; Јонче Христовски, легенда на македонската народна песна; Стефан Доневски - Мајка, бизнисмен од Берлин; Ставре Џиков, судија; Стојан Карајанов, директор на Домот на култура „АСНОМ“ – Гостивар; членови на оркестарот „Бисери“ од Демир Хисар и авторот на монографијава.

Најрасположена беше мајка му на Манојил, Рафаелка, чие потекло беше од свештеничка фамилија. Таа никогаш не доживеала на куќната слава Петковден, да и дојдат тројца владици и толку видни гости. Манојил се погрижи, гостите да ги пречека како што му доликува на секој гостопримлив домаќин, со богата трепеза, разновидни пијалаци, алкохолни и безалкохолни.

ПАРАКЛИС ПОСВЕТЕН НА СВЕТА ПЕТКА

zub6Поглаварот на МПЦ-ОА,  г.г.  Стефан и митрополитот  г. Кирил  со семејството на Манојил Јаковлески

Пред куќата во Зубовце, Манојил изгради параклис, посветен на Света Петка-Параскева, за трајно одбележување на куќната слава Петковден. На 27 октомври 2010 година, параклисот го осветија г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА и г. Кирил, митрополит на Полошко-кумановската епархија на МПЦО-ОА. На осветувањето присуствуваше и Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија. Во чест на осветувањето, домаќинот Манојил приреди свечен ручек со зубовски специјалитети Празнувањето на славата Петковден за семејтвото Јаковлески, како и за гостите беше неповторливо и за паметење.“

zub7претседателот Иванов со семејството на Манојил Јаковлески

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.