Среда, 26 Февруари 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (45)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (45)

„Кога се случи атентатот на претседателот Киро Глигоров (3 октомври 1995 год.), ми се јавуваат и ме прашуваат што мислам: „Дали Мане Јаковлески учествувал и го организирал атентатот?“. Одговорот што им го дадов, ќе го напишам во овој текст. – „Ако учествувал Мане, тогаш и јас сум учествувал! Како не ви е срам, такви гнасотии и глупости на човекот да му импутирате, кога врска со врска нема. Обратно, Мане Јаковлески е човек, кој Македонија ја штити насекаде и ги штити нејзините интереси, како голем патриот, а не предавник, авантурист, криминалец, кој ќе организира атентат врз највисоката институција на Македонија“. Одлучно ги отфрлив инсинуациите и им реков, дека навистина сум запрепастен како амбасадор и како личност.“ – ќе забележи д-р Срѓан Керим, поранешен амбасадор и претседател на генералното собрание на ООН.

Животниот пат на Мане Јаковлевски е исполнет со континуирана борба за исполнување на вековниот сон на македонскиот народ - да има своја слободна и суверена македонска држава. Во текот на борбата за осамостојување и признавање на македонската држава, тој соработувал и имал бројни средби со низа политичари, влијателни личности, како и со обични луѓе од земјата така и од странство. Презентирајќи ја пред нив македонската кауза, македонската култура и традиција, тој неофицијален амбасадор на Македонија стекнал и бројни пријатели. Тие за негвото дело и за него како личност имаа само позитивно мислење.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, авторот Киро Кипровски ќе објави повеќе мислења за Мане од низа видни личности од општествениот живот во земјата.  Меѓу нив е и Д-р Срѓан Керим, поранешен амбасадор и претседател на генералното собрание на ООН, кој за Мане Јаковлевски ќе го каже следното:

kerimСрѓан Керим и Манојил Јаковлески

СОРАБОТКАТА ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА

„Кога се подготвував за прв амбасадор на Република Македонија во СР Германија, читав доста материјали и правев своја четиригодишна програма за активности на Амбасадата во Германија. Притоа бев предупреден, да внимавам на албанската емиграција во Германија и на Задграничниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ. Јас сум човек што не прима здраво за готово, за работи кои не се документирани, паушално кажани и запишани и не дозволив да имам било какви предрасуди во таа смисла. Тогашниот претседател на македонското републичко собрание, Стојан Андов, ми рече дека што се однесува до дијаспората да контактирам само со Атанас Бањански и со никој друг. Во мај 1994 година, дојдов во Германија, се запознав и разговарав со Бањански и му реков, дека имам намера да му се јавам на претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мане Јаковлески, кого не го познавав. Атанас ми рече, ако сакам можеме заедно да одиме, но јас му реков дека нема потреба, ќе му се јавам и ќе договорам средба со него. Меѓутоа, Мане Јаковлески беше побрз, ми се јави и ме праша дали имам намера да доаѓам во Берлин. Секако, му одговорив, дека почесто ќе доаѓам во Берлин, бидејќи перспективата е да биде главен град и во него да се одвиваат главните активности. Исто така, му реков дека сакам да имам работен контакт, за да видам кои се неговите размислувања.

Мане е многу оперативен, конкретен и енергичен човек, кој е од збор и од акција. Такви луѓе најмногу ми одговараат, не сакам луѓе кои многу зборуваат, а ништо не прават, особено оние кои едно зборуваат, а друго работат. Мане е конкретен и секогаш многу конструктивен, спремен за соработка. Се сретнавме и разговаравме. Мане ми рече дека во чест на 8 септември – денот на самостојна Македонија, сака да организира семинир на тема „Македонија, вчера, денес и утре“. Иако, за мене беше доста брзо, сепак се вклучив во активностите, заедно со Европската академија. Семинарот го одржавме во црвената градска куќа, Ротехаус во Берлин, каде ја презентиравме Македонија и македонската кауза. По првата активност што ја организиравме, видов дека јас и Мане, ќе соработуваме конструктивно за доброто на Македонија. Важно беше што е во интерес на Македонија, а не партиска определба. Тој не криеше дека е претставник на ВМРО- ДПМНЕ, ниту пак тоа го ставаше во прв план. Така се покажа и подоцна, кога дојде делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Германија, која тогаш беше во позиција на вон парламентарна партија. Тогаш на Мане му реков дека опозицијата е дел од државата и амбасадата ја чувствува како свој сервис, па како и на секој друг политички фактор во државата им стојам на располагање, со цел да им помогнам да имаат добри разговори во Бундестаг и со претставници на германската држава, а не средбите да им ги организираат луѓе од дијаспората. Нема повеќе дијаспората да ја игра улогата што и е наменета на амбасадата, а од друга страна амбасадата ќе соработува со дијаспората.

Од почеток до крајот на мојот мандат, кој траеше речиси 7 години, Мане Јаковлески беше столб од другата страна, кој постојано помагаше и ми беше на услуга, да организираме се што можеме, поуспешно да ја афирмираме Македонија во Германија. Во тој период, најкрупен настан беше отворањето на амбасадата на Република Македонија во Берлин, која беше прва држава што отвори амбасада во овој град и чинот беше поздравен од највисокото државно раководство на Германија. По повод отворањето на амбасадата, на 1 јули 1997 година, Мане Јаковлески организираше прослава, како сопственик на „Ново Скопје“ и како  претставник на дијаспората. Направивме, се она што можеше од наша страна да биде квалитетно, и на најдобар начин го презентиравме на приемот по повод отворањето на амбасадата, во присуство на над 500 луѓе, од највисоките државни функционери на Германија, на чело со Ханс Дитрих Геншер, министер за надворешни работи на Германија, градоначалникот на Берлин, Динкен, како и неколку министри на сојузната влада. И овој пат, повторно покажавме, како се соработува за доброто на Република Македонија, без оглед на тоа која партија е на власт или во опозиција.

„Ново Скопје“ беше практично, ако така симболично можам да се изразам, втората амбасада на Македонија во Берлин, Германија. Браќата Мане и Гојко, беа отворени за соработка, пред се со Мане. Гојко не сакаше да се експонира, меѓутоа, секогаш кога ќе го поканев беше присутен. Иако, Македонија на Берлинскиот конгрес беше отпишана од Балканот, од картата на Европа, заедно, среде Берлин покажавме, дека таа била историска заблуда, а во 21 век се случува спротивното. И велам, Мане и „Ново Скопје“ секогаш организираа топол, културен, достоен и срдечен прием, на било кој висок претставник на Македонија, дојден во Берлин. На Киро Глигоров, како прв претседател на Република Македонија; на Борис Трајковски, како втор претседател; Стојан Андов, претседател на Собранието на Република Македонија; Тито Петковски, исто така, како претседател на Собранието на Македонија; Љубчо Георгиевски, како премиер на Владата на Република Македонија; министрите Доста Димовска, Љубомир Данилов Фрчкоски, Димитар Бузлевски и на други министри во владата. Нема кој не бил од раководните луѓе на Македонија во „ Ново Скопје“ и со нас на разговори за афирмација на Македонија во Германија и запознавање на германската јавност со Македонија и македонската стварност. Да не зборувам за заедничкиот пречек, на голем број македонски уметници и на колку сликари им организиравме изложби, во познати изложебни салони во Берлин. На македонската женска репрезентација во „Ново Скопје“, заеднички им приредивме прием, по повод освојувањето на 7-то место во светот. Со други зборови кажано, со Мане Јаковлески за тие 7 години соработувавме и покажавме, како треба тоа да се прави за Македонија. Плус да не заборавам за приемите на германските политичари, на членови на Бундестагот, на министри, на државни секретари, на функционери во Министерството за надворешни работи. Сите тие доаѓаа во „Ново Скопје“, не само да јадат и да пијат, иако секогаш имаше вкусни македонски специјалитети и пијалаци, туку поентата беше поводот секогаш да се искористи за сериозни политички разговори и за контакти. Дури и германските амбасадори што одеа во Македонија, доаѓаа во „Ново Скопје“ на разговори и средби.

Навистина на Курфурстедам, ако нешто тешко ми паднало за време на мојот мандат и подоцна, како министер, беше тоа што „Ново Скопје“ престана да работи. Се изгуби еден голем непресушен извор на македонскиот дух среде Берлин, во Германија. „Ново Скопје“ најмалку беше ресторан, а најмногу беше извор на македонскиот дух во Германија, среде Берлин и само така можеше да се шири една реална и добра слика за нашата Македонија, за нашата кауза, за нашето место во Европа.

Колку само средби организиравме на тема, зашто Македонија треба да биде во НАТО и во Европската унија, пред 20 години. Ние не зборувавме за сега актуелни работи, туку за нешто што го отворило патот, кон она што и денес Македонија, за жал го нема постигнато.

Но, треба да истакнам дека квалитетно и систематски била презентирана вистината за Македонија и за афирмација на сите нејзини вредности на германските простори. Тука, улогата историски останува на Мане Јаковлески, која е неизбришлива и висока.

Во оваа прилика, ќе споменам една чудна и мачна работа за мене. Кога се случи атентатот на претседателот Киро Глигоров (3 октомври 1995 год.), ми се јавуваат и ме прашуваат што мислам: „Дали Мане Јаковлески учествувал и го организирал атентатот?“. Одговорот што им го дадов, ќе го напишам во овој текст. – „Ако учествувал Мане, тогаш и јас сум учествувал! Како не ви е срам, такви гнасотии и глупости на човекот да му импутирате, кога врска со врска нема. Обратно, Мане Јаковлески е човек, кој Македонија ја штити насекаде и ги штити нејзините интереси, како голем патриот, а не предавник, авантурист, криминалец, кој ќе организира атентат врз највисоката институција на Македонија“. Одлучно ги отфрлив инсинуациите и им реков, дека навистина сум запрепастен како амбасадор и како личност.

Со Мане Јаковлески, за секогаш останавме верни на македонската кауза и ништо не дозволуваме да ја помати и да го намали нејзиното значење. И уште нешто што е важно. Нон-стоп се импортираше дека ВМРО-ДПМНЕ и со само тоа и Мане, имаат и антиалбанско расположение и однесување. Тоа морам да го демантирам, бидејќи не е така. Со Мане сум водел безброј разговори и никогаш, ниту еден збор, ниту една буква нема изговорено антиалбански, против Албанците во Македонија. Напротив, секогаш се залагал за соживот и засоработка, меѓу Македонците и Албанците. Токму затоа и нашето пријателство со времето зрееше и стануваше се поцврсто и потемелно, и останува како еден капитал од тоа мое амбасадорување во Германија, бидејќи во него стекнав човек.“

(продолжува)

https://drive.google.com/file/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.