|
|
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (51) |
Мане Јаковлевски има голем број пријатели како од Македонија така и во другите земји. Еден од „странците“ со кого се продлабочува македонско-германското пријателство е Матијас Дорнфелд. Тој е германски новинар кој се чуствувал како член на семејството на Мане Јаковлевски. Ова пријателство кое се изградило со текот на годините, како што вели Матијас не беше само за еден ден, туку е за секогаш „Un amigo para siempre“. Матијас Дорнфелд Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, за пријателството и заедничјата соработка на разни проекти, покрај многуте пријатели, пишува и Матијас Дорнфелд. Сеќавајќи се на почетокот на пријателството, на соработката, на пријатните мигови поминати со својот пријател во ресторанот во Берлин и во неговиот дом во Зубовце, Матијас во својот осврт за Мане вели: „Мане го запознав во 1994 година, на настанот организиран од македонската дијаспора во Александерплац, во Берлин. Веднаш добро се разбравме и спонтано развивме заеднички проекти за Македонија во Германија и германско-македонски односи. Првиот резултат од ова блиско пријателство, беше организирање на церемонијата, за одбележување на националниот празник на неговата земја, 8-ми септември во Schoneberg Town Hall во Берлин, поранешна резиденција на градоначалникот на (Западен) Берлин. Покрај амбасадорот на Република Македонија во Бон, Срѓан Керим, учествуваа високи гости од политиката, економијата, дипломатијата и науката. Главниот гостин на вечерта беше Петар Темелковски. Медиумите известуваа опширно. Оваа традиција се одржуваше до преместувањето на македонската амбасада од Бон во Берлин, во 1997 година. По настаните во општината Шенеберг, конференциите се одржаа во Европската академија во Берлин. Покрај тоа, во оваа институција организирав, заедно со Мане, и бројни предавања од претседатели, премиери и други политичари од јужна Европа. Бевме активно поддржани во активностите од тогашниот директор на Академијата, проф. д-р мед. Stratenschulte. Со Мане ја презентиравме Македонија на меѓународната туристичка берза во Берлин и на филмскиот фестивал, го основавме здружението за германско-македонско пријателство, кое постои и денес. Организиравме изложби, предавања и летни фестивали. Ова здружение се сметаше, заедно од најпочитуваните институции во Берлин. Мане покажа голем патриотизам во сите овие активности и финансиски придонесе за организирање на настаните. Бројни гости беа нагостени во ресторанот „Ново Скопје“ Берлин, како еден од најстарите ресторани на Kurfurstendamm. До затворањето, тој важеше за неофицијална Амбасада на Република Македонија во Берлин. Штета е што овој ресторан повеќе не постои, бидејќи таму сум поминал многу прекрасни часови со Мане и неговиот тим. Бев, исто така, многу тажен што по затворањето на ресторанот, Мане се врати во својата татковина. Редовно на Мане му бев гостин и во Скопје, но и во неговото родно село Зубовце. Заедно пешачевме по планините, одевме во Галичник, Маврово и Охрид, јадевме скара и го пиевме прекрасното македонското вино. Се чувствував како член од семејството на чичко Мане. Исто така, присуствував на свадбата на неговата ќерка, Билјана. Неодамна, тесно соработувавме на презентацијата на Музејот на Холокаустот на Евреите во Скопје и поканивме бројни гости. Со нетрпение очекувам да реализираме уште многу проекти со Мане и сеуште уживам во неговото пријателство. Un amigo para siempre (Пријател засекогаш)“ (продолжува) Цела книга: https://drive.google.com/file/ |