|
|
Името по Првата светска војна Македонија, а денес!? |
Името по Првата светска војна Македонија, а денес!? Во периодот кога Македонија се соочува со тешка борба со невидливиот непријател познат како Коронавирус или Covid 19, континуирано на прес конференции или на разни дебатни емисии по повод состојбата, преставниците на власта од социјалдемократскиот сојуз наместо да се фокусираат на актуелниот проблем, тие се такмичат кој повеќе ќе го изговори нелагално наметнато име на земјата, спротивно на вољата на граѓаните изразена на референдум – Република Северна Македонија. Во историјата воопшто или многу малку е познат терминот Северна Македонија. Така да дури и по поделбата на Македонија по Балканските и Првата светска војна, територијата која била окупирана од српската армија била од нив нарекувана Македонија. Белград во првите години по Првата светска војна, пред да биде санкционирана поделбата на Македонија и да ја нарекува Јужна Србија или Вардарска бановина, пишува за настани во Македонија, како свдба во Македонија, за Македонскиот фронт, за враќање на македонски бегалци и т.н. Белградскиот двонеделник „Илустровани лист“ („Илустровани лист – Ilustrirani list“ Година I у Београду, 10. V - 25. V 1920 број 7.) на страна бр. 5 обајавува две фотографии од Македонија. Првата „Од Македонија: враќање на бегалците во урнатото село Ивени“ која ја снимил г. Драг. Глишич и втората фотографика „На Македонскиот фронт: српски логор под котата 1212“ исто така снимена од г. Драг. Глишич, академ. Сликар. Од описот на самите фотографии се гледа дека дека белградскиот „Илустриран лист“ без проблем го употребува името Македонија и дека за т.н. Солунски фронт го користи вистинското има кое го употребувале и српските војници, а тоа „Македонски фронт“. Во истиот двонеделник на страна бр. 7 можеме да видинме каква ќе биде тогашната летна мода, но и низ фотографии како изгледала свадба во Македонија. Под наслов „Сватови во Македонија“ дадени се шест фотографии на кои се гледа: 1 Со музичари на чело сватовите одат во црква; 2. Невестата на коњ поаѓа на венчавање; 3. Сватовите стигнаа пред црква, а жените слегуваат од запрежните коли; 4. Пред куќата на младоженецот, децата го чекаат враќањето на сватовите; 5. Веселба по венчавањето – женско коло: 6. Машко коло. Од ова може да се види дека ни со војна, окупаторите не можеа така лесно да ни го сменат името, ама затоа Заевистите во време на мир им го дадоа името на Грците само за да се влезе во НАТО. Но кога веќе еднаш си дал нешто некому, сега ќе треба да им го дадеш јазикот и историјата на Бугарите за да можат да добијат влез во ЕУ, која патем стои на климави нозе и ако не се справи со Корона вирусот и економската криза може да се распадне. |