Среда, 29 Април 2020   
Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (4)

goce-delcev

Во Билтенот од март-април 1942 година, отпечатена е цела статија за Гоце Делчев, а по повод на 39 годишнината од неговот загинување. Во нејзе во куси црти е прикажан животниот и борбениот пат на Г. Делчев, при што, посебен акцент е ставен на чистата национална компонента на автохтоноста на македонското револуционерно движење против обидите на бугарската врхушка истото да го стави под своја контрола.

Во тој обид, во статија многу успешно идеалите на Гоце од предилинденскиот период да станат идеали и на народноослободителната војна. Во контекстот на ова, во статијата е запишано следново:

„Идеалот на великиот македонски борец и револуционер Гоце Делчев, денес е идеал на најшироките македонски слоеви, кои пишкајат под јаремот на фашистката окупација. Борбата за тој велик идеал, борбата за една вистинска слободна Македонија, денеска највисоко го поставуе Партијата на македонскиот народ, Комунистичката партија...Ете зошто, на денот на смртта на великиот македонски револуционер и апостол на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, Комунистичката партија смело го издига неговото славно Илинденско знаме и ги кали под него, како македонскиот, така и сите други поробени народи во Македонија за извојување на слободна Македонија, заедничка слободна татковина на сите...Напред, за исполнување на тој завет и слава на великиот македонски револуционер Гоце Делчев“.

Во истиот Билтен, во статијата под наслов:

„Вториот сеславјански митинг“, одржан во Москава на 4 и 5 амприл 1942 година, посебно внимание е посветено на културното минато на Македонците,  со посебен акцент на делото на Кирил и Методиј и на Килент и Наум, кои трајно и достоинствено го издигнаа барјакот на писменоста на целиот словенски свет. Во тој стил, во текстот се укажува дека македонскиот народ треба да биде горд што дал вакви великани од средниот век. Но, притоа, се прави паралела и со делото на Гоце Делчев и другите македонски револуционери, со кои, исто, сите Македонци требало да се гордееме, бидејќи:

„Ние, Македонците не се срамиме од својот род, зашто нашиот народ роди великани како Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Карев, Сандански и го извлече на свои плеќи великото Илинденско востание, а нека германската „виша“ раса ни покаже колку такви востанија има во својата историја“.

Во последната статија од Билтенот на ПК на КПЈ за Македонија, озаглавена како „Целта на фашистичкото оземлуење“, а посветена на аграрното прашање во Македонија, посебно се потенцира дека тоа никогаш за време на турското ропство не било решено во интерес на Македонците. Во статијата се укажувало дека само преку револуција и оружена борба селаните можеле да ја земат земјата во свои раце. Единствено револуционерната организација имала правилен пристап кон ова прашање и настојувала, во рамките на своите можности, да воведе некаков баланс со турските феудалци. Во текстот, во врска со ова, е запишано на следново:

„На кај това решение на аграрното прашање во Македонија водеше и револуционерната борба на македонскиот народ под раководството на неговите велики синови-Делчев, Груев, Сандански и др.“

Со пиетет и доследна почит кон Гоце пишува и весникот на тетовската партиска организација „Неделен Весник“ од јули 1942 година. Во статијата под наслов :

„Животот на македонскиот народ под бугарски фашистички окупатор стануе потежок“, се зборува за наметнатиот фашистички режим на Бугарија во Македонија и тешкиот живот на Македонците кои поради нивниот отпор кон окупацијата жестоко бил казнуван, суден и ликвидиран. Но, во продолжение од текстот, се укажува дека кон сите ови злодела македонскиот народ нема да трае, бидејќи: „тој насекаде се дига на борба за изгонуене на фашистките окупатори. Негојте најарни синови и ќерки нарамија веќе пушки и ја наставуват борбата за идеалите на најголемите македонски борци и герој Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Јане Сандански, Димо Х. Димов, Влахов и др.“.

Продолжува

Goce Delcev1

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.