|
|
Фотографии од Македонија објавени во 1920 година |
Листајќи ги страниците на белградскиот двонеделник „Илустровани лист“ („Илустровани лист – Ilustrirani list“, неколку броеви кои излегуваат во текот на летото 1920 година, наидуваме на повеќе фотографии од Македонија, сликани за време и по завршување на Првата светска војна. Во најголем дел од фотографиите се наведува дека се снимени на територијата на Македонија. Веќе во белградскиот двонеделник „Илустровани лист“ бр 8 од 26. V - 10. VI 1920 година на страна 4 можеме да видиме голем собир на граѓаните на Битола кои даваат подршка за присоединувањето на Риека на кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Македонците од секогаш поддржувале балканска федерација, преку која поделена Македонија би се обединила. Многу малку е познато дека Риека, која беше во рамките на Австроунгарија, по Првата светска војна беше формирана како независна држава. Имено, во октомври 1918 година војската на кралството СХС влезе во Риека. Тоа ќе предизвика тензија со Италија и под притисок на дел од италијанското население, подоцна во Риека ќе влезат со меѓународен мандат војските на Италија, Франција, Британија и САД. Во 1919 година, кога на Мировната конференција во Париз Риека и е доделена на кралството СХС, италијанскиот песник и авантурист Габриеле Д’Анунцио надвор од званичната политика на Италија започнува поход со 200 италијани на Риека. По пристигнувањето во градот ним им се приклучил и италијански гарнизон и потоа заедно ги протерале останатите сојузнички војски. Гледајќи дека италијанската влада не сака да оди против договорот во Париз, Д’Анунцио во август 1920 година прогласува Италијанска управа во Кварнер со единствен устав (Кварнерска повелба). Во меѓувреме Италија и СХС го потпишуваат Рапалскиот договор за формирање Независна држава Риека. Тоа не го признава Д’Анунцио и ќе заврши со војна со Италија. По поразот тој ќе го предаде градот во декември 1920 година и Независната држава Риека, која ќе ја признаат големите сил,и ќе постои де факто 1 година, додека де јуре 4 години. Приказната завршува во 1924 година кога со Римската спогодба Риека им припаѓа на Италија, а Сушак на СХС, Ова е уште еден пример кога наместо кон Солун вниманието на Белград било насочено кон запад. Во „Илустрованиот лист“ број 11 од 1920 година на страна 4, наоѓаме фотографија под која пишува Совиќ прво српско ослободено село во Македонија. Инаку Совиќ е македонско село сместено на сверозападните падини на планината Ниџе, југоисточно од Битола, на денешната граница меѓу Македонија и Грција. По пробојот на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна Совиќ било прво ослободено село од сојузничките сили. По повод промоцијата на книгата “100 години од првата детска болница во Велес” од истакнатиот новинар, публицист, романописец и истражувач, Јосиф Џочков, беше кажано дека „ ... во далечната 1919 година, во периодот по Првата светска војна Велес бил домаќин на американската докторка Ета Греј од Болниците на Американските жени која со својот тим несебично помагала на населението. Од локалниот персонал бил ангажиран велешанецот д-р Панче Васков. Според записите болницата се наоѓала во тогашната турска касарна. Во тоа време големите центри како Белград и Загреб имале слични болници но во Велес била најдобро опремена од технички аспект и со доволен број на медицински персонал.“ Во тој контекст, еве една фотографијата снимена од г-ѓицата Стефка Гочевиќ, фотограф од Велес, која е направена по повод свечаното отварање на детската болница во Велес основана од страна на американската мисија и објавена во „Илустровани лист“, бр. 13, од август 1920 година, на страна 4. По првата светска војна имаше голем број напуштени деца чии родители беа однесени од виорот на војната. Дел од нив беа згрижени под државна заштита во дом во Битола. Во истиот број 13 на белградскиот двонеделник на страна 6 можеме да ја видиме фотографијата на Л. Чермила, фотограф од Битола, на кој се гледаат голема група на напуштени деца која ги згрижуваат новите окупаторски власти на кралството СХС. Во белградскиот Илусртован лист број 14 од август 1920 година, на страна 5 објавена е фотографија од С. Јовановиќ под наслов „Артилерија во приправност; за време на нашето анстапување низ Македонија.
И во овој случај се покажува дека српските војници, новинари, фотографи, точно знаеја за постоењето на македонскиот народ, како и за вековното име на земјата низ која минуваа – Македонија, која нивните политичари подоцна го сменат во Јужна Србија и Вардарска бановина. Интерсена фотографија сретнуваме во Илустираниот лист на страна 10 од истиот број 14 од август 1920 година. Таа преставува живописна фотографија на која се гледаат Роми-чергари во околината на Битола, снимена од битолски фотограф.
И последната фотографија која ја одбравме е од Илустрованиот лист бр 15 од септември 1920 година објавена на страна 5, снимена од г. Драг. В. Протиќ. На неа се гледаат „учители и учителки од кривопаланечкиот срез, округ кумановски, кои како аматери повремено приредуваат претстави со хуманитарен карактер. И оваа фотографија е објавена под наслов „Учители од Македонија како глумци аматери“. Навистина е збунувачки, ако во периодот по Првата светска војна за овој дел од окупирана територија се говори за Македонија, како во српските, така во грчките и во бугарските весници, како денес се оспорува македонското име. Нема ама баш никој право тоа да го смени. Дури и сегашното наметнато Република Северна Македонија мора да биде краткотрајно и да се врати вистинското Република Македонија.. |