Среда, 13 Мај 2020   
Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (6)

0000

Името на Гоце било инспирација за пишување на текстови и во весникот на Кумановската партиска организација „Октобрис“, од октомври 1942 година. Во него јасно и храбро е истакнато дека борците на македонските партизански одреди и сите припадници на народноослободителното движење, треба да го следат патот по кој одел за време на револуционерниот период до 1903 година големиот стратег, гениј и личност со безвременско значење–Гоце Делчев.

Правејќи паралела на минатото со него и со периодот на НОВ, во весникот како заклучна констатација е истакнато следново: „По ступалке на Гоцета Делчевога, Груевога, Санданскога, Питу Гулегова уз пуну подршку на Комунистичку партију улегнуев у борбу македонски партизани, бестрашни борци против фашиски окупатори и народни издајице. У борбу, сас крв и пламен, родује се слободна Македонија...“.

Името на Г. Делчев е вешто искомпонирано и вметнато во текстот и на весникот “Народен Глас“, весник на Народно-ослободителниот фронт за Прилеп и Прилепско, од 28 јануари 1943 година. Во статијата под наслов: „По повод на сраженијето кај Прилепскиот манастир“, на 20.12.1942 година, експлицитно и јасно е укажано на фактот дека „борците–народните комити“ од одредот Ѓорче Петров“, оваа битка успешно ја извојувале затоа што биле напоени со идеалите и вербата што тие во себе ја носеле од поранешните револуционери од Илинденскиот период. За тоа сведочат зборовите на командантот на одредот, кој, по победата, пред насобраните и построени борци, во говорот што го одржал пред нив, се навратил на Илинденскиот период со следниве зборови:

„Четиријесе години се навршуват откако стотици и стотици славни борци, синој на македонскио народ, во борба за народното дело ги дадоја и ги дават својте животи.Четиријесе години се леј крвта за слободата на Македонија. Скоро четиријесе години се навршуват откако нашите славни дејсци, Гоце Делчев, Даме Груев, јане Сандански, Питу Гулев, Пере Тошев, Ѓорче Петров и друзи, со својето геројство и пожртвованост ни покажаја пато на борбата за слобода и независимост на македонскио народ“.

Со истиот пиетет и должно почитување кон делото на Г. Делчев се пишува и во статијата на весникот „Народна Борба“, орган на Втората македонска народноослободителна ударна бригада, од 1 декември 1943 година. Во статијата јасно и прецизно е укажано дека вооружената борба во Македонија за време на Втората светска војна, е само логично продолжение на борбите што се воделе во Македонија последните педесетина години. Во тој смисол, во статијата егзактно е потенцирано и следново:

„Како резултат на тија половина векови борби дојде формирањето на денешната М.Н.О.В. И наистина, ние ќе го продолжиме делото на нашиот голем учител Гоце Делчев, кој вика: Македонија ќе добие слобода само преко свое внатрешно вооружено востание, ако сите се соберем во единиците на МНОВ и поведиме решителна борба против окупаторите и нивните слуги“.

Мислата на Гоце Делчев: „Слободата на македонскиот народ лежи во неговото внатрешно востание“ претставува стожерна мисловна идеја и основна поттикнувачка цел која требало да биде огоромен мотивациски набој за сите борци на Македонската војска за време на Вторат светска војна. Околу оваа мисла на Гоце се врзува и текстот објавен во весникот „Глас“, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија за Втората област од јануари 1944 година. Во статијата под наслов: „Нашиот Пат“, успешно е синтетизирана народноослободителната борба во Македонија како продолжение на идеалите на Илинденците, чија завршница за создавање на македонска држава, требало да се реализира за време на Втората светска војна.

Во истиот јануарски број, но во друга статија под наслов: „Конференција на А.В.Н.О. на Југославија“, повторно се споменува Гоце Делчев, но сега само како дообјаснување по изборот на Димитар Влахов за потпретседател на АВНОЈ. Имено, како што пишува во текстот:

„Еден од шесте изабрани подпреседници е и нашиот сонародник Димитар Влахов, заслужен борец за слободата на Македонија и верен последовател на Гоце Делчев и Крушевската Република, а кој не нас преставува во Свесловенскио комитет во Москва“.

Во статијата „Значението на Манифестот и некој приговори на него“, објавена во весникот „Илинденски пат“ од февруари-март 1944 година, исцрпно е анализирана суштината на Манифестот на ГШ на НОВ и ПО за Македонија за вооруженото востание и програмата за разрешување на македонското прашање по ослободувањето на Македонија. И во оваа прилика неизоставно се споменува Г. Делчев, кое име се користи за да му се укаже на македонскиот народ и тој: „да оди по патот на својте славни традиции и наставуејќи ја борбата на Гоцета, Илинденското востание и Сандански, соуме да се снајде во денешното положение, да ја грабне пушката и да се цел дигни на општо народно востание против фашистките окупатори и нифните бугарски и албански измеќари. Со пушка во раци он денес си ја спечалуе својата слобода“.

Продолжува

 5.8

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.