Среда, 01 Јули 2020   
Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина

2.0.0

Лоза е списание на македонската емиграција во Бугарија, што се појавил во 1892 година во Софија како орган на Младата македонска книжевна дружина.

Списанието „Лоза“ се појавува откако во Солун пропаднал уште еден обид на Македонците за создавање на свој културен центар. Дел од соработниците на солунското списание „Книжици за прочит“ се преориентирале во кругот на „Лоза“. Меѓу нив се: Ѓорче Петров, Антон Поп Стоилов, Ефтим Спространов и други. Меѓу соработниците на „Лоза“ се и: Коста Шахов, Георги Баласчев, Петар Поп Арсов и други.

Уште во првиот број на „Лоза“, преку воведната статија е објавена програмата на Лозарите. Мотото на Софокле е ставено во почетокот на воведникот, и гласи:

Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина.

Повикувајќи се на големиот покоен Македонец, баронот Костадин Бели (непознат за нашата историографија), кој во 1838 година од Виена упатил јавен апел до своите Македонци, Редакцијата на списанието цитира еден голем пасус, кој го претставува текстот на тој апел. Потоа Редакцијата продолжува:

Благодарејќи на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се изнасобрани севозможни надворешни елементи ... Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила - сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој.

Во петтиот број на списанието, од мај 1894 година, се појавуваат посмртно стиховите на Прличев „До ослободителот на робјето“. Во истиот број објавен е краткиот напис на Ѓорче Петров „Да се здружиме“, во кој отворено ги повикува Македонците на вооружена борба. Ѓорче Петров, потпишан со псевдонимот Николаев, се повикува на оној фамозен член бр. 23 од Берлинскиот договор од 1878 година, со кој Турција се обврзува во Македонија да пристапи кон реформи. Петров пишува:

Положбата за нас Македонците во текот на овие последни години уште повеќе е влошена. Од една страна најинтелигентното население од Македонија се губи чувствително под несносниот ред и се голта од соседните ослободени земји; од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце ... си ги напуштаат домовите, оставаат пусто сè и заминуваат во странство; од трета страна, многубројни убиства речиси секој ден се извршуваат таму од незаузданите разбојници... ојни убиства речиси секој ден се извршуваат таму од незаузданите разбојници...

Ѓорче Петров, кој настапувал како теоретичар на македонската револуција, овие свои мисли подоцна ги разработува во својот „Бунтовник“ (1898-1899).

Официјалната бугарска јавност уште по првиот број на излегување на списанието „Лоза“ ја препознала антибугарската тенденција, и фрлила анатема врз Лозарите. Во весникот „Свобода“, официјален орган на бугарската влада, го коментира појавувањето на „Лоза“ и подвлекува дека јазикот што се користи е македонското наречје.

Бугарската влада на Стефан Стамболов, познат бескрупулозен македонофоб и јавен прогонувач на Македонците во Бугарија, е главна тема на брошурата на Петар Поп Арсов „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Петар Поп Арсов е еден од уредниците и активни соработници на „Лоза“, кој пишувал под псевдонимот Вардарски.

Ѓорче Петров и Крсте Петков Мисирков на Лозарите им припишале димензија на историска видовитост, кои први проговориле јавно за потребата Македонците, самите со свои сили да си ја извојуваат победата.

Наводи

 „Свобода“, број 744, с. 3, од 18 февруари 1892 година

Користена литература

Гане Тодоровски, Македонската книжевност во 19 век, Наша книга, Скопје, 1990 година

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.