Среда, 08 Јули 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

1.0.6

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното другарство трае со децении, а нив ги поврзува многу работи, но најмногу патриотизмот - љубовта кон татковината. Кога се заедно, нивните разговори почнуваат и завршуваат за македонското прашање, за историјата, за иднината на македонскиот народ и неговата држава, за партијата  ВМРО ДПМНЕ.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, Милче Милошевски за повеќедецениското другарување со Мане вели:

„Од кога знам за себе, знам и за Манојил. Заедно, како деца, почнавме да играме, да се дружиме и таа дружбата трае со децении, до денешни дни, и ќе трае додека сме живи. Најраното детство го минувавме во родното Зубовце, во полето, по падинките, во Ново Село, на Шар Планина, заедно со уште неколкумина врсници. Деновите ни беа исполнети со играње фудбал, трчање, детски игри (челик, џамлии, прескокување), работевме на поле, ги чувавме бостаните.

Деновите кои ги минувавме заедно ни беа незаборавни, а другарството нераскинливо. Како што растевме, така и дружбата ја зацврстувавме, видиците ни се ширеа, а во нашите души се будеше македонскиот патриотизам. Манојил многу рано, замина на печалба во З. Берлин, Германија, во ресторанот на  братму Гојко. Кога си замина не разжалости. Меѓутоа, контактите ги одржувавме, а понекогаш се слушавме и по телефон. Такви беа времињата, немаше мобилни телефони, компјутери, технологијата беше многу назад, заостаната. Во такви лоши услови, се снаоѓавме и кога ќе добиевме писмо од Германија, се радувавме со денови, а со другарите го читавме по неколку пати. Потоа, уште десеттина дена ни минуваа, да го напишеме писмото, да одговориме на прашањата, да поставиме нови. Секако, најинтересно ни беше што многу работи ги осознавме од големиот град - Берлин. По неколку години, Манојил почна да доаѓа, па средбите ни беа почести. Разговаравме како возрасни„ зрели“ луѓе, почнавме да одиме во кафеани низ Гостивар, во кои се забавувавме и се дружевме. Некаде на полноќ, летно и есено време, тајните разговори ги водевме кај фудбалското игралиште. Таму немаше никој и во мир разговаравме, се додека не се раздени. Понекогаш се собиравме во помошните простории на куќата на таткому на Манојил, кај Јаковлески, а најчесто кај мене. Разговорите почнуваа и завршуваа за македонското прашање, за историјата, за иднината, за злосторствата што окупаторите ги вршеле врз македонскиот народ, за Илинден и Илинденците, за македонскиот патриотизам, затоа на кој начин Македонија може да ги обедини сите три дела и да биде цела и самостојна држава. Како да ја сакаме Македонија и да ја пренесуваме љубовта кај младите и кај другите. На разговорите, слободно можам да речам, Манојил ни ги отвораше очите за Македонија. Во училиште, многу малку или пак воопшто не учевме за македонскиот патриотизам. Многу научивме од раскажувањата на Манојил, за угнетувањата на Македонците низ вековите и за нерамноправноста што Македонците ја имаа во заедничката држава. Секое доаѓање на Манојил од Берлин, за нас беше посебен празник. Ќе научевме многу повеќе за Македонија, за светските и европските превирања, за воените и другите политики на големите светски сили, а знаењето што ќе го добиевме, ни ги топлеше срцата.

На почетокот од седумдесеттите години на 20 век, Манојил за една недела со автомобил, мене и уште тројца другари, не прошета низ цела Македонија. Првите три дена ги минавме во: Ресен, Битола, Прилеп, Кавдарци, Ваташа, Гевгелија и Велес, а следните три дена ги посетивме градовите од источниот дел на Македонија: Струмица, Штип, Кочани... Тоа ни беше посебно доживување, за се што видовме и запознавме. Посетивме многу историски, културни, спортски и други објекти, а во вечерните часови одевме на корзо.

Во тие години, во Македонија корзото беше на цена и можност да се запознае најубавиот свет на градот. Сепак ми останаа неколку незаборавни доживувања. Во Ресен имаше матурска вечер. Се појавивме на влезната врата, а матурантите срдечно, не поканија да им бидеме гости. Атмосферата беше величенствена, останавме час - два, тие не запираа, но ние моравме да го продолжиме патувањето. Прекрасно ни беше. Во близина на селото Ваташа, кавадаречко, ноќевавме во автомобилот среде нива. Утрото кога се раздени, два – тројца селани, кои по ладот дошле да поработат на нивата, не разбудија и ни рекоа што побрзо да го напуштиме местото, бидејќи кога ќе дојдат селаните ќе ни го одземат возилото со германски регистерски таблици, бидејќи на Германците биле алергични уште од времето на Втората светска војна.

На почетокот од 80 – тите години на 20 век, Манојил со семејството се врати од Берлин, да живее во Зубовце, а во Гостивар го отвори ресторанот „Солун“. Во ресторанот внесе нов угостителски стил, со неколку видови на македонски специјалитети, со разновидни гарнири, додатоци на храна, богата винска карта, амбинет, македонска музика, хигиена, со еден збор се беше нај... нај... и беше најпосетен. Ние многу се радувавме, што нашиот другар, ќе биде постојано со нас. Во неделата, два – три пати ги држевме политичките кружоци. Но, по една година, на една од средбите, Манојил ни соопшти дека повеќе не може да го издржи некоректниот однос на власта, пак ќе мора да се враќа назад во Германија. Контролите беа постојани и неиздржливи, казните непримерни, а повеќето биле кога немало зашто да се казни, отколку да се казни. Единствена цел на власта беше, Манојил да го избркаат, да го затвори ресторанот, целта ја остварија. Манојил повторно замина на печалба во Берлин. На сите ни беше тешко, но врската ја продолживме.

Неговите другари, бевме негови јатаци во реализацијата на планот за формирање на ВМРО – ДПМНЕ во 1990 г. Уште  пред официјалното формирање, бевме запознати со идејата и вклучени во придобивање на симпатизери. Состаноците на иницијативниот одбор за формирање на партијата, ги одржувавме во куќата на Манојил во Гостивар, на вториот кат, над ресторанот „Солун“. На почетокот се собиравме одвај десетмина, а како одминуваа деновите просториите стануваа претесни. Оснивачкото собрание го одржавме во големата сала на Спомен домот на културата „АСНОМ“ во Гостивар, која беше преполна, а на сите нас срцето ни беше исполнето. Потоа, одевме во Тетово и Кичево, да им помогнеме на нашите браќа, во одржување на основачкото собрание за нивниот град.

Нашето другарство трае и ќе трае се до гроба, а најмногу не поврза македонскиот патриотизам. Заедно со Манојил учествував на многу состаноци, протести, вмровски прослави, трибни, митинзи, а на некои од нив, посебно на поширокото гостиварско подрачје учествував во организацијата.

Чест е да си другар и да другаруваш со Манојил, голем патриот, филантроп, хуманист, човек од акција. Благодарение на неговата иницијатива, ангажирање во активностите, со парична и друга помош, нашето Зубовце се разубави.

На крајот сакам посебно да кажам, другарувањето со Манојил започна заради идејата за Македонија и продолжуваме во иднина, заради нас и заради нашите деца и внуци.“

2.2.7

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.