|
|
Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација! |
Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од македонскиот мислител и деец Чедо Цветановски, директор на Центарот за немилитаристички стратешки истражувања – ЦЕНЕСИ, кои наскоро ќе бидат објавени во книга. Повод за книгата на Чедо Цветановски “Струшкиот аманет за Македонизмот” е четврт векот од упокојувањето на Владимир Бурич, водечки поет и мислител во руската поезија и филозофија од втората половина на 20-тиот век. Но како директен повод за објавата на „Струшкиот аманет” вели Чедо Цветановски (слика лево) претставува неодамнешниот разговорот на Васко Ефтов со Велимир Абрамович во емисијата „Во Центар“. Во истата белградскиот гостин изнесе неколку а што е најважно и неточни деталји за Малтешките разговори на врвната светска интелектуална елита, како и за Малтешкиот договор на американскиот претседател Џ. Буш и советскиот лидер М. Горбачов. Треба да напоменеме дека малтешкото советување на 150-члената рускојазична со 150-члената англојазична елита и’ претходи на средбата на американскиот и советскиот лидер, и го подготвува нивниот договор. Од 750 страници од овој Договор, како што самиот признава В. Абрамович, тој прочитал само неколку страници, што му ги дал московскиот познаник. И добро е што во емисијата В. Ефтов му дозволи најотворено да зборува за своите индиректни сознанија за ова исклучително важно советување и средба. Убедени сме дека „Струшкиот аманет за македонизмот“ дава многу поширок, подлабок – а што е најважно и точен и директен увид од учесник на таа конференција – во македонизацијата на врвната светска интелектуална елита и повеќе нема да претставува табу-тема за македонските мислечки кругови. Од моите разговори со него, вклучително и оние водени во деновите пред неговата смрт, на 26ти август 1994-та, и од неговите зборови за македонизмот, настана обврската да средам и публикувам дел од тие разговори, вели македонскиот деец Чедо Цветановски. Зошто се неговите зборови важни за нас македонците? Можеби и затоа што Владимир Бурич е учесник на фамозната конференција на 150 руски и 150 англо-саксонски научници во Малта во 1989 во време на едно глобално кршење и престројување на светската политика, филозофија и историја. И имено токму Бурич ги пренесува заклучоците на Малтешката конференција, посебно оној, од исклучителна важност за нас Македонците: “Светската цивилизација ја заплетка македонската судбина и таа и ќе ја одплетка. Затоа што светската цивилизација е длабоко завлезена во македонизмот. И без македонизмот не може да направи ни чекор напред, освен кон својата пропаст.” – вели Бурич на коференција во Малта. За предисторијатот на учеството на Владимир Бурич на конференцијата во Малта 1989, Чедо Цветановски ни ги пренесува искажувањата на рускиот мислител и македонољубец. 82“Имено кога во 80-те гдини почнаа јасно да се гледаат знаците на демографската хаварија и сеопшта катастрофа, на Московската Политехника се одржаа две советувања на кои беа собрани по околу 2.000 водечки представници на тогашната и партиска и непартиска интелегенција. Ние таму беседевме за тоа како да се обезбеди опстанокот на словенските народи во пост-комунистичкиот свет, и како да се спаси човештвото и планетата од уништувањето. Моите искажувања и предлози ме издигнаа во кругот на 150-члената руска, советска делегација на научници која со 150-члената американско-англосаксонска делегација научници се сретна на Малта. Поточно укотвени на бродовите до нејзините брегови, мудрувавме како да опстане општеството во пост-граѓанскиот свет и како воопшто да се спаси човештвото. Моите формулации и решенија радо се прифаќаа и ми беше драго дека умните луѓе го ценат моето мислење. Така што од име на учесниците на конференцијата можам јасно и гласно да кажам дека еден од заклучоците на конференцијата во Малта беше: Светската цивилизација ја заплетка македонската судбина и таа и ќе ја одплетка. Затоа што светската цивилизација е длабока завлезена во македонизмот. И без македонизмот не може да направи ни чекор напред, освен кон својата пропаст.” Дека оваа дефиниција на Бурич е вистинскиот заклучок на конференцијата во Малта, вели Чедо Цветановски, потврдува и фактот дека од име на Лазар Мојсов, оваа порака дословно и јавно ја повтори неговиот внук од сестра Љ. Велјанов. Тоа го потврдува и фактот дека Л. Мојсов учествувал на советувањето на Малта. Според моите проучување на истото пписуствувале и Б. Конески и К. Црвенковски, забележува Цветановски. Во книгата полна со детали за работата и делото на Владимир Бурич изнесуваме неколку мислења посебно интересни за нас Македонците. “Безбедноста и идниот опстанок на Македонија е дефинитивен факт. И таа зависи само од вас Македонците. Најмногу од вашата вродена еластичност. Никогаш не заборавајте дека колку што сте му потребни на Западот толку сте му потребни и на Истокот. Оти поради империјалниот баласт ниту Русија, а ниту САД и Англија, како ни Франција и Германија нема да можат да го реактуализираат македонизмот туку тоа го правите самите вие. Но Македонците не треба да забораваат дека Македонија и македонизмот не им припаѓа само ним. Не се само тие нивни наследници туку тие им припаѓаат во прв ред на словенските но и на другите европски народи. Јас на пример сметам и дека Македонскиот јазик ќе го заеме своето старо место како есперанто меѓу словенските народи. Најголемиот словенски јазик – рускиот – не може да ја ига таа улога поради великодржавната оптовареност. Затоа јас подготвувам да напишам книга за Македонија и македонизмот. Јас во руските библиотеки веќе набележав и систематизирав 400 библиографски единици за мојата книга. Сред нив ги предпочитам изданијата од 18-ти и 19-ти век. Посебно ги ценам записките на руските научници кои за потребите на руските воени центри ги проучувале Средно-Азиските предели и историја. И притоа се допреле до градбите, животот и историјата на народот што настанал од војските на Александар Македонски. Од современите, актуелни изданија, ги ценам трудовите на етно-генетскиот круг во Душанбе (Таџикистан), а во прв ред истражувањето на В. Иванов “За јазикот на Ариевците” врз основа на табличките на Гордион. Сметам дека прашањето за наводната “безбуквеност” на македонската цивилизација да го решавам во зачудувачката сличност меѓу словенските и санскритскиот јазик, како што велеше В. Белински. Значи Македонизмот е сеевропски и мојата книга има за цел да ја открие вистинската историја на македонската држава и цивилизација како општословенски и општоевропски темел и наследство, а уште повеќе како спас од надоаѓачката катастрофа.” За жал ненавремената смрт го спречи големиот руски мислител и пријател на Македонија Владимир Бурич во комплетирањето на книгата за Македонија. И тоа ќе остане аманет за учените Македонци од оваа генерација да го довршат тоа дело. Значи Македонштината е вечна и потврдена од страна на врвната светска „мислечка фаланга“. И затоа анти-Македонците кои ниту биле на Малта ја атакуваат Малта со извртување на нејзините заклучоци каде што Македонизмот уште еднаш се потврди дека бил, е, и ќе остане вечен, како придобивка на човечката цивилизација. Затоа разни квази-интелектуалци атакуваат и ја извртуваат Малта 1989, затоа што заклучоците на историската конференција го потврдија Македонизмот еднаш и засекогаш што го потврдуваат и записите на нејзин директен учесник. Книгата на Чедо Цветановски посветена на Владимир Бурич ќе биде печатена на македонски, руски и англиски јазик и ќе биде поделена на сите преживеани учесници на конференцијата на Малта која се одржа во 1989-та година како и по светски библиотеки и пријатели на Македонија. За информации во врска со предстоечкото објавување на книгата од авторот Чедо Цветановски. Книгата завршува со краток избор од поезијата на Бурич, со која и го завршуваме овој напис. А за пригодноста на оваа песна во време на разјарениот анти-национален глобализам – и која го пренесува чувството на многумина од сегашните генерациии на сите народи во време кога тие насетуваат дека тивко и без борба можат да станат последна ветка на своите вековни лози – ќе ви стане јасно кога ќе ја прочитате. |