Среда, 12 Август 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (66)

1.0.6

„Нашиот сограѓанин Манојил Мане Јаковлески, од гостиварското село Зубовце, во 1969 година, на 18 – годишна возраст, замина на печалба во тогашниот Западен Берлин, СР Германија, на неколку месеци, а таму остана со децении, до денешни дни. Повод за да гостува во емисијата „Разговори со повод“ на брановите на Радио Гостивар, беше неодамнешната неотповиклива оставка, што ја поднесе од мошне значајната функција во партијата, претседател на Централниот задграничен комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Берлин. – се вели во кусата најава на новинарот и уредник Киро Кипроски пред почетокот на емисијата водена на радио Гостивар во 1996 година.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе интерјуа кои Мане ги има дадено за печатените и електронските медими. Меѓу нив е интервјуто дадено за радио Гостивар на 16.10.1996 година  Во емисијата, „Разговори со повод“ , покрај причините за оставката, Мане говори и за тоа како го гледа „Духовното обединување на Македонците“. Во ова интервју дадено на почетокот од осамостојувањето на земјата, во првите години на повеќепартискиот систем, по првите несогласувања во партијата, Мане во разговорот Кипровски ќе каже:

Што ве натера да поднесете неотповиклива оставка од претседател, односно координатор на сите задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ, кои што дејствуваат на трите континенти: Европа, Австралија и Америка и бележат забележителни успеси?

- Постојат повеќе причини. Чашата се полнеше, се преполни и се излеа. Повеќе не можев да ја толерирам неодговорноста, тромоста, неергичноста на „врхушката“ на партијата во Скопје, пред се, на претседателот Љубчо Георгиевски и на потпретседателката Доста Димовска, во разрешувањето на проблемите од персонална и од друга природа, на кои постојано им укажував.

Прво би сакал, да ги запознаам Вашите слушатели со активностите на задграничниот комитет од самото формирање, а потоа ќе одговорам и на конкретното прашање. Од самото формирање на задграничните комитети на ВМРО – ДПМНЕ во светот, па се до денес, имаа јасна и чиста биографија. Без претерување, тие беа и сеуште се совест на Македонците надвор од Македонија, беа моторот на сите случувања меѓу македонската дијаспора. Во оваа прилика, ќе истакнам само мал дел од многуте активности што ги организиравме, а беа масовно посетувани и ставија печат на дејствувањето на вмровските комитети. Оганизиравме над стотина мирни демонстрации за признавање на Македонија под уставното име – Република Македонија, до членките на Европската унија и до други држави во светот, испраќавме апели за нејзино признавање, одржавме неколку средби со Министерствата за надворешни работи во земјите, каде што Македонците престојуваат и се на времена работа, организиравме хуманитарни акции за собирање на облека, медицинска опрема, лекови и парични средства за повеќе населени места во Македонија, како и други активности.

Задграничните комитети секаде беа присутни, како директни организатори или како соорганизатори. Искрен да бидам, многу пати бев против, тие да се споменуваат во јавноста како соорганизатори, бидејќи стравував дека ќе бидеме погрешно сфатени од државите домаќини, каде ги организиравме мирните демонстрации. Задграничните комитети, всушност, беа вистинските организатори и никој друг! Тука, би сакал посебно да ги споменам претседателствата на македонските одбори во Средна, Северна и Јужна Германија, при што голем придонес даваа Драшко Антов, уредник на емисијата на македонски јазик на германското радио Келн, д-р  Иван Митев, прв претседател на Обединет Македонци за Европа, д-р Томислав Лукаров, како и многу други македонски патриоти.

Повод да поднесам неотповиклива оставка од функцијата координатор на сите задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ во светот, беше несогласувањето со Борис Змејковски, генерален секретар на ВМРО - ДПМНЕ. Упатував отворени критики и до претседателот Љубчо Георгиевски и до потпретседателката Доста Димовска. Од нив барав, Змејковски да се повлече од работа во фирмата на Радомировиќ (за мене фирма на КОС) или да се смени од функцијата генерален секретар. Според сознанијата што ги добивавме од блиски соработници, угледни вмровци, а ни се потврдија и со наша комуникација, дојдовме до констатација дека Змејкоски, работејки за Радомировиќи прави штета на партијата. Раководството не презеде никакви мерки, по моите и укажувањата на задграничниот комитет. Претпоставував дека можеби го поддржуваат и затоа поднесов оставка. Меѓутоа, останувам член на ВМРО -ДПМНЕ, бидејќи сум еден од основачите на партијата.

Како беше формирано ВМРО-ДПМНЕ?

- Пред да се одржи основачкото собрание на ВМРО ДПМНЕ, на 17 јуни 1990година, во Домот на млади „25 мај“ во Скопје, во Берлин се одржа консултативен состанок, на кој присуствувавме: Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Стево Доневски – Мајка и јас. На состанокот разговаравме за потребата и оправданоста од формирање на демократска национална партија во Македонија. Сите ги прифативме програмските насоки за дејствување на партијата, што ги изнесе нејзиниот идеолог Драган Богдановски. Исто така, по негов предлог, се донесе одлука да се одржи уште еден консултативен состанок, на кој ќе присуствуваат и претставници од Македонија, кои се планираше да ја раководат партијата. Неколку дена подоцна, Драган Богдановски не информира дека состанокот ќе се одржи во Минхен и дека од Македонија ќе допатуваат :Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски, а од Германија ќе присуствуваат Драган Богдановски и Гојко Јаковлески. Јас не можев да присуствувам на состанокот, бидејќи имав неодложна работа во ресторанот „Ново Скопје“. На состанокот, на предлог на Борис Змејковски било прифатено пред ДПМНЕ да се додаде името на славната ВМРО, па така новоформраната партија да се вика ВМРО Демократска партија за македонско национално единство.

Долги години со Драган Богдановски соработувавте, тој е ваш добар пријател и исто - мисленик. Кој е вашиот коментар за шпекулациите што се појавија во последно време, дека тој, кој инаку е таткото на ВМРО  ДПМНЕ,  работел за повеќе разузнувачки служби? Дали и натаму одржувате контакти со него и какви се вашите сегашни односи?

- Кај нас некој да се нападне, дека работи за некоја разузнавачка служба, беше и остана како нормална работа. Ако, на пример, некој не се согласува со вашите ставови, веднаш почнува да шпекулира дека работите за некоја тајна служба. Тоа е тој македонски синдром, нам ни е натурена таква пропаганда, никој никому да не верува, а на крајот на сите целта ни е иста. Што се однесува до Драган Богдановски, тоа се обични глупости. Тој е жртва на неговата голема љубов кон Македонија. Драган целиот живот го има посветено на Македонија, но направи голема грешка, кога го нападна Љубчо Георгиевски за време на неговиот престој во Америка, по средбата со членови на МПО. Мислам дека Драган реагирашет огаш, поради тоа што не беше поканет на таа средба.

Кај него се појави завист, зашто Љубчо Георгиевски сам да одлучува за некои работи, а тој да не биде прашан. Со тие напади, Богдановски загуби многу, се изолира. Мислам дека е голема штета, што сега не е активен. Пред извесно време ми се јави од Шведска, со една порака и се на тоа остана. Лично,ж би сакал повторно да се активира, да се врати назад во ВМРО - ДПМНЕ, зашто тој е нејзин идеолог.

Според вас, како сметате да се реализира идејата за обединување на Македонија?

- Процесот за обединување на Македонија е започнат, и никој не може да го спречи. Со помош на Грција, светот разбра дека Македонија е поделена. Бугарија настојува да ги убеди САД, дека нема Македонци во Бугарија, а истовремено забранува едно македонско движење на нејзина територија. Ако нема Македонци, тогаш од што се плашат, нека му дозволат на ОМО „Илинден“ да дејствува политички.

Многу значајно за обединувањето на Македонија е духовното обединување, меѓу Македонците од четирите дела на Македонија. Кога тоа ќе се постигне треба организирано сите Македонци, кои живеаат во поробените делови, да почнат самите да си ги бараат своите права, кои се загарантирани со меѓународните договори. Воедно, ќе треба сите да се вклучиме во борбата за европеизација на Балканот, зашто идејата за обединување на Европа е всушност, Европа обединета по региони, а токму тоа е веќе првата фаза за нашето обединување. Јас сум против насилно обединување на Македонија, доста и се на Македонија гробовите од Балканските војни, од Првата и Втората светска војна. Ние, Македонците, треба да го проучиме мирното обединување на Германија, па можеби и Господ ќе им даде ум на нашите соседи да сфатат, дека на сила ништо туѓо вечно не можат да присвојуваат. Во сите овие фази, најважно од се е, стабилна и економски силна Република Македонија, што ќе претставува отскочна штица за наредните процеси, за обединување на целокупна Македонија.

Во последниве неколку месеци, во вашиот ресторан „Ново Скопје“ во Берлин, престојувале повеќе функционери од актуелната власт на СДСМ. Дали тоа значи, дека ќе ја напуштите ВМРО-ДПМНЕ и ќе се приклучите на партијата на власт?

- Ресторанот „Ново Скопје“ постои нешто повеќе од 27 години, во Берлин. За време на едноумието, од страна на тогашната власт, поточно од УДБА, на македонските функционери, директори, дури и на обичните граѓани им беше забранувано да влегуваат во ресторанот. Со самиот почеток на повеќепартискиот живот во Македонија, нашиот ресторан стана најпосетуваното место од нашите луѓе, кои по било кој повод доаѓаат во Берлин – на разни конгреси и саеми за трговија или пак како туристи, што мене посебно ме радува. Секојдневно имам контакти со луѓето што доаѓаат од Македонија. Верувајте, дека и во иднина ќе останеме отворени за сите Македонци, кои што го посетуваат Берлин, без разлика кој на која партија припаѓа.

Во ресторанот „Ново Скопје“, сите се само Македонци. За менување партија никогаш не сум размислувал, зашто за тоа немам потреба. Се додека ми чука моето македонско срце, национално ќе останам определен, се дотогаш додека не се оствари вековниот идеал на Македонците, Македонија да ја видам во своите вистински граници - обедината.“

(продолжува)

3.2.1

Mаноjил Јаковлески и Kиро Кипроски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.