Среда, 26 Август 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (68)

1 1а

„Единството, за кое ВМРО-ДПМНЕ се бори од денот на формирањето до денес, е потреба како леб насушен, особено кога стоиме пред историската можност за остварување на виталните национални интереси, бидејќи сметам дека секое човечко достоинство го има за приоритет достоинството на сопствениот интегритет, кој како со папочна врвца е поврзан со неговиот национален идентит.“ – вели во својот говор Мане Јаковлесвски, еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ, на трибината по повод 20-годишниот јубилеј од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

За жал за транзициската црвена елита никогаш не постоеле национални интереси и борба за подобар квалитет на животот на македонскиот народ. Нив единствено ги интересирале парите и како да ги наполнат сопствените џепови. Тоа се виде веднаш по осамостојувањето на земјата кога беа протива самостојноста на земјата, кога народот го оставија без работа и го раскараа за полесно да владеат. Сето тоа потоа им пвозможи лесно да ги раскрчмат името и идентитетот.

Спротивно на политиката на социјалдемократите, ВМРО ДПМНЕ отсекогаш се залагаше за потребата да се воспостави единство за виталните национални интереси. Тоа може да се види од говорот на Мане Јаковлевски одржан на 17 јуни 2010 година во Дом на млади - МКЦ по повод 20-годишниот јубилеј од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, објавен во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, од авторот Киро Кипровски.

Десет години потоа овој говор не губи од својата актуелност, со оглед на случувањата во земјата (поделеноста на македонскиот народ) и партијата (обидот да се внесе раздор во неа). Време е да се потсетиме колку е важно единството. Во тој контекст, Мане Јаковлесвски еден од основачите на партијата, тогаш по повод 20-годишниот јубилеј ќе каже:

„Ми причинува особена чест да Ве поздравам сите Вас, кои се собравте овде, во оваа сала, за да се потсетиме на некои моменти, кои останаа врежани во срцата и душите на сите чесни патриоти. Се собравме овде, пред големиот јубилеј кој ни претстои, 20 години од формирањето на ВМРО - ДПМНЕ.

Можеме да зборуваме со денови, и се што ќе се каже да не биде доволно, за да се опише љубовта и залагањето на сите Македонци, од времето на Македон, до ден денешен, кои храбро застанаа зад идејата, да се формира држава на македонскиот народ – сон на многу генерации.

Многу од нив ги дадоа животите, за идејата и реалноста, која сега ние ја живееме и со должна почит ја промовираме.

Но за тоа, ова е еден од моментите кога достоинствено можеме да извикаме: „Слава им на сите!“

Да кажам збор – два за историските моменти, за периодот од деведесеттите години на минатиот век, зо што сепак, се и должиме на историјата.

Некои од имињата што ќе ги споменам, може некому нема да му се допаднат, можеби не ги гледа како дел од заедничката идеја, но, без желба за одбрана на било кого, мораме да сфатиме, дека сите се дел од нашата заедничка историја, историја која на ваков или таков начин придонеле, денес да бидеме горди Македонци, чија идеја водилка е МАКЕДОНИЈА и ВМРО!

Овој собир е убава прилика, да се потсетиме на некои моменти поврзани со идејата за формирање на ВМРО - ДПМНЕ, за активностите кои ги презедовме за успешно одржување на основачкото собрание на 17 јуни 1990 година во Скопје, и на основачките собранија ширум Македонија, како и на задграничните комитети, кои останаа врежани во срцата и душите на сите оние, кои го понесоа товарот на формирањето на Партијата.

Паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, означи почеток на еден од најзначајните периоди не само за Европа, туку и за светот. Тоа беше време, кога идеологот на ВМРО - ДПМНЕ, Драган Богдановски, во Шведска, ја подготвуваше програмата за формирање на национална политичка партија, во државата која две години потоа, ќе стане независна Македонија.

Во април 1990 година, Драган Богдановски од Шведска, доаѓа во Берлин, каде не запозна со идејата дека има подготвено програма и статут за партија, која треба да се формира во Македонија. Нe информираше, дека е во постојан контакт со Македонци, кои живеат и работат во Америка, Австралија, Канада, Европа и секако со патриоти од Македонија,кои се подготвени, со заедничка поддршка и координираност, да започнат активности за формирање партија.

По состанокот во Берлин, беше одржан друг состанок во Минхен, на кој беше предложено и усвоено, како префикс на партијата – ДПМНЕ, да стојат четирите свети букви ВМРО. Исто така, беа договорени програмските содржини и цели на партијата, датумот на одржување на Основачкото собрание и начинот, како да се шират вмровските идеали меѓу македонското население. На 17 јуни 1990 година, ден недела, во салата на Домот на млади „25 Мај“ во Скопје, бевме собрани неколку стотини патриоти од сите краеви на Македонија, но и од дијаспората. Организирано дојдоа Македонци од Европа, Америка, Канада, Австралија, за да учествуваат на Основачкото собрание на ВМРО - ДПМНЕ.

Од говорницата беше ветено, дека Македонија ќе има своја армија, своја валута, свои амбасадори, репрезетнација во фудбал, кошарка, ракомет.... со еден збор, ќе ги има сите нишани на една современа европска држава.

Основачкото собрание го отвори Дијана Транталовска, а македонската национална химна ја исполни Јонче Христовски, во придружба на хармониката на Зоран Марковски.

Тогаш говореше првиот претседател на ВМРО -ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, а првиот секретар на ВМРО - ДПМНЕ, Борис Змејковски, го прочита прогласот за формирање на партијата.

Реферат во името на емиграцијата, прочита Гојко Јаковлески.

Основачкото собрание го поздравија: Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн и Панде Мицев од ОМО „Илинден“ од Пиринска Македонија.

По формирањето на ВМРО - ДПМНЕ, партијата со голема брзина почна да формира секции, по сите градови и села низ цела Македонија. Имајќи ги предвид успесите кои беа очевидни, УДБ – а на секаков начин се обидуваше да го попречи ширењето на партијата во Македонија. Сепак, за наша голема радост, ВМРО – ДПМНЕ беше масовно прифатена од македонските граѓани, а најмасовно од младите.

УДБ-а правеше списоци за ликвидација на активисти на ВМРО -ДПМНЕ, со цел да се заплашат граѓаните, но без успех. Наспроти тоа, заканувањата на УДБ-а вродија со реакционен плод, кој само ги охрабри луѓето, повеќе да издржат во понатамошните активности.

На 6 и 7 април 1991 год. во Прилеп, се одржа првиот Конгрес на ВМРО - ДПМНЕ. Во септември 1991 год. во Берлин, ВМРО-ДПМНЕ го одржа првото советување на Македонците од дијаспората, на кое присуствуваа претставници од Европа, Австралија, Канада, Америка, Пиринска и Егејска Македонија. На советувањето во Берлин беше донесена одлука, да се формира Задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а за прв претседател беше избран Драган Богдановски.

Браќа и сестри! Заслуга што денес имаме самостојна, македонска држава имаат и голем број патриоти, кои за жал не се меѓу живите. Затоа, дозволете ми, да им дадам на кратко еден „рапорт“ за состојбата во Македонија.

Упокоени браќа и сестри, борци за самостојна Македонија! Многу вистински Македонци, го продолжија патот, кој го започнавте и го трасиравте токму Вие. Ваша заслуга е што, ВМРО – ДПМНЕ денес е најсилна партија во Македонија.

Претседател на ВМРО – ДПМНЕ и на македонската влада е Никола Груевски, млад патриот, по дедо и татко е од беломорието, по мајка од градот на револуционерите, Штип. Претседател на државава е Ѓорге Иванов, личност која секојдневно ја покажува и докажува својата недвосмилена македонска свест. Речиси сите градоначалници во нашата Македонија, се од ВМРО -ДПМНЕ.

Денес е гордост во Македонија, да си член на ВМРО-ДПМНЕ, а не проклетство за себе и за ближните свои – како што беше во минатото.

Што се однесува до нашиве соседи, сеуште сакаат да ни го променат името, идентитетот, сакаат да сме безимени, не ни ја признаваат Македонската православна црква. За некои наши соседи, времето како да застанало, се однесуваат како да сме во 19, а не во 21 век!

Сепак со едно, со сигурност можам да Ве израдувам! Младиве, на кои и во деведесеттите години на минатиот век, најмногу им верувавме, ја сакаат својата мајка - Македонија и работат за неа, за која и Вие цел живот се боревте. Тие ја знаат историјата, ги знаат грешките што ги правевме сите ние во минатото. Сето тоа ми дава надеж, дека младиве Македонци, нема да дозволат лоша иднина за Македонија! Тие денес се горди Македонци, многу сакаат да слушаат за сите Вас, кои несебично се дадовте во борбата за самостојна Македонија.

Упокоени браќа и сестри, македонскиот народ нема да Ве заборави и секогаш ќе Ве споменува! Вечна Ви слава!!!

Браќа и сестри! Една од најраспространетите синтагми на овие македонски простори, се како е онаа за таканаречениот „синдром на самоуништување" меѓу Македонците. Македонското неединство и поделеност е она, зашто во колективната историска свест на нашиот народ, обично се вели, дека е една од главните причини, што Македонија досега ја немала целосно остварено својата државност.

Таквите подметнувања ги форсираат неколку незрели политичари, со поттикнување на незадоволство, со организирање разни средби, за да не убедуваат дека не е лошо ако го смениме нашето име и друго.

Единството, за кое ВМРО-ДПМНЕ се бори од денот на формирањето до денес, е потреба како леб насушен, особено кога стоиме пред историската можност за остварување на виталните национални интереси, бидејќи сметам дека секое човечко достоинство го има за приоритет достоинството на сопствениот интегритет, кој како со папочна врвца е поврзан со неговиот национален идентит.

Да се расправаме и да полемизираме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија за економија или за култура, тогаш разликите се потребни и корисни, меѓутоа кога е во прашање националниот интерес на Македонија, тука браќа и сестри, мора да има единство, тука мора сите да мислиме исто, со македонска глава водени од македонски интерес.

Македонија ги има сите услови за остварување на националните интереси, а што еуште поважно постои искрена желба, која ја гледаме низ ликот и делата на македонскиот Парламент (барем кај шеесетината пратеници), кај претседателот на државата Иванов и секако во македонската Влада, на чело со нашиот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Никола Груевски!

Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно, некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство, да ни го одземе правото на свое определување. Нашата миславодилка, што ја негуваме години наназад, за да живееме и нашите потомци да живеат со достоинство, години нанапред.

Сега во време на демократија во Европа, ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани болки.Повторно некој сака, да каже дека сме нешто друго. Повторно некој сака, да ни го одземе чувството на среќа. Повторно некој сака, да ни ја фалсификува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата.

Но, ние, на кои ВМРО-ДПМНЕ ни е во срцата, нема да го дозволиме тоа. Ние знаеме дека сме Македонци. Државава, во која живееме и твориме, се вика Македонија и никако поинаку. Обврскана секој од нас е, во овие тешки времиња за Македонија, да му помогнеме, а не да му одмагаме, на нашиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ и премиер на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски, кој со македонско, лавовско срце, полн со енергија, несебично се вложува во напредокот на Македонија и идеологијата на ВМРО - ДПМНЕ.

Се додека Македонија има одважни синови и ќерки, ќе постои и ќе ја има. Ќе не има нас и сите, кои се вложивме за идеалите на Македонија, а со тоа и за идеалите на ВМРО- ДПМНЕ.

Времето на македонските идеалисти, кои ја носат и штитат македонската кауза не завршило. Заради тоа, ќе ве потсетам на зборовите на Илинденецот, д-р Владислав (Славчо) Ковачев, роден во Штип, борец за слободата на Македонија: „Тој што е задоен со сочното македонско млеко од страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен, свесно да стане предавник на Татковината!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија!“

Цела книга: https://drive.google.com/file/d/1iCYJJXWCxHwU4QBowt7jBymD9VHMuvAO/view?

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.