Среда, 02 Септември 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (69)

1 1а

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе говори со кои Мане се има обратено пред членството на ВМРО ДПМНЕ. Меѓу нив е и говорот со кој тој се обраќа на трибината на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Гостивар.

Во него тој говори за тоа што значи да се биде Македонец, за привилегијата да се биде Македонец и за тие кои сакаат да ни го одземат името.

Денес кога петтоколонашите за еден одреден период му ја одзедоа на македонскиот народ привилегија да се биде Македонец, со промена на името на државата без негова согласност, овој говор има тежина. Историјата покажува дека да си Македонец треба да знаеш да го живееш овој период, зошто тој не може да трае вечно. Меѓуто. Исто треба да се знае дека никогаш не треба да заборавиме кои сме, ниту смееме да се откажеме од името, идентитет, јазикот и црквата, од сето она што нашите претци ни го оставиле во аманет да го чуваме.

Промената на името не може да биде вечно, зошто земјата во историјата била секако нарекувана, но сепак името Македонија останало вечно. Жилавиот македонски народ кој живее на таа земја никогаш не се предал. Во говорот кој Мане Јаловлевски го идржал на  10 декември 2010 година на трибината на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Гостивар, тој не потсетува на вечната борба на Македонецот и вели:

„Почитувани сестри и браќа, дами и господа, почитуван професоре Гирески, добравечер!

Ми причинува големо задоволство и чест, што ме удостоивте и ми дадовте прилика, да Ви се обратам на вечерашнава трибина, која ја посветувате на многу значајна тема од нашето секојдневие, секогаш актуелна, посебно во овој политички миг, во време кога од сите страни се прават обиди да не разнебитат, да ни го сменат името, јазикот, идентитетот. Но, македонскиот народ е жилав и ќе успее да се одбрани од сите напади.

Ценетиот професор д-р Ацо Гирески, ќе говори на тема: „Местото на жената во православната црква и значењето на православните празници“

ВМРО –ДПМНЕ како демохристијанска партија, посебно ги почитува и ги цени вековните залагања на МПЦ и нејзиниот голем придонес низ временските ветрометрини да го одбрани македонскиот идентитет и македонскиот јазик, со еден збор да опстои Македонецот до денешен ден. Можеме да зборуваме со месеци и години, и сешто ќе кажеме нема да биде доволно, да се опише љубовта и залагањето на сите Македонци, од времето на Македон, до ден денешен, кои се бореа македонскиот народ да има своја македонска држава. Сонот на многу генерации се оствари, а нашата генерација ја доби привилегијата да ја дочека сопствената држава и воедно презеде голема одговорност да ја сочува, да ја гради и да им ја предаде на идните генерации, со аманет и тие да ја чуваат и да ја градат.

Ова е еден од моментите кога достоинствено и гордо треба да извикнеме: „СЛАВА ИМ НА СИТЕ!“

Што значи да се биде Македонец?

Да се биде Македонец е привилегија! Привилегија на еден грст народ!

Еден грст народ, а сепак огромна нација. Наследници на Филип, на Александар, на Гоце, на Даме, на Карев, на светите Кирил и Методиј, на свети Климент, на свети Наум...

Ние, привилегираните, на плеќи го носиме бремето на една историја, на една цивилизација, на една култура, која од самото постоење е достојна за почит. А токму тоа постоење е детерминанта на постоењето. И токму тоа, не прави горди што сме Македонци, а што значи да се има привилегија?

Да се биде Македонец, значи да научиш да преживееш.

Да се биде Македонец, значи да се биде горд не само на привилегијата, туку и на земјата, која секојдневно ја газиме кога излегуваме од дома, кога шетаме по улица....

Треба да се биде горд на родната грутка со нејзините добри страни, но и со нејзините маани. На нашите привилегирани македонски раце, ја носиме историјата на нашата цивилизација. Аманетот на сите оние горди Македонци, кои го дале својот живот за родната земја.

Да се биде Македонец, значи да се гордееме со нашата Македонска православна црква. Нашиот столб на постоење. Оној столб, Кој со векови наназад не потпира, кога тлото ќе се разниша, за ние сепак да останеме исправени и горди што сме Македонци.

Горди на знамето. Она сонце кое не грее од самото постоење, кое е симбол на тагата и радоста, на секоја македонска генерација. Она исто сонце, кое нија топли душата кога ќе помислиме на Македонија, затоа што во Македонија е најсветло.

Ни го негираат постоењето, а секој од нас на македонски јазик ја прераскажува приказната на генерации и генерации Македонци.

Ни го негираат името, а несвесни дека со тоа се негираат самите себе.

Ние знаеме што значи да се биде Македонец. Ние знаеме која е нашата привилегија. Ние знаеме чие потомство сме. Нашата вера е јака, мирољубива, ненаметната, а нашето срце чисто. Чекориме смело и со кренати глави по Божјиот пат.

Затоа, ние сме Македонци!

Затоа сме горди патриоти кои ја сакаат својата земја!

Има ли нешто поголемо од Македонија, од македонското?!

Немаме потреба ниту од потврдување, ниту од докажување, ниту од признавање.

Ние знаеме кои сме!

Нас, историјата не признала.

Нас, Библијата не спомнала.

Римскиот папа Никола (858-867), пренесувајќи го официјалниот став на Римокатоличката црква, во поглед на приматот на христијанските цркви во Источната и Западната екумена, уште во далечната 859 година изјавил:

„Римската курија за вистински цркви ги смета оние, што беа основани од апостоли“, што значи: македонската, римската, антиохиската и александриската црква. Допрецизирајќи го тој став, папата понатаму вели: „И покрај тоа што цариградските и ерусалимските највисоки црковни големодостојници себеси се нарекуваат патријарси, тие, сепак, немаат такво значење како првите, бидејќи нивните цркви не се уредени од апостоли..!“.

Тоа е вредноста да се биде еден од привилегираните. Да бидеш Македонец по крв, по род, по јазик, писмо и свест.

Своето прво патување надвор од Азија, светиот апостол Павле го направил во Македонија.

Според книгата „Дела на светите апостоли“ кога апостол Павле се наоѓал во Троада, му се јавил на сон Македонец, кој го молел: „ Премини во Македонија и помогни ни!“ и апостол Павле веднаш се оѕвал на македонскиот повик. Уште истиот ден, тој и неговите блиски соработници: Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи, што се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.

Слушателите на апостол Павле биле пред се Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и субсахарско – арапски Грци.

Откако го оставил во Филипи светиот апостол и евангелист Лука, светиот апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун, главниот град на Македонија.

Светиот Јован Златоуст, за односот на апостол Павле кон Македонците, вели: „О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија и Македонците. Тоа е вредноста да се биде еден од привилегираните.“

Народот којшто пред неколку векови, штитејќи ја Европа се кренал против Азија и со силата на своето оружје ја покорил, сега самиот го повикува светиот апостол Павле, за да ја донесе во Македонија големата благовест што се родила во Азија.

Ниту еден народ не може да се надева на блескава иднина, ако нема историско помнење, став за минатото, изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината.

Денес, кога имаме самостојна држава Македонија, некои од надвор потпомогнати од некои наши недораснати политичари, на кои очигледно Македонија не им значи ништо освен личните интереси, сакаат да не обезличат, сакаат да не снема.

Тоа ве уверувам нема да им успее, нема да им успее се додека постои Партија со демохристијански вредности, која ја почитува и знае да ја вреднува придобивката од минатото, знае да ја почитува апостолската црква, нашата македонска црква.

Нема да им успее, и затоа што за претседател го имаме нашиот лидер Никола Груевски, нема да им успее затоа што тој е посветен во одбраната на нашиот идентитет, во одбрана на нашата гордост да останеме тоа што сме, да останеме Македонци.

Мора сите ние, заедно со претседателот Груевски, да работиме за Македонија, за нејзината иднина и перспектива, мораме да ги штитиме интересите на Македонија.

Жените во Македонија, уште од 1990 година па се до денес, иднината на Македонија ја препознаа токму во нашата партија, во ВМРО-ДПМНЕ, од првиот ден на формирањето, во двете децении од постоењето, а така ќе остане и во иднина.

Вие, членовите на Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ, мора да продолжите да работите за Македонија, за таа да биде економски силна, да стане членка на НАТО и ЕУ.

Вие жените, силата на ВМРО- ДПМНЕ, треба да се потсетувате и на тие кои беа убивани, и на тие кои беа испраќани на Голи Оток, во Идризово, во затворот на Солунска Глава, само затоа што сакаа да имаат сопствена држава Македонија, со сопствена Македонска православна црква.

Нашиот аманет, што сите ние мора да го почитуваме и да го пренесуваме на идните поколенија е следен:

МАКЕДОНЕЦ сум, затоа што сум МАКЕДОНЕЦ по род, култура, историја, традиција!

Зборувам MАКЕДОНСКИ!

Ја чувствувам крвта МАКЕДОНСКА во моите вени!

Сум од родот древен на Филип и на Александар!

Сум МАКЕДОНИЈА – земја библиска, една и единствена, од секогаш и засекогаш!

Луѓето се раѓаат, живеат и создаваат со Божји аманет!

Да не ги заборават делата на оние пред себе!

Божји аманет е да остават вредност зад себе, кога веќе ќе нe нема!

Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите!

Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

Вредни сме во светот и вредни сме за светот, се додека го негуваме чувството МАКЕДОНСКО во нас!

Само како МАКЕДОНЦИ, сме вредност за сегашните и идните генерации!

Само како МАКЕДОНЦИ, можеме да го почитуваме другиот и да се грижиме за неговото добро, како што се грижиме за своето!

Името и идентитетот се наша сопственост и светост! Како МАКЕДОНЦИ денес, сме ги наследиле од МАКЕДОНЦИТЕ, нашите предци.

Ги сакам другите, бидејќи го ценам мојот корен.

Го сакам светот, оти ја сакам мојата земја.

Го сакам животот, оти е Божји дар.

Затоа, мои МАКЕДОНЦИ, сестри и браќа со вера во Бога, ве повикувам да се придружите кон овој АМАНЕТ:

- Ни името, ни идентитетот МАКЕДОНСКИ, не се ни проблем ни прашање!

Не се проблем ни за 129 држави во светот.

-ЕУ и НАТО се заедници на достоинствени нации, кои знаат кои се и што се. Само како МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИ, сме придобивка за Европа и светот!

-Под името МАКЕДОНИЈА нe препознаваат на сите меридијани на оваа наша планета, една и единствена, како што и името ние едно и единствено!

Се додека Македонија има одважни синови и ќерки, ќе постои и ќе ја има, ќе не има и сите нас, кои се вложуваме за идеалите на Македонија.

ДА Е ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА!

ДА Е ВЕЧНА ВМРО- ДПМНЕ!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!“ 

1ucesМанојил Јаковлески со учесничките на трибината, со проф. д-р Ацо Гиревски, свештеници и други лица

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.