Среда, 30 Декември 2020   
„Една идеја един живот“ (4)

1ideja

 

Спомените „Една идеја един живот“ од Георги Дукимов, објавени во 1999 година во градот Гоце Делчев (до 1951 година Неврокоп), говорат за македонскиот непокор и борбата за за содавање на обединета и независна македонска држава, како и за првиот македонски процес по Втората светска војна во Пиринска Македонија. Но, и покрај бруталноста на бугарските власти во процесот на превоспитување и бришење на македонската етничка самосвест во бугарските затвори, тоа уште повеќе ги убедувала македонските патриоти во исправноста на нивната ослободителна борба за Македонија.

Спомени на Дукимов треба да бидат отрезнувачки за властите во Софија и Скопје, дека историјата не може да се избрише, дури и со апсење и затварање на Македонците.  Во тоа не може да им помагне ниту забрана да се изучува историја, ниту пак горење на историските читанки. Историјата е колективна меморија, која се пренесува од колено на колено, а таму се вели дека не сме ни Бугари, ни Срби, ни Грци, туку Македонци, кои од секогаш живееле на овие простори. Тоа со декрет неможе да се избрише.

Дека затворите не им биле од помош на Софија во процесот на денационализација и асимилација на македонскиот народ говори Дукумов. Во своите спомени за она што му се случило на македонската група во бугарските затвори по II светска војна, тој ќе забележи:

„Живот пак почна да тече монотоно меѓу четирите ѕида. Во затворот во Неврокоп престојував една година и шест месеци. Тоа продолжи до 2 август 1948 година. Тој свет датум за нас, Македонците, е ден за размислување и обожавање на споменот и саможртвата на Илинден. По повод оваа историска дата ние решивме да празнуваме со сопствена програма. Во 1948 година се појави нов ветер во односите на Југославија со социјалистичкиот табор. За нас сепак Македонија со остана со истите проблеми. Скренување од избраниот пат не можеше да има. Ние ја започнавме прославата со песни. Во затворот загрме гласот на вистината, за која бевме осудени. Следеа рецитации сите во тој дух. Кога го слушнаа тоа, стражарите веднаш истрчаа да не предупредат да ја прекинеме прославата. Но ние продолживме. Дојде главниот надзорник, но ние не прекинавме. Дојде директорот – и него го избркавме. Кога видоа дека се немоќни да не натераат да престанеме, дректорот повика вооружена милиција, која влезе со вперени автомати кон нас. Успееја да не напикаат во самица. Таму бевме турнати еден до друг. Продолживме со рецитирање, кој ги исполнуваше Марин Варадев, а другите тивко пеевме за да сето биде поефектно. Во самицата престојувавме две деноноќија. Младоста е непобедива. Се за татковината! Судбината на робот е сурова. Слушавме за соровоста во Грција и Србија кои беа пријавени, а и во Бугарија имавме несреќа да ја почуствуваме врз нашиот грб. Таа наша постапка ги натера властите да се ослободат од нас, но на таков начин кој ќе се памети долго.. Ќе се сеќаваат нашите деца и внуци. И така нашата трагедија започна на 04.08.1948 година. Рано наутро, в зори, само за 10 – 15 мин. бевме принудени да си го собереме багажот. Ни ги врзаа рацете со јажиња од позади, двајца по двајца. Не натоварија во еден камион како животни и не одвезоа. Никој не знаеше накаде тргнавме. Започна еден голем испит за нас. Бевме должни да го пречекаме и поднесеме со достоинство, како што се велеше во клетвата, која ја дадовме во затворот пред ножот и евангелието.

Од Неврокоп не однесоа во град Разлог. Од таму со воз стигнавме во Пловдив.  Не сместија во една тесна соба, која се викаше „етапно“. Кога ќе си легнеш не можеш да ги истегнеш нозете, а ги креваш на спротивниот ѕид. Тука бевме само 9 луѓе, а останатите - во неврокопскиот затвор: Јусин Кантарџиев,Ангел Каратанов и Спас Шалев. Во текот на денот беше толку жешко што ни недостасиваше воздух и се задушувавме. Беше потребно по цел ден на смени да мавтаме со едно палто за да го оладиме воздухот. Истоштеноста беше голема. Од Пловдив отидовме со воз за Стара Загора. Таму милицијата се однесуваше почовечно. Ни беше дозволенео да си купиме некои работи поради што бевме многу задоволни. Еден милиционер во доверба ни кажа дека ќе не носат во Плевенскиот затвор. Од Стара Загора отидовме во Горна Орјаховица. Таму преноќувавме. Цела ноќ не мигнавме од дрвеници. Следниот ден веќе бевме во Плевенскот затвор. Кога влеговме во затворот останавме запрепастени. Дотогаш не сме виделе таков страшен затвор. Не построиа во еден ред во дворот и започнаа детална проверка на багажот. Не оскврнавија и нас. Чуварите на затворот заканувачки ги тресеа главите. Не поведоа нагоре по железните скали кои водеа кон страшните самачки келии. Не сместија еден по еден во оделни келии, без секакви контакти.  Објаснување немаше од никој за ништо.

Во келијата имаше железно легло со ламарина, масичка, стол и полица на ѕидот. Прозорецот беше мал и високо, така да од него се гледаше само дел од синото небо. На вратата имаше шпионка, преку која не набљудиваа. Таква беше ситуацијата. Нема бог, нема мајка, нема милост. Далеку од родниот крај, Македонија ни беше само во срцата и дали сакавме да ја видиме не знаевме.   Таа не викаше, таа не чекаше и ние требаше да издржиме по цена на сите несреќи и лишувања. Нема пострашна казна од самотијата. Нели поради тоа бугарските џелата го создале тој режим. Нема книги, нема весници. Вистински пекол. Таква е македонската голгота и крстот треба да го понесеш.

Деновите почнаа да се нижат во болна монотонија. Немавме можност да се гледаме. Со никого не разговаравме. Не водеа еден по еден во тоалетот. По извесно време немаше потреба ни да одам, зошто храната беше многу оскудна. Подот на келите беше мозаик. По цел ден крстосуваш напред и назад по една патека со должина од три метра. Не ни дозволуваа во текот на демот да легнеме. Не проверуваа постојано преку шпиунката. Храната беше крајно лоша. Една лажица чорба и неколку парчиња пиперки или зрнца граф, Леб по 250 гр. Таа хронична неухранетост не исцрпуваше многу, Дојде до точка кога седев и посакував да станам ми се темнееше пред очи и паѓав, се додека не ми помине. Веднаш си спомнував дека кога во куќата бев пробирлив кон храната татко ми велеше: „Зошто не си видел глад, да ти се стемнува пред очи“. Тоа ми се случи. Во прево бил мојот татко... .Не смевме да пишуваме или примаме писма. Бевме во целосна изолација! Иако добивавме по 250 гр. на ден, за калење на карактерот го стававме лебот на полицата и цел ден го набљудувавме без да посегнеме по него. Јадевме дури вечерта. Таков ни беше животот со месеци.

Нашите родители не знаеја каде се наоѓаме. Никој не им објаснил... На третиот месец мојата мајка отишла кај судијата Михаил Сматракалев. Таа како и тој е од Горно Броди, го замолила да каже каде сме, за да не посетат. Тој тогаш и кажал дека сме во затворот во Плевен, но ја предупредил никаде да не кажува од каде знае. И така по три месеци, еден ден ги отвараат келиите и еден по еден не однесоа  во собата за посети. Кога отидов таму - што ќе видам. На спротивниот ѕид застанати девет расплакани мајки, со вперени погледи во нас, како да не можат да ги препознаат своите родени деца. Тие просто беа занемени од тоа што го видеа.  Од глад и истоштеност изгледавме како пистиници. Ние исто гледавме во нив и се обидувавме да ги охрабриме, но нашиот изглед беше против нашата желба. Последен во посета дојде Спас Писов.

Тој ненамерно се насмевна, а стражарот го виде и го истера, спречувајќи го да се види со мајка му. Каква суровост! Каква нечовечност! Само тој што поминал низ бугарските затвори во тоа време можел да го почуствува тој ужас, Таму човекот не е ништо. Понижен духовно и физички! По таа трогателна средба со родителите добвме храна од три килограми. Нас не вратија во келиите, а нашите мајки останаа расплакани со мислата дали ќе преживееме и дали ќе се вратиме здрави во своите домови. Тие се вратија назад да однесат поздрави  на гордиот Пирин од неговите деца, оковани за нивното родољибие, со тешки пранги окови по бугарските затвори. По три месеци од посетата на нашите мајки, режимот кон нас се промени. Започнаа да не изведуваат по 15 мин. на прошетка во дворот по „карето“ (место за дневна прошетка),   Се движевме во круг еден по еден, на растојание од 5 – 6 метра, за да не разговараме. Патем стоеше надзорник со помошници, кои внимателно го набљудуваа нашето однесување. Поглед требаше да беде насочен пред нас, во земјата. Никогаш нема да ја заборавам кога првпат не изведоа на прошетка. Некои другари се соблекоа голи до половината, за да ја почуствуваат сончевата топлина. Какви тела се покажаа, особено на оние кои бе пополни, како Лазар Тотин, Спас Писов, Марин Варадев. Беа толку ослабени, така да кожата од телата им висеше како завеси, за кои се проѕираа коските. Како полуживи сенки се влечкавме по „карето“. Само во очите имавме накаков блесок, којшто ја изразуваше жедта за животот. Таа сила можеби ја црпевме од силната вера и убеденоста во исправноста на идејата на кои бевме осудени да им служиме. Тој мачен и нечовечки режим продолжи уште многу месеци....

... Едно утро кон крајот на шестиот месец пред вратат се исправи директорот на затворот и ме праша: „Нешто да кажеш, да се пожалиш?“ Јас му одговорив: Добар сум, нема зошто да се пожалам“. Повеќе прашање немаше. Така една по друга се отвараја сите келиите но  разговор не се слушаше. После разбрав од другарите дека одговорите на прашањата на директорот  биле исти. Никој не молел за милост. Тоа наше држање го разбеснало. Наместо да го смени режимот зошто казната ни беше за 6 месеци, тој ни ја продолжи за уште 3 месеци. Нашето држење го раздразнило и сметал дека не можеме да се поправиме.

По 9 месеци бевме одведени во заедничките келии, но не сместија во различни соби. Тука веќе беше нешто друго. Промената од самотија во заедничка просторија ја сметавме за спас. Брзо се навикнавме на ситуацијата зошто зад себе имавме по две и повеќе години затвор... Се јавивме на родителите. Ни беше дозволено да пишуваме по едно писмо на три месеци и да добиваме по три килограми пакет со храна. Тоа не поддржа, па полека закрепнавме физички.

Заедничките келии беа преполни.... Средината во заедничките келии беше различна по возраст и убедување. Ни претстоеше запознавање еден со друг. Уште од почетокот се чини постоеја негативни предрасуди кон нас, Македонците, Си дозволуваа да не навредуваат, но ние не останувавме должни, особено по националното прашање. Се стремевме да бидеме коректни во однесивањето, но никогаш на сметка на македонскиот народ...

 

... За наше огорченост, меѓу затворениците имаше многу полицајци, кои службувале во Македонија за време на окупацијата во текот на 1941 – 1944 година. Со нив влегувавме во остри спорови. Бевме згрозени од нивните дела. Често бевме навредувани и ни ја пцуеја мајката македонска. Од ваквиот однос душата многу не болеше, зошто таа маченица не ја заслужуваше таа навреда. Тоа уште повеќе не убедуваше во исправноста на нашите идеи. Имавме и различна етничка самосвест.“....“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.