Среда, 30 Декември 2020   
Александар ДОНСКИ : МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ НА БУГАРСКАТА КУЛТУРА

1Donski Александар ДОНСКИ

(ВО ГОЛЕМ БРОЈ ДРЕВНИ ДОКУМЕНТИ, ЗНАЧАЈНИ СЕГМЕНТИ ОД БУГАРСКАТА КУЛТУРА СЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО – МАКЕДОНСКИ!) 

Наспроти денешните артикулации на бугарската анти-македонска пропаганда, според која наводно ние Македонците сме биле „потомци на бугарските турко-монголски ханови“ (кои припаѓале на жолтата раса и од кои мнозина од нив немале ни стапнато во Македонија), во нашата јавност е малку познато дека постојат древни документи и сведоштва во кои значајни сегменти од бугарската култура, се претставени како - македонски!            

Така, на пример, англискиот пате­писец Џон Барбари во 1665 година го посетил градот Пловдив (тогашен Филипо­лис), за кој запишал:

„Градот, што порано се викал Пенерополис, сега се вика Фили­полис, според името на Филип Македонски, кој го основал овој град. Овој град се протега близу до една голема рамнина и се мие од познатата река Хеброс, која сега се нарекува Марица“. (Марија Тодорова,„Англиските патеписци за Бугарија, Софија, 1987).          

Интересно е да се спомне дека од времето на Третата крсто­нос­на војна (крајот на 12. век), на крстоносците градот Пловдив им бил при­кажан како град во - Македонија! Во „Историјата на крсто­нос­ците“, во врска со североисточната граница на Македонија, пишу­ва:

Филипол (Пловдив, з.м.) е богат и познат град, кој е распо­ложен на самиот почеток на Македонија“.         

Спо­ред бугарскиот средновековен учен Григориј Цамблак (14 в.), кој бил ученик на бугарскиот патријарх Евтимие, Плов­див исто така се наоѓал во границите на Македонија (С. Параос, „Народна Вол­ја“, Благоев­град, мај, 1998,с. 3; цит. според автентични извори).           

Францускиот патешественик Де ла Брокиер, откако престо­ју­вал во Пловдив во 1493 година, запишал дека Пловдив е престолнина на Маке­донија“.          

И францускиот патешественик Вертрандон во својот труд „Voyage d'outrement“ го пишува истото, а така е и со Бенедето Рамберти во „Libre ella cose de Turchia“. (Христо Андоновски, „Јужна Македонија од античките до денешните Македонци“, стр. 54, цит. според постари извори).          

Но тоа не е се во врска со детерминирањето на некои сегашни бугар­ски градови како македонски. Патеписецот Хенри Блаунт во 1634 година ја посетил Софија. Како резултат на сознанијата до кои дошол таму, овој патеписец запишал дека Софија е македонски град! Овде читаме:

 „Софија, според овдешната административна поделба, е главен град на Бугарија, но географски овој град се наоѓа во Македонија, близу до границата со Тесалија“. (М. Тодорова, цит. дело).      

Во продолжение тој дава опис на убавините на овој град - сакрал­ни и духовни објекти, убеден дека тие се дело на Македонци (штом Софија се наоѓала во Македонија).      

Софија била сметана како македонски град, не само од стран­ци­те, туку и од самите Македонци. Познатиот македонски културен де­ец Јаков од Камена Река (16 век), кој печател книги во Венеција и ги донесувал во Македонија, исто така сметал дека Софија е маке­дон­ски град. На крајот од објаснувањето за местото на своето потек­ло, Јаков запишал:

„...И јас Јаков, од македонските краишта од местото викано Софија, Крајков син, и од господина Јеролима назначен на оваа ра­бота, ве молам сите вас да ми простите“. („Одбрани четива за историјата на Македонскиот народ“, Скопје, 1951, стр. 166).     

И за Рилскиот манастир постојат сведоштва дека се наоѓа во-Ма­кедонија. Самите негови монаси во 17 век тврделе дека Рил­скиот манастир е дел од Македонија. Во 1627 година тие напиша­ле писмо до рускиот цар во кое меѓу другото се вели:

Писмото е на­пи­­шано во Македонија во братството на препо­добниот отец Јован Рилски“.       

Во повеќе географски карти од самиот почеток на 19 век и гра­дот Ќустендил (со околината) е сместен во границите на Маке­донија. Таков е случајот на географските карти на Балканот објавени во Вие­на (1812  и 1822), потоа на географската карта на Балканот обја­вена во Париз (1814), Белград (1853), Италија (1855) и други (Илија Петрушевски, „Маке­донија на старите мапи“, Скопје, 1992 год.).             

Постојат сведоштва според кои и градот Самоков е маке­донски град. Зографот Захарие од Самоков, на иконата “Свето Преоб­ра­же­ние” („Преображенски манастир“, Бугарија) запишал де­ка иконата е насли­кана од: “рукоју Захариа зографа от македонски Самоков 1851  (година, з.м.)...“

(Д-р Коста Балабанов: „Галерија на икони“, Штип, 1988, стр. 27).

Арапскиот писател Идризи во својот познат спис „Географија” (1153) како македонски градови ги опишува: Видин, Разград, Шумен и други

(Д-р Стјепан Антолјак „Средновековна Македонија Прв дел“, Скопје, 1985 год.).         

На една минијатура под ликот на бугарскиот цар Иван Алек­сандар (1331-1365) стои напишано: „Sanctus Johannes Alexander de Macedo“.

(Стјепан Антолјак, цит. дело според постари извори, стр. 176)        

Конечно, авторот Винко Прибоевиќ во своето дело „О подријетлу и згодама Славена“ (16 век), пишува дека Бугарија порано се викала Македонија.

(С. Антолјак, цит. дело, стр. 176).

(Од книгата „Етногенетските разлики помеѓу Македдонците и Бугарите“ од Александар Донски, а во рецензија на академик Блаже Ристовски, која можете да ја нарачате на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или преку фејсбук).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.