Среда, 06 Јануари 2021   
„Една идеја един живот“ (5)

1ideja

„Силата на македонската песна е поголема и од фрлена бомба. Песните беа толку силни по дух и содржина, што тоа не им се допадна на властите. Тие го следеа секое наше движење и средби во градот и околните села. Ги иритираше тоа што се собиравме. Македонската песна се наметна во таков степен, што се пееше апсолутно насекаде. Имаше сили кои се иритираа од сето тоа. Беше преземена страшна сеприсутна акција за забрана на овие опасни песни за бугарштината. Се конфискуваа плочи. Се повикуваа луѓе на разговор во милицијата со цел да се заплашат.“ – вели во своите спомени „Една идеја един живот“  Георги Дукимов, објавени во 1999 година во градот Гоце Делчев (до 1951 година Неврокоп).

Бугарскиот затвор не успеал да ги скрши македонскиот дух и да ги асимилира Македонците од Поринскиот дел на Македонија. Напротив, Македонците кои лежеле по бугарските логори и затвори каде им се пцуела мајката македонска се убедиле во исправноста на нивната идеја и затворот ги направил уште посилни и порешителни во борбата за создавање на обединета и суверена македонска држава.

За сето она што го доживеал во бугарските затвори и по излегување од затвор од страна на бугарските власти само затоа што е Македонец, Дукимов во продолжение на своите спомени вели:

„Подоцна ни дадоа да учиме занает. Јас и Атанас Љасков бидејќи бевме со поголеми пресуди, бевме распоредени во дрводелската работилница. Останатите беа испратени да го научат кошничарскиот занает.  Така ангажирани времето ни поминуваше полесно. На тие кои беа со полесни пресуди, им дојде времето и излегоа од затворот. Останав со Атанас Љасков. Секој ден одевме на работа и брзо го научивме занатот. Подоцна кај нас дојде и Георги Каркаланов од село Тешево, осуден на 8 години затвор пак поради македонските работи. Тој беше разумен и чесен човек. Со него комунициравме постојано. Во затворот имаше и други од Пиринска Македонија, но со нив немавме контакти. Се додека бевме во Плевенскиот затвор, бевме во постојани спорови со бугарските националисти. Нивните постапки создаваа се поголема тензија меѓу нас. Во нашата позиција немаше двоумење. Ние живеевме заедно и тоа им остави впечаток. Немаше што да делиме. Македонија е една за сите родени во неа.

Работилницата имаше раководител. Се викаше В’цов. Беше вистински садист во односите со затворениците. Ако види дека некој се насмее или зборува со друг, веднаш се распрашуваше за што разговараат. Во секоја постапка бараше повод за казнување. Имаше и многу информатори кои ги клеветеа затворениците пред раководството на работилницата. Така јас бев казнет со 15 дена самица, без да ја знам причината. Правилата во самица вклучуваа една четвртина сув леб на ден. По самицата пак отидов во дрводелската работилница.

Во таква тешка ситуација минуваше времето, додека дојде денот кога требаше да бидам, ослободен. Во Плевенскиот затвор престојував до 9 декември 1952 година. Бидејќи не ни го признаа времето поминато во затвор до пресудата, поминав речиси шест години во затвор. Во тие мрачни години практикуваа така да – од затвор да те ослободат, а на порта да те чека агент за да те врати повторно во затвор. А таму условите за живот беа сеуште потешки. Ослободувањето на  9 декември не беше гаранција дека ќе се вратам дома.

Едвај може да се опише какво е чувството на возбуда кога човек ќе го пречекори прагот на затворот, за да излезе на слобода. Додека не дојдов дома, постојано очекував некој да ме чукне по рамо и да ми го покаже обратниот пат. Од нашата група во затвор остана само Атанас Љасков. Во следната 1953 година во месец август излезе и тој. Но бидејќи неговите родители беа иселени (насила интернирани – н.з.) во Северна Бугарија, нему не му беше дозволено да се врати во родното село....

Како што реков, бев ослободен на 9 декември, а на 11 пристигнав безбедно дома. Мајка ми ме пречека на скалите со насолзени од радост очи. Ме затворија како дете, а се вратив по 6 години изменет, израснат и со мустаки. Најдобро беше тоа што се вратив жив и здрав. За моите родители тоа беше единствената награда....

Во текот на тие години и тие преживееа големи стресови. Две години багажот им бил врзан во бали и очекувале да бидат иселени. Сето тоа го поднеле стоечки, со скриена омраза кон оние кои сакаа да поминат како наши спасители.

Животот ми поминуваше тешко и здодевно. Немаше многу од моите другари. Едни беа избегани на запад, а други – одново по логори и затвори.

Во атмосферата на селото се чуствуваше вознемиреност. Се водеше борба за преживување. Се гладав само со Лазар Тотин. По неколку месеци ме регрутираа како „трудовак“ (работник во градежни трупи), и таму останав околу две години. Така дури на 28 години бев најпосле дома.

Сега пак се јавија други потешкоитии, борба за леб. Каде и да побарав работа ме одбиваа. Секогаш наоѓав работа за по неколку месеци на црно. Подобро црна работа, наместо црна совест. Кога човек нема лична егзистенција, тој е зависен. Судбината им е во рацете на лоши луѓе, кои се обидуваат да уценуваат и да понижат. Луѓето со слаб карактер беа принудувани да се скршат, а другите ги изигруваа и ги мамеа. Секој според карактерот. Само оној кој се плаши и  срами од црна работа е способен за подлости. Да бидеш здрав и да работиш физичка работа е големо задоволство. Задоволство е да твориш нешто за себе и за општеството.

Еден ден заедно со мојот пријател Стојан Москов ги ставивме на рамо ранците и бочварските алати и отидовне да бараме работа во Родопите.  Таму се организираше пулт за собирање малини и печурки. Бидејќи немавме сместување, извесно време спиевме во сеното на шумското стопанство кај село Сатовча. Коперациите плаќаа добро па повеќе од 15 години работев како бочвар. Околу 9 години работев по складовите на ДСО – гр. Гоце Делчев. Во 1974 година влегов во Реонската задруга, од каде се пензионирав. Документите со кои се пензионирав содржеа 30 обрасци бр. 31, од кој број се гледа на колку врати сум тропнал. 

Кога се вратив од затвор се оженив. Жена ми беше учителка. Добивме две ќерки. Дома се течеше нормално. Тешкотиите беа надминувани со заеднички напори. Минаа многу години од затворот. Другарите кои повторно беа однесени во логори и затвори, веќе беа се вратиле.  Животот одново не собра, се разбира со тие кои останаа тука, во градот, сега со ново име – Гоце Делчев. Започнавме пак да се среќаваме. Заедно одевме по имендени, но сега веќе семејно. Целта ни беше со сосема невини постапки да се поддржи духот меѓу луѓето. На тие видувања се пееја само македонски песни, кои во повеќето случаи беа со револуционерна тематика. Силата на македонската песна е поголема и од фрлена бомба. Песните беа толку силни по дух и содржина, што тоа не им се допадна на властите. Тие го следеа секое наше движење и средби во градот и околните села. Ги иритираше тоа што се собиравме. Македонската песна се наметна во таков степен, што се пееше апсолутно насекаде. Имаше сили кои се иритираа од сето тоа. Беше преземена страшна сеприсутна акција за забрана на овие опасни песни за бугарштината. Се конфискуваа плочи. Се повикуваа луѓе на разговор во милицијата со цел да се заплашат. Овие мерки од страна на властите не не уплашија, зошто имавме видено многу полоши нешта. За нас беше нужно поле за посмела и резултанта изјава. Кај мене и нашиот заеднички пријател Крум Тончев од село Мусомиште се роди идеја за организирање на екскурзии на Пирин...“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.