Среда, 13 Јануари 2021   
„Една идеја един живот“ (6)

1ideja

„Една идеја един живот“ (6)

„Долго време се говореше за настанот во Пирин. Дадени се разни толкувања, Го нарекуваа Македонски конгрес и т.н... Сметавме дека сме успеале да им покажеме на непријателите на Македонија, дека борбата продолжува во различна форма. Таа нема да престане зошто зад нас доаѓаат други, можеби подостојни кои ќе го понесат знамето на кое е напишано со златни букви „Независна Македонија„“ – вели во своите спомени „Една идеја един живот“  Георги Дукимов, објавени во 1999 година во градот Гоце Делчев (до 1951 година Неврокоп).

Македонското прашање како проблем остана на политичката сцена до ден денес. Тоа сеуште го чека своето решение. За жал постапките на Европската унија не водат кон решавање на ова прашање. Македонија е сеуште надвор од ЕУ, иако само во нејзините рамки ова прашање може да се реши. Едноставно, меѓународната заедница како да не можи да сфати дека само со постоење на македонска држава во рамките на ЕУ ќе може да смета на мир на Балканот.

Георги Дукимов говорејќи за средбите на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, како еден друг вид на борба, за остварувањет на своите вековни соништа, во своите спомени меѓудругото вели:

„Кај мене и нашиот заеднички пријател Крум Тончев од село Мусомиште се роди идеја за организирање на екскурзии на Пирин. Собиравме луѓе од нашите средини. Тоа се случи во 1970 г. Бевме околу 35 луѓе во месноста Крива Река. Отидовме рано наутро и се вратимвме вечерта. Си поминавме многу весело. Испековме две овци. Направивме заедничка трпеза.

Следната година направивме подобра организација. Иницијативниот комитет се прошири. Во него влегоа: Лазар Тотин, Спас Писов, Крум Тончев и јас. Крум Тончев ги организираше луѓето од село Мусомиште и од с. Делчево... Целосно беше посветен на делото и беше готов на секаква саможртва, Воопшто имаше организаторски способности и затоа при секое собирање носеше голем број на луѓе. На секој од организациониот комитет му беа дадени задачи. Лазар Тотин се грижеше за спиењето во хотелот, зошто тој работеше во тоа претпријатие.  Спас Писов имаше задача да го организира превозот на луѓето, бидејќи работеше во транспортно претпријатие. Јас Георги Дукимов бев задолжен за храната за сите присутни. Освем овие конкретни задачи, ние  организиравме и луѓе од градот Гоце Делчев. Атанас Траханаров најде многу добар готвач. Како резултат на добрата организација ние можецме да однесеме во Пирин околу 150 луѓе. Не недостасуваше ни соодветна програма со говор, стихотворби и песни. Се беше организирано и насочено кон една цел – во името на Македонија. Луѓето ... со голема желба се одзваа на повикот.Секој работите ги доживуваше по свое, но  се чуствуваше општиот стремеж кон една заветна цел – да ги зачуваме нашите идеали.

Беше сабота кога излеговме со камиони натоварени со луѓе и потребните материјали. Вечерта запаливме огнови. Со веселба и задевање на полјанката, а други во хотелот, ја дичекавме зората... Ние кои ја организиравме оваа другарска средба бевме многу расположени. Утрото се огласи убава народна музика, исполнета од оркестарот кој беше со нас.

Секој се движеше според дадените задачи. Подготовките за ручекот се органзираа од мајсторот – готвач бај Георги Гурџилов. Имавме купено неколку овци. Тој ги постави казаните, го исече месото и со големо мајсторство на ручек ни принесе вкусно јадење. Се радувавме дека можеме да организираме толку многу луѓе во оние страшни времиња кога се казнуваше секоја појава на отстапување од диктатот на Партијата. Тоа беше време на оној тирански систем. На последиците не мислевме. Самата средба со соборците и истомислениците ја сметавме за безопасна.

Настапи очекуваниот момент. Се сместивме на една полјана сред борова шума, недалку од хотелот со цел да не бидеме ранливи. Луѓето беа наредени на заедничка трпеза во форма на правоаголник. Музиката не престануваше да свири. Со нас заедно се веселеше и природата. Не информираа дека околу нас крај хотелот има гости од Скопје. Јас веднаш отидов да ги поканам. Беше мајка со две ќерки. Тие со задоволство ја прифатија поканата и ги сместивме на трпезата. После оваа подготовка, трубата засвири сигнал за тишина и внимание. На прославата присуствуваше и работникот ... Георги Димчев. Јас го замолив да каже здравица, а за говор беше определем друг. Така и се случи. Димчев ја подигна чашата и свечено рече: „Минатата година бевме 35 луќе. Сега сме 150, а догодина дај боже да бидеме три милиони.“ Најкратки зборови, но со јасна цел и политичко знаење.  Спас Писов зборуваше за настаните на врвот Ножот, зошто таа историска дата се совпаѓаше со нашата средба. По говорот се кажаа неколку стихотворби. Едната беше „Епопејата на ножот“, а другата „Зов“.

По официјалниот дел пристапивме кон ручекот. Сите беа задоволни од вкусното јадење кое го приготвил бај Георги Гурџилов. Откако јадевме започна општа веселба.  Музичарите беа неуморни. Се играа ора, се пееја песни, се правеа снимки и така времето помина неусетно. Приквечер се прибравме задоволни и бескрајно среќни, особено старите поборници. Тоа што го доживеавме ни даде крила во наредните два дена. Почнавме да мислиме дека сме нашле невина форма за да покажеме, дека во тоа мрачно време, како низ вековите, ... македонскиот дух е жив.

Таа наша манифестација не остана незабележана од власта. Известена од информатор, по неколку дена се спроведе едно сериозно истражување од органите на ДС во градот Гоце Делчев. Во најнаивните манифестации тие гледаа страшни работи. За оваа работа беше повикан човек од Благоевград. Започнаа да не повикуваат поактивните во организирањето на излетот. Се интересираа како е создадена самата организација, како се превезени толку луѓе во Пирин. Ние се обидувавме да го преставиме настанот како една другарска средба и ништо повеќе. Но тие не беа толку наивни. Луѓето кои присуствуваа во таа компактна маса и нашите манифестации, ги тераше да мислат, дека тука се направи нешто серизно, нешто опасно по државата. Затоа беа строги додека го истражуваа настанот. Тоа продолжи неколку дена. Тие наши манифеставии можеа да ни донесат поголеми напријатности, но изгледа власта сфати дека тогаш нема да има придобивка од создавање на  македонски процес.

Долго време се говореше за настанот во Пирин. Дадени се разни толкувања, Го нарекуваа Македонски конгрес и т.н. Но за нас вистината беше само една. Бидејќи годините поминати во бугарските затвори беа многу тешки, а потоа бевме оневозможени слободно да контактираме и да ги споделуваме нашите скриени соништа, таа другарска средба донекаде не задоволуваше. Таа ни служеше како неисцрпен извор на духовна храна. Тоа не тераше да мислиме дека не живееме напразно. Сметавме дека сме успеале да им покажеме на непријателите на Македонија, дека борбата продолжува во различна форма. Таа нема да престане зошто зад нас доаѓаат други, можеби подостојни кои ќе го понесат знамето на кое е напишано со златни букви „Независна Македонија“.

По таа бура животот почна да ни тече пак сив и еднообразен, со грижи за семејството, за работа, за преживување. А македонскиот проблем остана на политичката сцена и го чека своето решение. Ако има македонска држава ќе има мир на Балканот. Тоа значи братство, разбирање меѓу народите, отварање на границите  слободно поминување во трите дела на нашата мила татковина.

Денес кога има Македонска република во еден дел од нашата земја, таа ќе служи како обединувачка врска за останатата делови од распарчена Македонија. И така обединети ќе најдеме место во новиот европски дом, кон кој се стремиме.

Тоа ќе биде! Тоа е актуелно.“

(крај)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.