Историја

1993: Приемот во ООН под ПЈРМ – првата национална отстапка на СДСМ

Македонска Нација

Македонска Нација

На 8 април 1993 година Република Македонија стана членка на Обединетите Нации. За тогашната власт СКМ-ПДП денешна СДС тоа беше претставено како голем дипломатски успех и потврда на меѓународниот субјективитет на младата држава. За ВМРО-ДОМНЕ и огромен дел Македонци, пак, тој ден остана запаметен како почеток на политиката на национални отстапки и компромиси што подоцна ќе ја одбележат македонската државна политика.
По историскиот референдум од 8 септември 1991 година, на кој мнозинството граѓани се изјаснија за суверена и независна држава, Македонија влезе во еден од најтешките дипломатски периоди во својата современа историја. Вреди да се потсети дека референдумското прашање не гласеше едноставно дали граѓаните се за независна Македонија. Формулацијата „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“ беше предложена од тогашниот претседател Киро Глигоров и владејачката СКМ-ПДП, политичкиот субјект од кој подоцна произлезе СДСМ.
Иако Македонија независноста ја стекна мирно, без воените судири што ги зафатија другите југословенски републики, меѓународното признавање не дојде лесно. Грција започна силна дипломатска офанзива против меѓународното признавање на државата под нејзиното уставно име Република Македонија, тврдејќи дека името наводно претставува закана за нејзините национални интереси и територијален интегритет.
Во книгата „Македонија, мој копнеж“ на Манојил-Мане Јаковлески се нагласува дека Република Македонија својот суверенитет го стекнала на мирен, демократски и легитимен начин, како држава која се определила за парламентарна демократија, владеење на правото и интеграција во меѓународната заедница. Истовремено, се потенцира континуитетот на македонската државност од Крушевската Република и АСНОМ до независна Република Македонија.
Сепак, наместо брз прием во меѓународните организации под своето уставно име, Македонија се соочи со дипломатски блокади и условувања. Иако голем број држави веќе ја имаа признаено, процесот на прием во Обединетите Нации беше условен од спорот што Грција го наметна околу името.
Конечно, на 8 април 1993 година Македонија беше примена во ООН, но не како Република Македонија, туку под привремената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ).
За тогашната власт, предводена од Киро Глигоров и СКМ-ПДП, ова беше неопходен дипломатски компромис што требаше да ја отвори вратата кон меѓународната афирмација на државата. Но за ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од македонската јавност, интелектуалците, патриотските организации и македонската дијаспора, приемот под референца претставуваше прва голема национална отстапка на независна Македонија.
За првпат во историјата на Обединетите Нации една држава беше примена без да биде именувана со своето уставно име.
Наместо Република Македонија, државата доби привремена ознака која ја поврзуваше со поранешната југословенска федерација од која веќе беше стекнала целосна независност.
Овој потег предизвика силно разочарување кај Македонците ширум светот. Во Австралија, Канада, САД и повеќе европски држави беа организирани протести, собири и петиции со барање Македонија да биде признаена под своето уставно име.
Македонската дијаспора предупредуваше дека прифаќањето на референцата нема да го реши спорот, туку ќе создаде преседан за нови условувања.
Истовремено, Македонија се соочуваше и со сериозна економска криза. Распадот на југословенскиот пазар, прекинатите трговски врски, високата инфлација, невработеноста и меѓународната неизвесност ја ставаа државата под огромен притисок. Само една година подоцна следуваше и грчкото економско ембарго, кое дополнително ја ослабна македонската економија.
Токму во периодот 1992–1993 година се поставуваат темелите на политичкиот модел кој подоцна ќе стане препознатлив во македонската политика – прифаќање на национални отстапки во замена за меѓународна поддршка, интеграции или дипломатски придобивки.
Критичарите уште тогаш предупредуваа дека секое попуштање нема да биде последно. Според нив, прифаќањето на референцата ПЈРМ не го затворило спорот за името, туку отворило процес на нови барања, притисоци и условувања.
Во децениите што следуваа тие барања постепено се прошируваа од страна на Бугарија и кон прашањата поврзани со македонскиот идентитет, историја, јазик и национални симболи.
1993 година останува една од најконтроверзните пресвртници во современата македонска историја.
За СДС  тоа бил неопходен дипломатски компромис што овозможил Македонија да стане дел од меѓународната заедница.
За ВМРО-ДПМНЕ, тоа бил моментот кога започнала политиката на постепени национални отстапки, чии последици се чувствуваат и денес.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top