Среда, 09 Февруари 2022   
Димитар Ризов: „Јас сум Македонец и нокогаш нема да го ставам својот потпис ни на било каков документ кој ја дели Македонија“

Politika 31.12.1913-1

Димитар Ризов:Јас сум Македонец и нокогаш нема да го ставам својот потпис ни на било каков документ кој ја дели Македонија“

Веќе го објавивме првиот дел од интересната статија во која бугарскиот амбасадор во Рим Димитар Ризов, со потекло од Битола, каде се обидува да се правда пред јавноста откако беше прозван за тешкиот пораз на Бугарија во Втората балканска војна. Опишувајќи го српско-бугарскиот сојуз договорен пред Првата балканска војна, тој тврди дека Бугарија апсолуттно била принудена да ја привлече Србија на сојуз, бидејќи без тој сојуз би била уништена не само иднината на Македонија, туку би била доведена во прашање и самостојноста на Бугарија.

Во статијата под наслов „Откритие на Димитар Ризов“ која ја објавува „Политика“ на насловната страна на 31.12.1913 година, опишувајќи ги во овој втор дел „двете ноќи во кои е удрен темелот на српско-бугарсјиот сојуз“  тогашниот бугарски амбасадор во Рим Ризов вели: 

„Во Белград останав само два дена со изговор да ги видам своите стари пријатели. И навистина, јас на тоа посветив два дена, меѓутоа двете ноќо, скоро до зората, бев во домот на г. Милован Миловановиќ, тогашниот претседател на владата и министер за надворешни работи.

Уште првото утро јас го посетив во неговиот кабинет и во неколку збора му кажав зошто сум дојден, потсетувајќи го дека ја прифатив мисијата охрабрен со разговорите кои ги водевме во Рим во 1909 година, кога тој дојде таму за да бара поддршка за српскиот протест против анексијата на Босна и Херцеговина. А тогаш разговаравме за српско-бугарски сојуз  кој би бил на основа на автономија на Македонија и г. Миловановиќ се согласи со таа основа со резерва: ако автономијата се покаже практично невозможна, тогаш ние (Бугарите) да им дадеме на Србите дел од Македонија.

Сега тој побрза да ме увери дека не го променил своето тогашно мислење. И ние се договоривме, јас вечерта да одам во неговата куќа, каде после вечерата ќе разговараме. Но бидејќи тој не беше лидер ни на едната ни на другата радикална партија, го замолив да ги повика на разговор и радикалните лидери г.г. Пашиќ и Љуба Стојановиќ. И така бидна.

Во домот на г. Милованович

Првата вечер разговаравме до два часот после полноќ. Сите тројца ја прифативме идејата за сојуз со нескриено задоволство. Што се однесуваше до автономијата на Македонија, ниту еден од радикалните лидери не даде никаква изјава, бидејќи однапред му реков на г. Миловановиќ, дека ќе прекинам секаков разговор ако не се согласат со автономија како на претодната база на нашиот сојуз. Затоа веднаш преминавме на српските претензии за Македонија.

Меѓутоа пред да почнат разговорите за тоа, јас не пропуштив да им напоменам на своите соговорници дека јас не дојдов да водам, преговори за сојузот, туку само да сондирам, дали е возмжно да се направи сојуз за ослободување на нашите сонародници во Турска, додавајќи дека овој обид за таков сојуз ќе биде последен. Спред тоа, завршив јас, тие треба да ми ги кажат своите минимални претензии за Македонија, кои би послужиле како база за понатамошни преговори помеѓу нас.

После таа моја напомена, г. Пашиќ прв почна да зборува за тие претензии. Тој побара српско – бугарската граница во Македонија: источно од Варадар, да таа граница оди по коритото на реката Брегалница, а западно од Вардар да оди по линија која почнува од устието на Брегалница  и оди до Охрид.

Иако ја знаев старата навика на г. Пашич да се ценка како менувач на пари, мене сепак ме вознемири таа негова изјава и јас доста изнервирано го потсетив дека тој во 1904 година, кога водевме преговори за сојуз со него лично, се согласи за автономија на Македонија, ако ние се согласиме да признаеме само скопскиот крај како дел кој влегува во Стара Србија. И сега кога се зголемуваат тие претензии  би значело дека не се зборува озбилно. И јас почнав да се спремам да си заминам.

Меѓутоа, помирливо г. Милованович ме задржа со зборовите. – Па кажо ти што можете да ни дадете од Македонија? (Јас одавма бев со него на per tu).

-        Јас сум Македонец и јас на никој ништо не му давам од Македонија. му одговорив јас, и нокогаш нема да го ставам својот потпис ни на било каков документ кој ја дели Македонија.  Повторувам, јас дојдов тука не да ја делам македонската земја и не дојдов да водам преговори за сојуз, туку да ги слушнам вашите последни услови за еден сојуз помеѓу Србија и Бугарија. Се што можам да ви кажам за овој случај дека не можете да најдете бугарски државник кој ќе се согласи да преговара за сојуз со вас, ако вашите претензии одат подалеку од реката Пчиња, источно од Вардар и подалеку од скопскиот крај западно од Вардар, т.е. ако вие претендирате и на други македонски градови освен Скопје, Куманово. Тетово и Гостивар. 

После таа моја изјава зеде збор Љ. Стојановиќ, готово во ист дух како и г. Пашиќ, меѓутоа со тон по кој можеше да се насети, дека од српска страна не е кажан последниот збор по тоа прашање. Разговорот се продолжи доста долго и еден по друг ми беа остапувани Велес, Прилеп, Охрид и Струга. Сепак до конечен резултат не дојде. И ние се разотидовме, за да се состанеме уште еднаш, следната ноќ.

Влијание на г. Хартвиг

За утредента бев поканет на ручек заедно со својата жена кај рускиот амбасадор г. Хартвиг. Јас го посетив него уште првиот ден и знаејќи дека г. Пашиќ ќе го извести за мојата мисија, побрзав сам да му кажам зошто дојдов. Не пропуштив да го замолам да го употреби своето моќно влијание врз г.г. Пашиќ и Миловановиќ и да ги натера на умереност и попустливост по прашањето на српските претензии во Македонија.

После ручекот ги оставивме жените да разговараат, а ние сами се повлековме во кабинетот на г. Хартвиг каде што го запознав со текот на разговорите кои ги водев со тројцата српски државници. Г. Хартвиг ми соопшти, дека тој, по вчерашната моја молба веќе го повикал кај себе г. Пашиќ и му препорачал попустливост и умереност. Додаде дека нема зошто да се вознемирувам поради српските изјави и за нивните претензии, бидејќи Србите ќе бидат задоволни ако им го дадеме скопскиот крај. Заврши смешкајќи се: „Тие сакаат така да се ценкаат!“

(продолжива)              

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.