Среда, 17 Мај 2023   
Александар ДОНСКИ:МАКЕДОНСКОТО ЕТНИЧКО ПОТЕКЛО НА ЕГИПЕТСКАТА КРАЛИЦА КЛЕОПАТРА СЕДМА

 

1kle8

Деновиве во одделни медиуми повторно стана актуелно етничкото потекло на најпознатата египетска кралица Клеопатра Седма, кој и денес е инспирација за многу уметнички дела. Без никакво сомнение веднаш ќе кажеме дека таа била етничка Македонка (припадничка на античките Македонци, кои во мнајголем процент се предци и на денешните Македонци). Во прилог на ова ќе ги наведеме следните неспорни факти.

По смртта на Александар Македонски големата Македонска империја се распаднала на неколку држави, но со нив и натаму оста­нале да владеат Македонците. Државата Македонија останала да егзистира сѐ до нејзиното уништување од страна на Рим.

Со Египет и околните земји, по смртта на Александар Маке­дон­ски, останал да владее неговиот генерал и другар од детството (а според некои антички извори и полубрат) Пто­лемеј Лагов (синот на Лаг). Тој ја основал династијата Птолемеи, чии припад­ници останале да владеат со Египет и со околните земји сѐ до 30 година пред Христа, по што Египет исто така бил окупиран од Рим­ја­ните.

Од бројните древни и современи сведоштва за македонското етничко потекло на династијата на Птолемеите доволно е да го спомнеме цитатот од светски познатата општа ЦД енциклопедија Ен­карта (Microsoft Encarta, USA, 1998), каде во насловот “Династи­јата на Птолемеите” (Ptolemaic dynasty), читаме:

Династијата на Птолемеите претставува македонско се­мејство кое владеело со Египет за време на хеленистичкиот пери­од, од смртта на Александар Велики во 323 година пред Хрис­та, па сѐ до времето кога Египет станал римска провинција во 30-та година пред Христа. Во различни временски периоди Птолемеите ја држе­ле под своја власт и Киренајка (која се наоѓа во северна Либија), Палестина и Кипар. Династијата била ос­но­вана од алек­сан­дровиот генерал Птолемеј... Иако не биле со египетско потекло, Птоле­меите се придр­жувале кон повеќе египетски традицио­нални обичаи. Исто како што правел и Александар, така и тие се претста­вувале себеси на јавните споменици во египетски стил и облеки... Сепак, во нивната војска доми­нирале грчките и македонските должнос­ници... Послед­ната и сигурно нај­славна владетелка од Птолемеите била Клео­пат­ра, која независно владее­ла, прво со  поддршката од Јулие Цезар, а подоцна и од Марко Антоние...”

Значи, најславна претставничка  на македонската династија Пто­­лемеи била далечната пра-внука на Македонецот Птолемеј Лагов - познатата египетска кра­лица Клеопатра.

                  Македонското етничко потекло на Птолемеите го потен­цира најпознатиот древни еврејски историчар Јосиф Флавиј, кој живеел во 1 век по Христа. Кралевите од династијата на Птолемеите тој сосема јасно ги наре­ку­ва “Македон­ци” (Against Appion...II, 5).

                  За македонското етничко потекло на Птолемеите пишува и рано­хрис­тијанскиот писател Иринеј. Дел од неговото творештво го пренесува позна­тиот ранохристијански историчар Евсевие Кесариски (околу 260 - 340 год.). Пишувајќи за создавањето на биб­лио­­теката во Александрија и Иринеј го споменува македонското потекло на Птолемеите. Овде читаме:

                  “Уште пред Римјаните да ја воспостават својата империја, во времето кога Македонците се‘ уште ја држеа Азија, Птолемеј синот на Лаг, посакал да ја збогати библиотеката што тој ја направи во Александрија со вредни книги од сите луѓе...” (Eusebius of Caesarea: Church History, Book V, Chapter 8, The Sattements of Irenaeus in regard to the divine Scriptures).

                  Прв владетел од династијата на Птолемеите рековме дека бил Птолемеј Лагов (познат и како Птолемеј Први Сотер). Тој бил роден во 367 година пред Христа. Од 323 година пред Христа бил гувернер на Египет и на Либија, а од 305 до 284 година пред Христа владеел како крал. Во неговата биографија, во споменатата енцикло­педија Енкарта (наслов Ptolemy I), читаме:

                  “Птолемеј Први ... бил основач на династијата Птолемеи. Син на Лаг и Македонец по род, Птолемеј бил генерал во армијата на Александар Велики, кој  играл главна улога во подоцнежниот поход на Александар во Азија...”

                  За македонското етничко потекло на Птолемеј Први ни зборува и фактот што тој бил другар од детството на Александар Македонски. Поради тоа, тој подоцна станал еден од најдоверливите генерали на Александар, кој посебно се истакнал во битките за пот­чину­вањето на Персија. Откако станал крал на Египет, тој ја прог­ла­сил Александрија за главен град на своето кралство. Тој напишал и биографија за Александар Македон­ски, која денес не е сочувана, но се знае дека од неа црпеле подоцнежните древни биографи на Алек­сандар. Птолемеј Први  бил оженет со Береника Прва, која имала извесно влијание во неговото владеење. Береника претходно била омажена за некој Филип, кој бил офицер во војската на Александар Македонски. По смртта на својот сопруг Филип, Береника се према­жила  за Птолемеј Први. Во нејзината биографија (The Columbia Encyclopedia, Sixth edition.  2001, наслов: Berenice) читаме:

                  “Береника (340 -281 или 271 пред Христа), придружник и по­лу-сестра на Птолемеј Први, кралот на древен Египет. По по­текло Македонка, таа била вдовица на Филип, еден од офицерите на Александар Велики и од тој брак станала мајка на Магас (кра­лот на Кирена), Антигона (жената на Пир од Епир) и Теоксена (же­ната на Агатокле, владетелот на Сиракуза.). Береника чиј пор­т­рет се појавува заедно со портретот на Птолемеј на многу ме­да­лјо­ни, од бракот со него ги родила Птолемеј Втори и Арсиноја Вто­ра.

                  Во 284 или 285 година пред Христа, Птолемеј Први го на­пуштил прес­толот во полза на својот син Птолемеј Втори (309-246 пред Христа), а во 283 година пред Христа Птолемеј Први починал. Птолемеј Втори војувал против македонската династија на Се­лев­кидите  (кои тогаш владееле со дел од Ази­ја). Во негово време Еги­пет доживеал силен економ­ски и културен про­цут. Птолемеј Втори значително ја збогатил библиотеката во Александ­ри­ја и  актив­но ја поддржувал уметноста.Птолемеј Втори  бил наследен од својот син Птолемеј Трети (околу 282-221 пред Христа). Тој успеал да ја припои Киренајка кон Египет. Исто како и неговиот татко, и тој ја збогатил библиотеката во Александрија и ја поддржувал уметноста. Во негово време економијата на Еипет доживеала голем процут.

                  Потоа на власт дошол Птолемеј Четврти, но тој не владеел долго и бил наследен од својот син Птолемеј Петти, кој формално дошол на власт по смртта на својот татко, кога имал само пет години. Тогаш практично власта во Египет била во рацете на корумпираните министри на Птолемеј Чет­вр­ти, што довело до последици по државата. Птолемеј Петти  имал сестра, по име Арсиноја (Трета). Користејќи ја ваквата состојба и таа посакала да дојде на власт. Но, во тоа не успеала бидејќи била убиена веројатно по налог на корумпираните министри. Практично Птоле­меј Петти бил само формален владетел на Египет. Кога наполнил шеснаесет години, бил оженет со Клеопатра Прва, која била ќерка на Антиох Трети, македонски крал од династијата на Селевкидите. Во бракот со Клеопатра Прва му се родиле два сина. Птолемеј Петти умрел на возраст од дваесет и осум години. Се смета дека бил отруен. Бил наследен од својот син Птолемеј Шести, кој исто така имал само пет години кога умрел неговиот татко.

                  Птолемеј Шести (околу 186 - 145 пред Христа) исто така немал среќа во владеењето со Египет. Тој војувал против Антиох Четврти (кралот на Селевкидите при што бил заробен. Тогаш бил заменет од својот брат Птолемеј Седми. По падот на Антиох Четвр­ти. Птолемеј Шести се вратил на престолот во Египет и заеднички владеел со својот брат Птолемеј Седми. Подоцна избил судир помеѓу нив.  Во 145 година пред Христа на власт во Египет дошол Птолемеј Осми, кој исто така бил син на Птолемеј Петти. Тој бил опишан  како суров владетел, иако вовел либерални реформи во рели­гиоз­ните институции. Бил оженет со Клеопатра Трета. Во бракот им се родиле два сина (Птолемеј Девети и Птолемеј Десети Александар) и три ќерки (Клеопатра Четврта, Клеопатра Трифена и Клеопатра Селена. Птолемеј Осми умрел во 116 година пред Христа.  Престолот на Египет тогаш дошол во рацете на неговата жена Клеопатра Трета. Таа го форсирала својот помлад син Птолемеј Десетти како нов владетел на Египет, иако граѓаните на Александрија повеќе са­ка­ле Птолемеј Деветти да им биде  крал. Птолемеј Деветти прво бил поставен за гувернер на Кипар, но под притисок на граѓаните на Александрија, бил вратен да владее со Египет. Подоцна неговата мајка Клеопатра Трета го обвинила дека наводно подготвувал заго­вор против неа и повторно успеала да го испрати на Кипар. Наместо него, на престолот повторно дошол неговиот помлад брат Птолемеј Десетти Клеопатра Трета умрела во 101 година пред Христа. Пто­лемеј Десетти останал да владее со Египет како мошне непопуларен крал. Загинал во една битка во 88 година пред Христа. По неговата смрт, Птолемеј Деветти повторно се вратил од Кипар во Еипет и повторно станал крал. Тој владеел со Египет уште осум години, с# до својата смрт. Птолемеј Деветти имал два сина, но тие умреле како мали деца. Поради тоа, бил наследен на престолот од својата ќерка Клеопатра Береника. Според египетската традиција (според која секоја жена владетелка морала да има крај себе личност од машкиот пол за да може да владее) Клеопатра Береника била принудена да се омажи за својот братучед Птолемеј Единаесетти, кој бил син на Птолемеј Десетти. Но, само по деветнаесет дена од свадбата Птоле­меј Единаесетти ја убил својата сопруга Клеопатра Береника. Тоа ги разг­невило граѓаните на Александрија, кои насилно влегле во кралскиот дворец и го убиле својот крал Птолемеј Единаесетти. То­гаш во Египет завла­деал хаос. На престолот дошол Птолемеј Два­нае­сетти, кој бил син на Птолемеј Деветти и кој владеел  до својата смрт во 51 година пред Христа. Тој имал четири ќерки и два сина. Една од неговите ќерки била Клеопатра Седма. Тоа всушност е поз­натата  египетска кралица Клеопатра, чие име денес е познато во цели­от свет. Значи најслав­ната еги­пет­­ска кралица всушност била етничка Македонка! Таа била далечна пра-внука на алек­санд­ровиот генерал и другар од детството Пто­ле­­меј Лагов.

                  1kle89

Денес не постои ниту една се­риоз­на и објективна историска енци­кло­педија или друга публи­кација, во која не е по­тен­цира­но маке­донското етни­ч­­ко потекло на Клеопатра Седма. Ќе наведиме неколку примери во пот­кре­па на ова.

Во ЦД енцикло­пе­дијата посветена на светската историја под наслов: “Chronicle Encyclopedia of History, (USА,1997), во поглавието за Клеопатра Седма (Chronology) читаме:

“Во 69 година се родила третата ќерка на еден од маке­донските фараони на Египет, Птолемеј XII.”

                  Во интернет изданието на светски познатата истражувачка корпорација “Discovery Communications” во врска кратката биографија на Клеопатра читаме:

                  “По потекло Клеопатра била Македонка.” (Copyright © 1999 Discovery Communications Inc.).

                  Во интернет изданието на Riverworld penmush org., во врска со етнич­кото потекло на Клеопатра читаме:

                  “Клеопатра била висока и витка жена од чисто македонско по­текло.”(Cleopatra VII Thea Philopater, descriptions).

                  Во подолгата статија за Клеопатра, објавена во историската публи­кација во издание на InterOz од САД, во врска со етничкото потекло за оваа славна египетска кралица, читаме:

                  “Клеопатра била енергична македонска кралица. Таа била брили­јант­на жена, која сонувала за голема светска империја. За малку и ќе успеела во тоа... Единствен владетел кој може да фрли сенка врз фасцинантноста на Клеопатра бил Александар, кој исто така бил Македонец... Птолемеите биле по потекло Македонци, кои владееле со Египет како фараони. Клеопатра била последниот египетски фараон.” (Подетално во: Cleopatra VII, Ptolemaic Dynasty, Design, Layout and Graphic  Art by Jimms Dun and Inter Cits OZ Inc Employee USA, 1996).

                  Древните историчари различно ја опишуваат Клеопатра. Јосиф Флавиј  го критикува нејзиниот карактер, што впрочем е и сосе­ма разбирливо ако се знае дека таа извесно време ги припоила еврејските територии кон својата држава. Меѓутоа, древниот хеленски историчар Плутарх во својата биографија за Марко Антоние  со восхит пишува за Клеопатра. Тој наведува дека таа зборувала голем број јазици, при што индиректно споменува дека нејзиниот мајчин јазик бил македонскиот. Плутарх пишува:

                  “Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа прео­ѓа­ше од еден јазик во друг, така што, имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше. Такви беа: Етиопјаните, Троглодите, Евреите, Арапите, Сиријците, Медите, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи. Тоа беше уш­те поизне­наду­вачко затоа што повеќето од нејзините предци кралеви одвај се мачеа да го научат египетскиот јазик, а некои од нив прилично го запо­ставија и македонскиот јазик.”(Antony by Plutarch, Translated by John Dryden).

              Ова многу значајно сведоштво од Плутарх ни зборува дека мајчиниот јазик на Птолемеите бил токму македонскиот јазик! Гле­даме дека, според Плутарх, некои од нив (веројатно поради поли­тички причини) го запос­та­вувале македонскиот јазик на сметка на јазикот коине. Но, Плутарх не пишува такво нешто и за Клеопатра, што значи дека таа си го зборувала  мајчиниот македонски јазик. Да потсетиме дека Плутарх ова го напишал само стотина години по смртта на Клеопатра (некаде околу 75 година по Христа), што значи дека временски бил многу близу до настаните поврзани со неа.

                  Да направиме краток осврт кон историските настани поврзани со владеењето на Клеопатра Седма. По смртта на нејзи­ниот татко Птолемеј Дванаесетти, Клеопатра останала да владее со Египет заедно со својот дванаесетгодишен брат Птолемеј Тринае­сетти. Клеопатра тогаш имала само осумнаесет години (била родена во 69 година пред Христа во Александрија).  Рековме дека таа имала уште три сестри. Постари од неа биле Клеопатра Шеста и Береника, а помлада од неа била Арсиноја Четврта. Имала уште еден брат познат како Птолемеј Четири­нае­сетти. За нејзината сестра Клео­пат­ра Шеста се смета дека умрела како млада. Во тоа време државата на Птолемеите сѐ повеќе пропаѓала на сметка на растежот на Римската империја.

                  Според египетската традиција (која веќе ја спомнавме и до која Птолемеите стриктно се придржувале), Клеопатра не можела да владее сама со Египет, па затоа формално била принудена да се омажи за својот помлад брат Птолемеј Тринаесетти. Сепак, таа уште на почетокот на заедничкото владеење, го игнорирала својот брат. На монетите го претставувала само својот лик, а на официјалните државни документи го потпишувала само  своето име. Во тој период нивната држава ги загубила териториите на Кипар, дел од Сирија  и Киренајка. По тригодишно заедничко владеење, Клеопатра била сим­ната од престолот, а главни виновници за тоа биле советниците на нејзиниот брат Птолемеј Тринаесетти, кои успеале да го убедат дека е подобро да владее сам. Тогаш Клеопатра била прогонета, а на престолот останал да владее сам  младиот и неискусен Птолемеј Тринаесетти. Во тоа време на власт во Рим се наоѓал Јулие Цезар. Во 48 година пред Христа, Цезар дошол во Александрија, а Птолемеј Тринаесетти се повлекол од кралскиот дворец. Цезар влегол во кралскиот дворец во Александрија, но не сакал формално да го оку­пира Египет, туку сакал да стави свој приврзаник да владее со оваа држава. Тоа го искористила Клеопатра, која во меѓувреме успеала да дојде Цезар при што веднаш го освоила со својата привлечност и станала негова љубовница. Меѓутоа Цезар побарал да се сретне и со нејзиниот брат и опонент Птолемеј Тринаесетти. Така Клеопатра и Птолемеј Тринаесетти заеднички биле поканети пред Цезар. Птолемеј Тринаесетти сфатил дека Цезар веќе е под влијание на Клеопатра и веднаш му станало јасно дека таа ќе го замени на престолот. Поради тоа тој, заедно со своите лојални приврзаници, организирал воен бунт против Цезар. Во судирите што следувале изгорел дел од библиотеката во Александрија. Во такви услови и Арсиноја (сестрата на Клеопатра) побег­нала од кралскиот дворец, при што и таа била прогласена за кралица, откако добила поддршка од оние Македонци кои биле против Клеопатра. Во врска со ова, во горе­наведеното издание (Cleopatra VII, Ptolemaic Dynasty, Design, Layout and Graphic  Art by Jimms Dun and Inter Cits OZ Inc Employee USA, 1996), читаме:

                  “Сестрата на Клеопатра Арсиноја побегнала од дворецот и отиш­ла кај Ахила (војсководител и опонент на Клеопатра, з. м.). Таа била прог­ласена за кралица од македонскиот дел од војската.”

              Судирот со опонентите на Клеопатра завршил со нивни пораз. Главните војсководители биле погубени од страна на Цезар, а загинал и самиот Птолемеј Тринаесетти. Така Клеопатра станала единствен владетел на Египет. Но, за да ја задоволи египетската традиција, таа и овојпат формално била прину­дена да се омажи за својот уште помлад единаесетгодишен брат Птолемеј Четиринае­сет­ти. Всушност таа си останала љубовница на Цезар и од таа врска на 23 јуни  47 година пред Христа им се родил синот Цезарион (познат и како Птолемеј Петнаесетти). Во 46 година пред Христа Цезар ја поканил Клеопатра во Рим. Конзервативните републиканци негоду­вале поради неговата врска со Клеопатра, која таму била дочекана со највисоки почести. Цезар бил толку опиен од неа што воопшто не обрнувал внимание на негодувањата од републиканците. Тој дури наредил да биде направена златна статуа со ликот на Клеопатра, која била поставена во познат римски храм. Истовремено Цезар отворено изјавил дека и формално ќе се ожени за неа, што исто така предиз­викало негодување среде високите кругови во Рим. Но, во 44 година пред Христа Цезар бил убиен во атентат. Клеопатра веднаш се вратила во Александрија, загрижена за натамошните настани. Таа наредила да биде убиен Птолемеј Четиринасетти, а за владетел што ќе владее заедно со неа го прогласила својот четири­годишен син Цезарион (Птолемеј Петнаесетти). Тогаш во Египет владеела голе­ма економ­ска криза. Клеопатра будно ги следела настаните во Рим, каде на власт заеднички дошле Марко Антоние, Октавијан Август и Лепид. Бидејќи Октавијан Август тешко се разболел, Клеопатра про­ценила дека најзначајна личност во Рим ќе биде Марко Антоние.  Тогаш таа веројатно донела одлука да му се приближи и нему. Клео­патра за прв пат се сретнала со Марко Антоние во 41 година пред Христа во Тарс. Таму Клеопатра го завела моќниот Римјанин. И покрај економската криза во Египет, таа му однела скапи подароци, а себеси се облекла како Афродита  (богињата на љубовта). На Марко Антоние  му се допаднала идејата да добие жена со “сина крв” од династијата на Птолемеите, затоа што неговата тогашна сопруга Фулвија  била од средната класа. Така се родила една од најпознатите љубовни врски во историјата на човештвото. Во 41 година пред Христа Марко Антоние и Клеопатра заеднички живееле во Алек­сан­дрија, а во 40 година Марко Антоние заминал оттаму. Тогаш почи­нала неговата сопруга Фулвија, а тој, за да ги смири односите со Окта­вијан Август, се оженил за неговата сестра Октавија (која тогаш и самата била вдовица).  Во меѓувреме Клеопатра му родила близ­наци на Марко Анто­ние, кои ги добиле имињата Александар Хелиос (Сонце) и Клеопатра Селена.

              Марко Антоние на Клеопатра ѝ ги подарил териториите на Кипар, Киликија, Феникија, дел од Сирија, Јудеја и Арабија. Така Клеопатра, успеала значително да ја зголеми територијата на својата држава. Тогаш Египет за миг повторно ја вратил својата стара слава. Била изградена силна флота, која всушност му била потребна на Марко Антоние во неговата борба против опонентите во Рим. Но, во 36 година пред Христа Марко Антоние доживеал пораз. Клеопатра била со него во Антиохија. Тогаш  им се родил уште еден син, кого го нарекле Птолемеј Филаделф. Во 34 година пред  Христа Марко Антоние извојувал победа во Ерменија, од која  добил значи­телни финаниски средства. Оваа победа била грандиозно прославена во Александрија. На јавната прослава Клеопатра била претставена како божи­цата Изида, а Марко Антоние себеси се претставил како маке­донскиот бог Дионис. Во тој победнички занес, Клеопатра и Марко Антоние и навистина посакале да создадат светска империја, исто како што тоа своевремено се обидел да го направи и Александар Македонски. Детален опис на овој побе­доносен занес на Марко Антоние и на Клеопатра дава Плутарх, кој пишува:

                  “...Беа поставени два златни трона врз сребрена плат­форма. Едниотбешезанего (Марко Антоние, з.м.), адругиотзаКлеопатра. Крајнивнитенозебеапоставенипонискитроновизанивнитедеца. Тој ја прогласи Клеопатра за кралица на Египет, Кипар, Либија и дел од Сирија. За владетел што ќе владее заедно со неа го прогласи Цезарион (Птолемеј XV, з.м.), угледнот син од претходниот Цезар, кој ја остави Клеопатра со дете. Неговите сопствени синови од Клеопатра беа прогласени за кралеви над кралевите. На Александар тој му ја даде Ерменија и Медија, заедно со Партија, веднаш откако ќе биде завземена. На Птолемеј му ги даде Феникија, Сирија и Киликија. Александар беше изведен пред народот во медиска носија, со тијара со исправен врв, додека Птолемеј носеше чизми, наметка и македон­ска капа опфатена со дијадема, каква што по обичај носеа наследниците на Александар... И кога  тие ги  поздравија своите родители, едниот беше примен од стражари Македонци, а другиот од стражари Меди и Ерменци. Клеопатра тогаш, како и претходните пати кога се појавуваше пред народот, беше облечена како божицата Изида и му се претс­тави на народот како Нова Изида”. (Antony by Plutarch, Translated by John Dryden).

              Во наведеното издание “Cleopatra VII, Ptolemaic Dynasty, откако е даден описот на оваа грандиозна прослава, авторот заклучува:

              “Клеопатра сонувала да стане кралица на целиот свет”.

Дека крај­на цел на Клео­патра Седма и на нејзиниот сопруг Римјанинот Марко Антоние, би­ла обно­ву­вање на Македонската импе­рија од времето на Александар Маке­дон­­ски смета и герман­скиот историчар Улрих Вилкен. (“Александар Македонски”, Скопје, 1988, стр. 309). Впрочем, фактот што тие покажувале почит кон кул­турата на сите народи над кои владееле (преку јавното презентирање на нивните обичаи, носии и религиозни убедувања) е доволен пока­зател дека тие и навистина сакале да ја обноват империјата на Алек­сандар Македонски. Впрочем, така се однесувал и самиот Александар, кој исто така јавно ја манифестирал својата  длабока почит  кон останатите народи.

              Во 31 година пред Христа Марко Антоние се развел од својата сопруга Октавија. Тогаш тој исковал монети со својот лик и со ликот на Клеопатра. Овие монети денес се едни од најскапите и најбара­ните во светот на нумизматиката. Претходно Октавијан Август ѝ објавил војна на Клеопатра. Во пресудната битка помеѓу Марко Антоние и Октавијан Август, победила флотата на Октавијан Август. Марко Антоние добил лажна вест дека Клеопатра загинала, поради што извршил самоубиство. Клеопатра се обидела да прего­вара и со Октавијан Август, но тој не покажал никаков интерес за такви преговори. Наоѓајќи се во безизлезна состојба Клеопатра извршила само­убиство, откако претходно дозволила да биде касната од египетска кобра. Според египетската традиција, сите што умирале од отровот на кобрата, останувале бесмртни. Клеопатра умрела на 12 август 30 година пред Христа кога била на возраст од 39 години. Веднаш по нејзината смрт, Египет бил окупиран од Римјаните и неговата територија била анектирана кон римската империја. Пос­лед­ниот формален владетел на Египет Птолемеј Четиринаесетти (синот на Клеопатра од Јулие Цезар) бил задавен по наредба на Октавијан Август. Интересно е тоа што останати деца на Клеопатра (што ги имала со Мар­ко Антоние) останале живи и биле посвоени и израснати токму од Октавија (разведената сопруга на Марко Анто­ние и сестра на Октавијан Август).

1dons Александар ДОНСКИ     

 

  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.