|
|
Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија (4) |
НЕОСТВАРЕНИ ПОРАКИ НА ПИЕСКАТА „СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“
Селото Марикостиново каде учителствува јас броеше околу 250 куќи. Тоа е наоѓа на левата страна од реката Струма, на 5 км од бугарско-грчката граница, а од југословенско-бугарската граница е оддалечено 50-60 километри. Марикостиново беше, а верувам дека и се уште е, село на осведочени македонски патриоти, - вели Блага Саздановска. Во училиштето каде што предавав македонским литературен јазик и македонска национална историја имаше околу 150 ученици. Сите ученици, а добар дел и од колегите, како и директорот на училиштето беа од Марикостиново. Живеевме како едно големо, сложно семејство. Уште од самото доаѓање јас бев многу срдечно примена, како од учениците, така и од месното населелени и колегите. Моите први предавања по македонски јазик и македонска историја за учениците значеа средба со нешто ново, нешто долгоочекувано и, конечно остварено … Значајна просветно-културна дејност во училиштето и сред населениетоМоите предавања со задоволство беа следени од учениците. Тие, едноставно, “голтаа” се што им кажував за нашиот јазик, за нашата историја. Но, учениците не беа единствените што имаа среќа да ги слушаат моите предавања. Голема љубопитност постоеше и кај постарите. Токму затоа, во соработка со месната власт организирав курсеви за изучување на македонскиот литературен јазик и македонската национална историја и за младината, членовите на Отечествениот фронт, како и напреден курс за наставниците и службениците на училиштето, како и за оние што беа на служба во Општината. Курсевите за возрасните беа посебно доживување: тие пројавуваа неверојатно голем интерес за предметите што ги изучуваа. Тие не веруваа дека некој, некогаш, најголемата придобивка ќе им ја ограничи… Во културно-забавните приредби учество земаа и восраснитеМојата активност на културно-просветен план имаше широки размери. Приредби организиравме како со пионерите и младинците, така и со возрасните – курсистите. Нашите приредби со задоволство беа следени од населението. Со младинците, се сеќавам, ја подготвивме пиеската “Се за Македонија”, во која на симболичен начин беше прикажана вековната борба за слобода на македонскиот народ како и нејзините придобивки. Исто така, меѓу наслението организиравме собирна акција на чорапи, кошули, блузи и друга облека за ранетите партизани од Егејска Македонија. За овие борци за национална слобода изведовме приредба од рецитации и македонски народни песни. Приредбите што ги подготвувавме со пионерите, младинците и возрасните, ги дававме во повеќе околни села. Големо признание за вежбата “Овде е младоста на Југославија”Покрај македонски литературен јазик и македонска национална историја, јас предавав и фискултура. Така, во чест на 24 мај – Денот на фискултурата во НР Бугарија, подготвив фискултурна вежба со учениците насловена “Овде е младоста на Југолсавија”. Оваа вежба ја изведовме и во Марикостиново и во Петрич. Таа вежба беше прекрасна: лицата на учениците –Македончиња зрачеа од среќа, а нивните рачиња беа украсени со југословенското, македонското (во десните раце) и бугарското знаме (во левите раце). Вежбата толку многу ја задоволи публиката во Петрич, па затоа јас бев наградена со 20.000 лева кои ги потрошив за збогатување на училишната библиотека со македонски книги. “Во има на законот – отворете”Нашата културно-просветна дејност се повеќе се распламтуваше, а резултатите беа, од ден на ден, се поевидентни. Никој не веруваше дека таа дејност еден ден насилно ќе биде прекината. Но, една ноќ (на 26 јули 1948 година) на полноќ, на вратата од мојот стан се слушна силно чукање. Јас бев исплашена и не отворив. Но, од другата страна некој почна да вика: “Во името на законот, отворете … , доаѓаме службено…”. Кога отворив, агентите на полицијата се втурнаа во собата и почнаа да пребаруваат. Ми наредија брзо да се подготвам за заминување во Петрич. Некои ртаботи успеав да понесам со себе, но, повеќето документи ми беа запленети. Кога излегов, во центарот на Марикостиново здогледав голем камион во кој се наоѓаа неколкумина мои колеги од околните села. По пристигнувањето во Петрич, бевме сослушани од Полицијата. Потоа ни беше наредено веднаш да заминеме за Југославија. Ја напуштивме Пиринска Македонија со претчувство што може да се случи со Македонците од овој дел на Македонија. Така, пораките на пиеската “Се за Македонија”, во која беа вткаени желбите на сите Македонци, останаа неостварени. (Продолжува) |