Среда, 05 Октомври 2022   
Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија (6)

ЧЕСНО И УСПЕШНО ЈА ИЗВРШУВАВМЕ НАШАТА ЗАДАЧА

 

kiril-dobrusevski
Кирил Добрушевски

-Одлуката на Министерството за просвета на НР Македонија за одење во Пиринска Македонија ја примив со голема радост, - вели Васка Антонова, која учителствуваше во една седмолетка во Горна Џумаја (Благоевград). Кога бев известена дека треба да заминам на работа во Пиринска Македонија, јас бев пресреќна, пред се, поради тоа што ми беше доверена толку значајна и благородна мисија и, конечно, да предавам македонски литературен јазик и македонска национална историја токму во Пиринска Македонија. Без многу размислување јас и го оставивив на мајками моето малечко дете на чување и заедно со мажми Арсо заминавме на работа во Горна Џумаја.

Нашата радост беше оправдано голема. Ние бевме импресионирани од пречекот на југословенско-бугарската граница. Тоа беше спонтан, средечен и топол пречек, израз на една голема љубов и бескрајна среќа што “бришењето” на границата меѓу нас и нашите браќа од Пиринскиот дел на Македонија беше на повидок. Насекаде бевме пречекувани со песни и ора, транспаренти и скандирања во знак на остварување на вековните мечти на мекедонскиот народ за обединување.

Јас бев распоредена во една горноџумајска седмолетка. Работата ја започнав со посебен ентузијазам, а односот на учениците кон предметите што ги предавав придонесуваше тој ентузијазам се повеќе да се разгорува. Нашата мисија како на просветни дејци, така и на оние од театарот, книжарницата и другите имаа извонредна поддршка кај населението. Токму затоа нивното значење за македонското дело е многу големо.

Кога веќе зборувам за изучувањето на македонскиот литературен јазик, должна сум да нагласам дека тоа изучување не беше од класичен тип. Ние во училиштата, како и на курсевите, предававме лекции по македонски литературен јазик, кој, од познати причини не можеше да биде изучуван во училиштата. Зашто, учениците зборуваа на свој јазик што го научиле во своите родителски домови кој беше одгледуван љубоморно со столетија од нашите луѓе во Пиринска Македонија. Мошне ме импресионира што моите ученици – Македончиња од Горна Џумаја, многу брзо ги сфаќаа законитостите на македонскиот литературен јазик, па можеа мошне чисто да зборуваат. Очигледно, причините за тоа беа мошне јасни: она што за нивните родители беше само сон, тие имаа среќа да го видат на јаве.

Голем интерес за македонските изданија на весници и книги

Покрај часовите во училиштето јас вршев и други работи. Бев задолжена за пласирање на списанијата и за Пионерскиот весник во цела Пиринска Македонија. Интересот на учениците за Пионерскиот весник беше зачудувачки голем: 7.000 примероци не беа доволно за да се обезбедат сите ученици!

Од ден на ден меѓу населението се повеќе растеше интересот за се што беше македонско. Така, сосема спонтано дојде и до организирање и на курсеви за возрасните. Јас во Горма Џумаја водев еден таков курс. Предавањата по македонски литературен јазик, главно, се состоеја од изучување на специфичностите на македонскиот јазик и разликите меѓу нашиот и бугарскиот јазик.

Македонците од Пиринска македонија во тоа време доживуваа вистинска ренесанса на просветен и на културен план. Среќна сум што заедно со нашите браќа од тој дел на Македонија можев, макар толку кус период, да ја делам радоста. Но, за жал, сето тоа многу кратко траеше. Сите соништа со објавувањето на Резолуцијата на Информбирото беа збришани, но нашето дело, ние чесно и успешно го извршувавме...

Искажувањата ги подготви Кирил Добрушевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.