|
|
Санстефанскиот договор од руска страна беше голема грешка |
(“Петербуршки ведомости”, Бр. 315 од 1900 година) “Склучувањето на Санстефанскиот договор беше голема грешка од руска страна. Зашто тој Договор правеше од Македонија чисто бугарска земја. Таа е словенска, но не и бугарска…” Коста Георгиев, “ Филетизм или проклјатие”, Софија, 1995, стр 157 ИЗЈАВА НА ГРОФОТ ШУВАЛОВ: САНСТЕФАНСКИОТ МИР Е НЕСРЕЌА И НАЈГОЛЕМО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ЗА РУСИЈА По силните притисоци на Австро-Унгарија и Англија врз така скроениот Санстефански договор, идејата за негова ревизија била прифатена и од владата на Русија. Кнезот Горчаков, по чија наредба руската делегација го потпишала договорот, нешто подоцна самиот напишал: “Санстефанскиот мир ни создаде големи потешкотии. Сега ние треба да отстапуваме, и без жртви, одвај ќе најдеме излез од положбата”. По тој настан реагирал и грофот Шувалов, кој на австроунгарскиот министер Андраши му изјавил: “Санстефанскиот мир е несреќа за нас, а не за Австрија. Тоа е најголемото недоразбирање што можевме да го направиме. На крајот на краиштата, ние ќе бидеме принудени да отстапиме пред очите на цела Европа…” Ванчо Стојчев, Распаѓање на идејата за голема словенска држава на Балканот, Македонско време, бр.56, јуни 1999, стр. 33-34; |