|
|
Компаративна анализа на резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета |
Томе Бошевски, Аристотел Тентов Во овој текст е презентирана компаративна анализа на зборовите и изразите од исчитувањето на целиот среден текст на каменот од Розета. Моментално идентификувавме над 420 различни зборови и изрази коишто го задржале нивното значење во современиот или во дијалекти на современиот македонски јазики, но и во архаична или во современа форма на современите словенски јазици. Согласно со пишаниот материјал на средниот текст на каменот од Розета, идентификацијата и анализата на структурата на речениците сега треба да биде предмет на понатамошни истражувања. Навлегувајќи подлабоко со анализите и споредувајќи ги резултатите на нашето читање на средниот текст, со познатите читања на древно-грчкиот текст, можеме да заклучиме дека двата текста, таканаречениот демотски и древно-грчкиот се идентични само со содржината на наредбите на фараонот во текстовите. Секако, овие два текста се разликуваат во однос на редоследот на зборовите и во реченичката структура, што е многу логично и се очекува во сите случаи кога споредуваме два идентични текста запишани на два различни јазици, дури и денес. Превземете го целиот текст овде. |