|
|
Серски конгрес - 29 јули 1905 |
Серскиотконгрес на Серскиот револуционерен округ е последен конгрес од низата конгреси на Македонската Револуционерна Организација по Илинденското востание па се` до свикувањеото на општиот Рилски конгрес. Конгресот започнал со работа на 29 јули 1905 година во месноста Белемето, во Пирин и траел околу 8 дена. На него присуствувале 25-30 делегати, а меѓу нив поистакнати биле: Јане Сандански, Стојо Хаџиев, Ѓорѓи Скрижовски, Лазар Томов, Тодор Поп Антов и други. Покрај нив присуствувале и неколку гости.
Конгресот посебно се посветил на разгледување на извештаите на делегатите за положбата на Организацијата и населението. Било заклучено дека организациската мрежа која била заслабена е повторно зацврстена, разврзана е интезивна дејност, духот на населението е бодро, а целото револуционерно движење станало поцврсто. Конгресот дискутирал и за раководството, а за војводи биле избрани Јане Сандански - Мелничко, Таската Врански - Серско, Скрижовски - Разлошко, П. Милев за Неврокоп, Дедо Илија Крчовалијата и Хаџиев за Демихисарско и Ичко Бојчев за Горноџумајско. Дополнително кон тоа бил направен избор за учители по селата и градовите, да се засили агитацијата меѓу другите националности и да се засили просветната дејност. Било посветено внимание и на економските прашања, а меѓу другото било решено да се присилуваат чифликсајбиите да ги продават своите чифлизи, селаните да ги откупуваат и на тој начин да се ослободаат од чифлигарските односи и да си ја повратат земјата. Во однос на Империјата било решено да се бојкотираат нејзините финансиски мерки како што е собирањето на десетокот. На крајот на својата работа делегатите избрале претставници за општиот конгрес на Организацијата.
Извори
|