|
|
Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сите сфери |
„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар ветеран, но за жал Македонија раѓала и сорта на Лигушевци и сорта на послушници и се освестуваме тогаш кога времето е веќе изгубено, дека не е уште касно. Зошто сево ова? ...Лигушевци нема ниту да ја афирмираат државата на светски план, ниту ќе ја издигнат економијата да стане Македонија, нека и ма-ла држава, но висок светски економски фактор... Тука е потребно да дојдеме пак до зборовите на Солунски – „Тие ќе ја држат републиката и водат во пропаст додека не му здодее на народот економската немаштија и востане против тие што до ден денеска (ја) сонуваат Југославија и им рече, стига или главите долу, тогаш ќе се најдат смели Лигушевци кои ќе речат: „Да народе во право си да востанеш и бараш тоа што ти припаѓа, Ние сторивме сеж што можевме но сме слаби да го убедиме светот да неж слуша и помага и за нас, како мала и слаба држава, нема друг начин да излеземе од оваа криза освен да се споиме назад со остатокот на бивша Југославија, а со тоа пак да станеме колонија во алчните нокти на Шешеловци и Милошевци”. Меѓу другото ова не е догма, а реален чин утре да ни го сервираат тие што 47 години ја градеа Србија, а не Македонија”! А за да не се случи тоа потребно е секој од нас да е буден, да се бори и бара чекори на вистинско дело, а не лага со шлем и меч. За ова е потребно македонското иселеништво да се сплоти околу тие кои секогаш не учеле да тераме прави патишта и успееме да имаме свои претставници во Македонскиот Парламент да работат не да формираат востаничка армија во Македонија да се бори против Македонија, како што тоа го прават албанските заменици и помошници министри, а да ра-ботат за Македонија, да ги изучуваат работите и врз тоа да им помагаат на Лигушевци да станат Гоцеделчевци. Македонската емиграција во ст-ранство ги има тие можности и може многу да придонесе за афирмирањето на републиката во сите сфери, државна, економска, национална и интер-национална, но за да стане ова стварност на чело треба да се избираат тие што знаат што треба и како треба и да им се помага нивната работа да оди во корист согласно националниот интерес, а не да се дозволува поединци да се збогатуваат и да создаваат династии и да го лажат народот да дава и да се трошат против интересот на тој народ, а не во корист на интересот на тој ист народ...”
Родољуб Славин - Од Историско истражувачката група „Гоце Делчев” |