Среда, 25 Октомври 2023   
Исламизација во Македонија

angelina-markus
Ангелина Маркус

Исламизацијата почнува уште со окупацијата на Балканот од страната на Турција. Меѓутоа најинтензивно се одвива во 16 век и подоцна. Покрај притисокот за покрстување, покрстените имале и посебни привилегии, намалени давачки и државни служби. Со покрстувањето требало да се промени христијанското име. Таквата пракса индиректно ни ги потврдува првите исламизирани генерациии од домородното население.

Вообичаено евиденциите во тоа време се воделе со запишување на личното име и името на таткото. Проблеми се јавувале кај прво покрстените генерации од христијаните, доколку таткото од разни причини не бил поктрстен т.е. останал со христијанско име. Во најголемиот број случаи наместо името на таткото се запишувало општо име „АБДУЛАХ” – „прататко”.

Анализите покажаа дека на просторите на Македонија како лично име не се појавува Абдулах, што значи, реално не може да се појави и како татково име. Со други зборови кога по новото – муслимански има се сретне син на Абдулах или само Абдулах, со голема сигурност може да се потврди дека се работи за лице-глава на домаќинството кое што се покрстило како прв од своето традиционално христијанско домаќинство. Исклучок од општото правило било во областа Река (околу Радика) каде се практикувало, наместо Абдулах да се запишува вистинското име на таткото (Стојан, Димитар, Никола, ...).

Анализите покажуваа дека исламизираното домородно население во градовите, се трудело да го научи турскиот јазик, а постепено тој почнувал да се користи и во семејството. За разлика од условите во градовите или населените места близу до градовите, оддалечените населени места во кои имало исламизација, а немало од каде да го научат турскиот јазик, останале да го зборуваат македонскиот мајчин јазик.

Со релативно сложена статистичка пресметка за бројот на поколенијата, произлегува, дека населението што во 1913 година се декларирало како турско, над 70% генетски потекнувало од домородното население, односно нивните дедовци или прадедовци биле христијани. Дополнителна потврда за тоа е и распоредот на турското население. Голем број на турско население има по селата.  Турското население по род, доселено од Турција, најчесто биле државни службеници кои останале да живеат во Македонија или воени официри кои по престанувањето на воента должност за постојано место на живеење ја избрале Македонија, но тие најчесто останувале да живеат во градовите. Исклучок од тоа се Јуруците кои вообичаено биле сточари, се доселувале со семејствата, а поради природата на занимањето (напасување на стадата) останувале по планинските села, или пак, во посебни - времени живеалишта мезри. Доселувањето на Јуруците било потпомагано од властите заради одржувањето во покорност на домородното – христијанско население. Познати се и практиките, турските службеници да се женат со домородни девојки (доброволно или грабани) чии поколенија логично се евидентирале како муслимани. Дополнителен извор на зголемено муслиманско население се и познатите одземања (грабнувања) на машки деца од христијанското – домородно население кои ги учеле и воспитувале во духот на муслиманството. Од нив биле пополнувани таканаречените јаничарски воени формации.

Исламизацијата во Македонија е евидентна. Меѓу историчарите има дилеми колку тој процес бил со политички притисок, а колку поради економските привилегии или опортуно однесување на поединци. Распоредот на исламизираното население сугерира дека централната власт од Цариград јавно не декларирала исламизација. Тоа го правеле локалните управители и поединци од тогашната хиерархија.

 

На прво место

News image

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат о...

Историја

News image

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на ...

Иселеници

News image

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.