|
|
„Огледало“ за селаните и попот во тетовско |
КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ, (1816 година) „Гледам, во једни села, да чува Господ! Диб грубо! Ни христијани можам да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и Велика субота јадат и пијат, у великиј пост хора играат... Давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден Велик-ден причесна чекаат. А попот узел - осом села попуат, каде понапред да стасат. Трчат од село на село со мензул (поштенски курир, н.б.) носит светии тајни. А једни сиромаси христијани дури ги жалим, зошто само полдне стоат и чекаат попа да му донесе причесна. И викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било”! Другите пак велат: „Ајде да му се натепамо, ки (та, н.б.) уште еднаш да не се забават”! А једни чорбаџије што са, мало по зенгини (богати, н.б.) како кметинке, пак тија велат: „Не така, да го собрале вкуп - да идемо, да однесемо овен на агата или пашата, да му аливерисамо ќотек, јем да го напудимо, да земемо друго-того попа, ако е подалеку со куќата. Пак други кмет велит за друго того попа: „Каков флобар јест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават, ама помало земат, јем вересие пеет, чекат за паре со години. А другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш”. Кој тако велит, кој другојаче аслиќелам (туку, н.б.) свите хулат на попот што им јест законик, што крстил во името Свети Троици и ги венчал, и ќе ги закопат и што им је татко и поголем од родител негов. Не постат како што се постит и на попа хулат, и причесна чекаат до полдне. И ја гешниј и недостојниј во иеромонасе Кирил што сом погрешен от сите них много и много и прекомного, и уште грех сторих што ги осудих - создание и раби божји и браќа наши осудих - јер не се поносујем со них, да не даде бог, токо ги жалим јер ги учим, јер се молим Богу Христу спаситељу нашему, и молим да ги поставит на пуст истиниј и да ги извадит от темнину у виделина и вси христијани да спасит и нас помилует, амин; - и ја грешниј… И видох така каде зборат, видох, не берендисах и им рекох: „Зошто христијани чекаме до полдне? Не ли, надробите леб и сипајте вино на лебец, да ни попа чекајте, ни пцујте го, ни тепајте го, ни глоба дадите стоката, јадите си ја сами, зашто на забит да ја дадете глоба? Тија ми велаат: „Попот што носит велиј ден, што ни дава нам тоа не јет леб и вино, токо јест крв Христова. Затоа и чекаме до полдне, зере сме чуле од стари - без неа не може човек да биде жив”? Ја им велим: „Кој ви кажуе така, дали попот”? Тој ми велит: „Бре, попот досега никаква реч не ни казал, от негова уста това не излага никогаш. Њему кажи му со нас барабар да идет на свадби, на теферич, на хора, на лов, на сехер (забава, н.б.), на потера, на алиш-вериш (земање-давање, н.б.), да прекупи да препродаде, а за поучение ни мије го прашаме ни он сам ни кажует”. И ја грешен гледам од обете страни кабает: и од христијаните, зошто не прашаат попа, и од попот зошто сам не ги поучует помало, колку јест кадир, колку знает, толку нека каже: гледам, касавет не му је за нуаријата (грижата, н.б.) што ја зел, на шија му виси”. Кирил Тетоец Пејчиновиќ, Книга сија зовамаја Огледало..., Будим, 1816, стр.100-104; Кирил Пејчиновиќ, Собрани текстови, прир. Б.Конески, Скопје 1974; Крчовски-Пејчиновиќ, Избрани текстови, Скопје 1963, стр.74-75 |