Среда, 24 Април 2013   
Македонски иселенички печат (II дел)

СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНЧЕ” НАМЕНЕТО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА ВО ИСТОЧНОЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

vesnik240(Прво списание на македонски јазик печатено во Букурешт, наменето за македонските деца и за младината во источно-европските земји, август 1949 година)

„Една сурова војна, што ни ја наложија туѓинците, принуди нашите деца за да се спасат, да го земат патот за туѓина. Во народните републики нашите деца најдоа секаков мајчин и човечки прием што може да се даде (на) еден народ кој што твори ново општество на труд, на прогрес, мир и радост и ја чувствуваат нашата борба многу близу до нив, како нивна борба... За Македончињата на кои првпат им се дава возможност да се образуваат на својот мајчин јазик, благодарение на заедничката и општа борба на грчкиот и македонскиот народ, благодарение на големата и незимерна грижа и помош на на-родните републики во кои денес живеат, вакво списание ќе помогне од многу страни. Стремежот или обидот, да се научат нашите деца на свој јазик, да им се пренесат револуционерните преданија и духот на нашиот народ, да се научат спрема способ-ностите во местото каде живеат и да се подготват за одбрана и заштита на народот, на мирот и напредокот.

Настојувањата на списанието се за единство меѓу Македончињата и Грчињата. Имено, како што македонскиот и грчкиот народ се челичеа во борбата против општиот непријател, така сега заедно развиваат љубов, пријателство и соработка со народите со кои што живеат, а особено ќе се стремат нивните деца, да станат патриоти кои ќе ја сакаат својата татковина и својот народ, да станат луѓе со длабока мисла, а нивни пример да биде нивниот живот, работата, духот и напредокот на социјалистичката мла-дина”.

„Македонче”, год. И, бр.1, август 1949, Букурешт; Славе Николовски-Катин , Македонскиот иселенички печат, Студентски збор, Скопје 1993, стр. 234-235;

 

„МАКЕДОНИЈА” СПИСАНИЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ  ВО  САД  И  КАНАДА  (Индијанополис,  2 август 1954 година)

„Овој весник ги изразува страдањата на една популација која пет века се бори за слобода... Пред четириесет години се направи неправда кога Македонија, земјата со 66 илјади квадратни километри беше поделена помеѓу трите соседни земји, од кои Грција и Србија воведоа терор, а се употребуваа варварски методи со цел да се денационализира локалното бугарско население... Името Македонија останува како симбол на страдање и неправди, но во исто време со херојско минато. Ма-кедонското прашање е едно од најчувствителните на Балканот и светот во целост”.

„Македонија” (Мацедониа), весник на МПО  за САД и Канада, год.И бр.1, август 1954,Индијанополис, стр. 1.; С. Николовски-Катин , Македонскиот иселенички печат, стр.175-176;

 

ВЕСНИКОТ „ГЛАС НА ЕГЕЈСКИТЕ МАКЕДОНЦИ” ОД МЕЛБУРН (Мелбурн, мај 1986 година)

„ЦОК (Централен организационен комитет, н.б.) за МЧП (македонски човекови права, н.б.) е формиран кон средината на сетември 1984 година во главниот град  на Македонија - Солун, а на 3 октомври истата година се јави во јавноста со овој манифест во кој се изнесуваат основните барања пред грчките власти и ја запознава светската јавност со тоа. Движењето (Движење за човекови и национални права на Македонците во Егејска Македонија, н.б.) со својот проглас постави пред грчката влада и грчката јавност шест барања кои беа објавени во оригинал во сите грчки и ред странски весници, а по решение на ЦОК за МЧП ја повторуваме публикацијата на истите материјали само на македонски јазик во првиот број, со цел да се запознаат и Македонците со тие материјали...”

„Глас на егејските Македонци”, бр.1, мај 1987, Мелбурн; С.Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат..., стр. 73;

 

20 ГОДИНИ ДЕЈНОСТ НА КУД “ ИЛИНДЕН” ОД РОКДЕИЛ, СИДНЕЈ (Сиднеј, 1 јануари 1987 год.)

„Друштвото е формирано од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот фолклор и работи во рамките на Македонската православна црковна општина „Св. Петка”. Во него членуваат повеќе од илјада членови, а во овие дваесетина години има организирано околу 90 целовечерни концерти, над 200 пати настапило на разни приредби, прослави, национални празници и црковни манифестации. Друштвото било гостин на Републиката и било учесник на фестивалот „Илинденски денови” во Битола, а учествувало и на „Шел фестивалот” и на „Етничкиот фестивал” во Канбера...”

„Македонски весник”, год. ИВ, бр.1,  1 јануари 1987, Сиднеј; С.Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат..., стр.71;

 

„АВСТРАЛИСКО - МАКЕДОНСКИ НЕДЕЛНИК” („ТХЕ АУСТРАЛИАН - МАЦЕДОНИАН ЊЕЕКЛЅ” ОД ПЕРТ (Мелбурн, 6 мај 1988 година)

„Ги поздравуваме нашите читатели на првиот број на овој весник, кој одбележува нов правец во македонскиот печат во Австралија. Нашата намера е да подготвуваме  вредни и потребни информации за читателите. Всушност, весникот ќе биде македонски, но за да биде пошироко прифатен ќе има содржини и на англиски јазик. Ниту една етничка група не живее изолирано во Австралија и ние се надеваме да живееме солидаризирано во Австралија со групите кои се интересираат за прогресивен напредок на Австралија, преку “соединување на разликите”, за кои често зборуваме и кои ќе бидат основната австралиска придобивка за мир во светот. Ја избравме оваа позитивна и конструктивна намера за да овозможиме комуникација и информација за потребите на македонската заедница... Гледајќи ја мачната и тешка македонска историја, не треба да го изненади никого тоа што: мирот и човековите права ќе бидат приоритетни за весникот”.

„Австралиско-македонски неделник”, бр. 1, 6 мај 1988, Мелбурн, стр. 2; С.Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат..., стр. 78;

 

СПИСАНИЕТО „ЛИТЕРАТУРНА МИСЛА” (Торонто, 1 јануари 1990 година)

(Списанието е орган на литературното друштво „Браќа Миладиновци” што дејствува во рамките на Македонската православна црковна општина „Св. Килимент Охридски” од Торонто)

„Пред љубопитноста на ценетите читатели еве го и третиот број на списанието чии страници го исполнувааат стотина творби од триесетина автори. Податок кој сам за себе зборува оти еднаш посеаното семе ги возвраќа сега и така брзо потребните плодови на нашето препознавање во светот и обратно, во препознавањето и откривањето на светот преку нас... Првите поетски книги на членовите на литературното друштво, потврдуваат оти пишувањето е повеќе од обична љубов и приврзаност кон татковината и мајчиниот јазик...”

„Литературна мисла”, год.ИИ, бр. 3, септември 1990 , Торонто;

 

ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКО ДЕЛО” („МАЦЕДОНИАН АЦТ”) ОД МЕЛБУРН

(Мелбурн, 1 октомври 1989 година)

„Амбициозни се зафатите, сериозни се плановите, отворени се широко погледите  кон светлата иднина на трудољубивата емиграција. Сета работа на Редакцискиот совет е исполнета со љубов кон нашите родољубиви и непоколебливи доселеници, кои се бескомпромисни кон македонските идеали, а сето тоа го прават за светото македонско дело. На едно од епархиските собранија е решено да се отпочне со издавање весник. Затоа, Црковната општина „Св. Илија” (од Фуцкрај, Мелбурн, н.б.) одлучи да го издава весникот „Македонско дело”, кој треба од општинско да прерасне во епархиско гласило. Се планира овој весник да стане слободна трибина на родољубивата емиграција во Австралија под раководство и целосна поддршка на ав-стралиско-македонската епархија, а таквата улога иж припаѓа на најголемата и најпрогресивната општина во Мелбурн и Викторија”.

„Македонско дело”, бр. 1, октомври 1989, Мелбурн, (воведна статија); С.Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат..., стр.222;

 

СПИСАНИЕТО „КОРЕНИ” („РООТС”) ОД ТОРОНТО (Торонто, 1 август 1991 година)

„Корени” е месечник што им се обраќа и на младите и на старите, и на македонската и канадската читателска публика, и на традиционално образованите и на модерните читатели. Со „Корени” сакаме да ја изразиме и сета благодарност на Канада која првите Македонци ги прими со отворени раце уште на почетокот на овој век, а во која денес живеат повеќе од 300.000 луѓе од македонско потекло, да раскажеме за некои малку познати нешта, за културата, политиката, а пред сеж за луѓето, за прекрасната, чудесна природа на нашата нова земја...

...Списанието „Корени” треба да содржи уште една одредница- зборот „македонски” и се појави со намера да го зачува македонското национално, културно и политичко наследство на еден народ, горд и стар европски народ на канадските простори. Преку „Корени” ќе се настојува да се укаже на длабоките македонски корени, на силното столетно стебло и на сочните културни плодови, за да се реализира Гоцевата идеја”.

„Корени”, бр. 1, август 1991, Торонто, стр.1;

 

НЕДЕЛНИОТ ВЕСНИК „ДЕНЕС” („ТОДАЅ”)  ОД МЕЛБУРН

(Томастаун, август 1992 година)

„Да се задоволат зголемените потреби од добро и сестрано информирање, ќе биде првата задача на гласилото. Да се негува и унапредува австралиско-македонското пријателство, ќе биде втората задача рамна на првата... „Денес” ќе се труди да обезбедува свежи прилози од авторитетни соработници во Македонија и во Европа, да ги толкува сите нови процеси што ќе го зафатат тамошното општество и за кои дијаспората е заинтересиорана. Гласилото ќе се дистрибуира малку пошироко и затоа треба да биде огледало на многу настани... Гласилото ќе вложи напор за двојазичноста, односно, ќе се почитува јазикот на соработниците и особено ќе се внимава она што го публикува „Денес” да биде исклучителна  вредност на македонската заедница, која во дијаспората ќе добие и други неделни и месечни изданија. Има место за сите да понудат квалитет. Суд-бината така сакаше, Македонците да имаат повеќе изданија во дијаспората, одошто во Републиката.

„Денес”, бр. 1, август 1992, Мелбурн, (воведна статија);
 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.