Среда, 01 Мај 2013   
Аристотел во науките и филозофијата (V дел)

aristotelЃорѓија работеше и го ширеше ораторството со филозофија насекаде по градовите со македонски школи. Во Пела, Лариса, Арг, Делфи, Олимпија, Халкидик, во Сицилија, во македонската населба од Халкидик, Леонтина Сицилија. Имал брат Херодик, лекар, пријател на Емпедокле и Питагорејците со пурпурни наметки. Така филозофијата и медицината оделе пак заедно и со Ѓорѓија и брат му Херодик, како првосвештенство во врска и со Елејците од Колофон, прочуените Ксенофон, Парменид и Зенон. Нив често ги парафразирал Ѓорѓија за нивното битие што не постои и не се движи, а движењето е како небитие. Во врска со тоа е прашањето на Ѓорѓија: „Како може да постои тоа што го нема, а да не постои тоа што е? И Диоген го поддржувал Ѓорѓија со неми докази против недвижење. Едноставно Диоген се движел околу бурето. Кипеле аргументите во филозофските учења од разни спротивставувања, за да рече Сократ дека мајеутика е породилна болка на вистината. Во таква состојба Аристотел ја преземал филозофската проблематика, едноставно ја наследил филозофијата, така убаво да ја среди и да ја предаде на поколенијата во најчиста форма на севкупна разноврстнот. Тука се извршени сите превозијдувања, критики и отфрлање на штетни влијанија за да се обезбеди развојноста и усовршуваноста на Аристотеловата мисла.

Ѓорѓија бил во постојани врски и со филозофите и со најславните луѓе на векот во кој живеел во V и IV век. Во Пела се сретнувал со Архелај, со Хипократ, Никомах, Еврипид, Тукидид, Проксен, Антистен и многу други негови ученици, во школите за говорништво и преку сите нив извршил влијание на Аристотел. Многу патувал да држи говори и да ги подучува луѓето со најдобрто и најлошо оружје – зборувањето. Зборот е властодржец со најмал орган -јазикот, со кој се постигнуваат чудесни дела, велел ораторот, филозофот, со кралско потекло од Македонија, Ѓорѓија.Тој, Ѓорѓија е сврзувачкото филозофско ткиво на кое што се надоврза Аристотел, прво со говорништво, па со медицина и филозофија.

Ѓорѓија ни ги разоктрива сите премолчени врски со другите филозофи чии дела му се припишуваат на Платон за да можат да го поврзуваат и Аристотел со Платон, но само како коментирање.

Внатрешна и длабока, наследна врска постои помеѓу Аристотел и филозофите што ги познавал, проучувал, ги разбирал и го средил нивното место во науките.

Се премолчува дека ученикот на Ѓорѓија, Проксен, исто така ретор и софист, му бил одреден за старател и за учител на Аристотел.

Се премолчува дека, исто така, ученикот на Ѓорѓија, Есхин,му бил учител на Аристотел по реторика и дека Аристотел го предавал тој предмет со свој учебник пред царските деца, другари и ширум по Гимназионите низ Македонија.

Се премолчува дека Филип го испратил Аристотел во Мисија во Атарнеја кај кралот Хермија, за да отвори филозофски школи во Ас кај Троја, Митилена на Лезб и други места.

Се премолчува дека Теофраст, Нелеј и другите од тестаментот, со Аристотел се познавале и работеле во Македонија многу од порано, пред да стигнат во македонска мисија во Атина, после Херонеја.

Не се знае од што се поголеми штетите, од премолчувањето или од преправањето. Ќе наведеме само еден пример како се сака да се преправаат податоци во врска со Платон. Тој се родил 427 година и веќе како бебе во 426 г. се борел за Атина во Танагра и 424 г. во Делион кога имал 3 години. Целата лажна биографија на Платон се прераскажува и се дотерува, вметнувајќи се` и во македонската историја. Ѓуриќ раскажува како Пердика, кога дошол на власт 365-360 г. бил наговорен од Платон, на Филипа да му се даде да раководи со некоја покраина. Изгледа дека Платон дошол од Сиракуза, или како продаден роб, во контакт со македонските кралеви, да врши влијание, да се доближи до Филип и Аристотел. Во тоа време веќе Филип управувал со Пелагонија во родното место на Евридика, мајка му на Филип и баба на Александар, па никакви препораки не можел Платон да упатува ни за Пелагонија, ни за Хермија и другите македонски бази каде што Филип го праќал Аристотел да го организира македонското образование. Вакви ситници ни даваат непобитни аргументи за вистинската ситуација во антиката. Така Критија, вујко на Платон, филозоф и ученик на Ѓорѓија бил водач на триесетмината тирани што извршиле колење во Атина, Ксенофон опширно го опишува настанот во историјата. Платон го критикувал Критија дека применил “право на посилниот” од филозофијата на Ѓорѓија. Кого сега брани Платон и каде припаѓа? Ако се сака да се прикаже со племство, од каде што потекнуваат сите филозофи, не се знае зошто застанува на страната на демократите, што го убија Сократа и наводно исплашен за себе Платон ја напуштил Атина. Многу колеблива политика и филозофија. Ја крши својата припадност за да се употреби како идеолог на град државата Атина од каде што се избркани уметниците и другите умни луѓе како што се пишува во неговата идеална држава.

Треба да го претставиме Аристотел во центар на светската наука и филозофија, изгледа ќе мора да го симнеме Платон од лажниот пиедестал, на којшто го издигаат Грциве денеска, сакајќи од Атина да направат македонска империја, што е невозможно, немаат такви луѓе како Македонците.

Преку животот наАристотел ја откриваме историјата на Македонија. Силната личност на Аристотел му овозможила правилно да ги опфати и насочи претходните и идните науки. Ги поврзал по сродност и наследност школите и филозофите. Така правото на посилниот кај Ѓорѓија не го сфатил како насилие, туку како космполитизам или слобода на народите, применета од Александар Македонски.

Уште повеќе што и Антистен и Диоген биле ученици и приврзаници на Ѓорѓија и тие непосредно вршеле влијание на Аристотел и Александар со етика и хуманост во филозофијата да го обединат светот до граници на сонцето во изгрев, на исток до кајшто пристигнале Македонците со фалангата, царот и филозофијата.

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.