|
|
Вековните историски и национални идеали на целиот македонски народ се да живее слободен и обединет - (октомври 1944 година) |
ПИСМО ОД ШТАБОТ НА ЛЕРИНСКО-КОСТУРСКИОТ МАКЕДОНСКИ БАТАЛЈОН ДО ЦК НА ЕАМ И ГЛАВНИОТ ШТАБ НА ЕЛАС: ВЕКОВНИТЕ ИСТОРИСКИ И НАЦИОНАЛНИ ИДЕАЛИ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД СЕ ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДЕН И ОБЕДИНЕТ
“Македонскиот народ во петвековното ропство под цариградските султани не загина како народ, ами се разви како нација способна за живот. Големосрпскиот, големогрчкиот и големобугарскиот империјализам успеа да го разчеречат, но не успеаа да го избришат македонскиот народ, да го асимилират. На тој начин покажа оти е способен да живее како слободна нација. Базата за разрешавање на прашањата е следната: 1. Слободна и полна мобилизација на македонскиот народ од Костурско, Леринско, Воденско и Караџовско, каде што има и во мнозинство е стегнато македонско население. Сите Македонци партизани кои се најоѓаат во грчките смешани единици, да се префрлат во македонски такви. Сите тие македонски единици да имат нивно раковод-ство и свои штабој под линиите на централното раководство на ЕЛАС. Умножвањето на македонски единици во бригади и дивизии да стане без пречки и со нејни штабои. 2. Да ни се даде право да сториме политичка организација на националниот фронт во погорните околии, во селата и градовите… 3. Да ни се дозволи да организираме народно самоуправление и народна власт во македонските села и градови, и во мешаните села да се основа пропорционален однос на населението... Организациите и раководствата ќе се состој од политичка организација на националниот македонски фронт. 4. Полна слобода во пропагандата и просветата, на целиот македонски народ со отворени пароли за самоопределение согласно со духот на Атлантската карта и конференциите на Москва-Техеран… Слободно да зборваме на македониот народ за Илинден, за неговата историја… Оти вековните историски и национални идеали на македон-скиот народ ненарушиви интереси му се цел македонски народ да живи слободен и обединет…” ДАРМ, -Збирка “ Егејска Македонија во НОВ 1941-1945”, АЕ: 244; |