Понеделник, 06 Јануари 2020   
Андартска провокација

Davelis-Underwood

Четата на Давели

По Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година, грчкиот печат во Атина започнал силна пропаганда за наводна загрозеност на грчките интереси од страна на Бугарите.

Се организирале митинзи против Отоманската империја и се повикувало на оружје за одбрана на грцизомот во Македонија. Кампањата својата кулминација ја достигнала со изјавите на грчкиот крал и грчкиот престолонаследник Констатнтин.

Кралот од своја страна изјавил дека Македонија е загрозена, а не Крит додека пак Константин изјавил дека никој нема да може да ја спречи војната и избувнувањето на револуцијата во Македонија .

Во мај 1896 година критските револуционери незадоволни од статусот на островот ја блокирале турската војска во градот Вамос, а тоа било сигнал за започнување на востанието.

Веднаш потоа Етники етерија започнала со праќање на андартски чети во Македонија.

Акцијата била изведена од татктички причини, требало да се одвлече вниманието на Отоманската империја од Крит и да се насочи кон Македонија за да се подобри положбата на критските револуционери, да се предупредат турските власти да не праваат отстапки на бугарската пропаганада на штета на грчките интереси, на Европа и Бугарија да им се покаже дека и Грција има претензии кон Македонија и на крај военопсихолошка подготовка на Грците за претстојната Грчко - турска војна. Оваа акција на Етники етерија, ја отворила вратата за идните андартски чети.

Во текот на Грчко-турската војна во 1897 година офицерите Јордан Венедиков и Морфов го организирале вториот врховистички продор. Имено тие во Бугарија успеале да убедаат одреден број на Македонци да навлезат во Македонија.

Била формирана чета под команда на Крсто Захариев, а во четата се нашол и Јане Сандански.

Во април 1897 година четата се нашла во Македонија, таа најпрво поминала низ Кресна, а кај селото Пирин имале судир со аскерот по што се упатиле кон Неврокоп и Банска река, каде што имале уште едена борба. Последниот судир со турскиот аскер, четата го имала кај с. Љапово притоа загинал четникот Никола, а Јане Сандански бил ранет. По овој судир четата се повлекла кон Бугарија, а Јане Сандански по акцијата се заколнал дека додека не дознае како стојат работите со делото нема да стане никому орудие.

Сета акција немала реална шанса за успех, имено бугарската влада повеќе не го поддржувала комитетот, а од друга страна пак таа била неутралана во Грчко-турската војна со цел да добие отстапки од Високата порта во корист на бугарската пропаганда во Македонија.

Горноџумајско

Иван Цончев веднаш откако го презел Македонскиот комитет во свои раце започнал со организирење и препраќање на чети во Македонија. Овие врховистички чети биле составени од разни арамии и морално пропаднати луѓе.

Пионери на врховизмот во Македонија биле: Хаљо, Дончо Златков, Иван Карасулијата, Ангел Спанчовалијата, подофицерот Лазов.

Во летото 1901 година од левата и десната страна на реката Струма се нашле две врховистички чети. Едната под команда на капетанот Јурдан Стојанов, а другата на чело на Пашалијата. Присуството на овие врховистички чети на територијата на Македонија неминовно воделе кон судир со четите на ТМОРО. Набргу во овој крај се нашла четата на чело со Сава Михајлов и Јане Сандански и тие ги повикале врховистичките чети на јавен дуел пред населението, но врховистите од своја страна одбиле.

Во октомври 1901 година во селото Лагадош се нашла врховистичката чета на чело со подофицерот Михаил Лазаров. Тој дошол во судир со Сава Михајлов при што бил разоружен и принуден да се врати во Бугарија.

Овој судир во Лагадош бил повод за Дончо Златков да се нафрли и врз Горно Џумајско, тој од своја страна испратил неколку заканувачки писма до Сава Михајлов во кој од него побарал да бидат вратени запленетите врховистички пушки од Лагадош, во спротивно се заканил дека ќе запали се`.

Истовремено врховистичите чети презеле разни активности за поткопување на авторитетот на ТМОРО кај македонското население. Врховистите агитирале дека тие ќе достават пушки и тоа без пари, и на тој начин успеале да привлечаат дел од незадоволното население, првенствено она кое дало пари, а не добило пушки, кон нив се приклучиле и оние на кои ТМОРО насила им собирала пари како и разни работници на ТМОРО кои на разни начини се огрешиле кон оваа организација.

На тој начин кон ВМОК се придружил Смилјан Димитров, раководителот на ТМОРО од село Падеж, тој кај себе ја прибрал повторно вратената врховистичка чета која била разоружана кај Лагадош.

Во есента 1901 година во демирхисарско се нашле две врховистички чети едната на Дончо Златков, а другата на Касапчето. Тие дошле во судир со четата ТМОРО предводена од дедо Иљо Крчовалијата. При овој судир Дончо бил ранет и се вратил во Бугарија додека пак Касапчето и Ангел Спанчовалијата подоцна биле разбиени на Пирин. Дончо Златков откако ќе закрепне во Бугарија ќе се најде во Петричко и отворено ќе застане на страната на Иван Цончев.

Пионир на врховизмот во Петричко бил Стојко Бакалчето, поранешен раководител на ТМОРО во селото Игуменец. Бакалчето во почетокот на 1901 година злоупотребил 12 лири на ТМОРО и поради тоа бил осуден на смрт, но успаал да ја избегне ликвидацијата и да издејствува помилување.

Но овој настан кај Бакалчето предизвикл да се одалечи од ТМОРО, а кога дознал од весниците за судирот помеѓу ТМОРО и Врховниот комитет, решил да застане на страната на ВМОК и го поканил врховистичкот војвода Дончо Златков да дојде во областа Каршијак.

Таму Дончо на селаните им говорел дека:

 

Бугарија и Русија ќе помогнат и дека не треба да се даваат пари за пушки, туку секој да каже каква пушка сака и сам да си дојде до границата за да му се предаде. Оставете ги внарешните, тие не мислат за вашата слобода.

 

Во летото 1901 година Дончо со својата врховистичка чета се нашол во областа Каршијак и успеал на своја старана да спечали повеќе раководители и работници на ТМОРО.

Меѓу нив биле: поп Трендафил од Палат, учителот Цоне од Гореме, поп Иван од Долна Рибница и деградираниот војвода на Организацијата Алексо Поројлијата.

Тие здружени со Дончо стапиле во контакт со Врховниот комитет и ја започнале борбата за Петричко со четите на ТМОРО. Дончо и Алексо Поројлијата на измама успеале да го ликвидираат петричкиот војвода на ТМОРО, Кецакаров, по што дошле во судир со четата на дедо Иљо Крчовалијата.

Во селото Чуричане, Дончо ги убедувал селаните да ја предадат на Турците четата на Крчовалијата. Во селото Долна Рибница врховистите ја предале здружената чета на Григор Иванов и Атанас Тешовалијата по што тие морале да се повлечат од овој крај.

Кон крајот на август 1901 година во Струмичко се појавува првата врховистичка чета. На чело на оваа чета стоел Хаљо кој бил поранешен убиец на бугарскиот премиер Стефан Стамболов.

Хаљо со себе ги донел двајцата отпадници на ТМОРО, Васил Пеливанов и Иван Карасулијата. Оваа чета броела од 20 - 30 души и успеале да се пробијаат до селото Нивичино.

Во ова село тие стапиле во контакт со Атанас Нивички кој бил раководител на ТМОРО во ова село, од него била побарана храна и канал за понатамошен премин.

Атанас Нивички не знаел дека станува збор за врховистичка чета, но таа му станала сомнителна и затоа испртил двајца курири со писмо кое требало да го предадаат на првата чета на ТМОРО која ќе ја сретнаат.

Писмото го добил Михаил Герџиков, и тој за четата го известил Гоце Делчев.

Делчев од своја страна издал наредба за протерување на врховистичката чета од територијата на ТМОРО.

Хаљо најверојатно насетил дека му се подготвува стапица и затоа се упатил кон Малешевско и тука со себе го зел разбојникот Петар Уже. Четата на Хаљо била гонета од Атанас Нивички и Михаил Герџиков по што врховистичката чета била принудена да се врати во Бугарија.

Врховистички бази во Македонија

Кон крајот на 1901 година врховизмот успеал да фати корени и да создаде свои бази во Североисточна Македонија. Според Христо Силјанов речиси сите села во Малешевско, Горноџумајско и Петричко биле под контрола на врховистичките чети. Во врска со првите врховисти во Македонија, Сиљанов истакнува дека ВМОК без помошта на разбојниците и разните декласирани елементи многу тешко би можел да постигне успех, додавајќи дека:

... Дончо и неговите колеги се претходниците и патоводителите, кои ги отворија дверите на Пиринското царство за капетан Јурдан Стојанов, Софрониј Стојанов, Тодор Саев, Лефтеров и другите офицери... За да подготват едно востание.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.