|
|
Крвава зеленичка свадба |
Нападот на селото Зеленич се случил во токот на 1904 године и е познат како Крвава зеленичка свадба. Овој напад е првото воружено насилство врз невиното селско население. Повод за нападот била свадбата на внуката на егзархискииот свештеник од селото. На 13 ноември 1904 година Андартите заедно со Турците и Патријаршистите од истото село влегле во куќата каде се одвивала прославата и притоа убиле 11 луѓе, а 4 биле ранети. Нападот на Загоричани Нападот се случил на 25 март 1905 година, а бил извршен од страна на 300 андарти под команда на капетанот Вардас (право име Георгиос Цондос). Во текот на нападот, селото Загоричани (денес Василијада) кај градот Костур, било запалено и биле убиени 79 селани. Според некој други извори 62 биле убиени, а 6 ранети. Постојат ставови дека нападот на Загоричани бил еден од почетоците на етничкото чистење на јужниот дел на Македонија, кој андартите го започнале по Илинденското востание. Рушевини на селото Загоричани после нападот на Андартите Повод за нападот било присуството на дејците на Македонската Револуционерна Организација во Загоричани, кој претходниот ден имале советување во окололината на селото. Меѓутоа Др. Александар Трајановски од Институтот за национална историја на Македонија, кој се занимавал со истражување на нападот врз Загоричане, истакнува во својата книга Андартскиот колеж во Загоричани, дека нападот бил долго планиран и тој наведува документи од британскиот архив, кои индирекно укажуваат дека нападот бил поддржан од кајмакамот и патријаршиските митрополити од Костур и Лерин. Според Трајановски, кога митрополитот Каравангелис ја добил информацијата за подготовка за напад на селото му дал на Капетанот Вардас список на оние селани кој се патријаршисти за да бидат поштедени. Четата на Тане Покрај нападите врз егзархиското македонско население, вооружената грчка пропаганда спроведувала и разни терористички акции и убиства низ градовите, а за секое убиство извршителите добивале специјална награда од Внатрешниот комитет. Успехот на грчката вооружена пропаганда се должел првенствено, бидејќи зад сите акции стоела грчката држава, а дополнително влијаел ставот на Отоманската Империја кон андартските чети како и благонаклонетоста на турското население, бидејќи официјално четите истакнувале дека дошле да се борат против Македонската Револуционерна Организација. Според некои податоци во пролета 1905 година во Битолскиот вилает дејствувале околу 800-1000 андарти, а од почетокот на акциите па се` до пролетта 1905 година грчко-турската граница ја минале 2 800 андарти, а голем дел од нив биле со потекло од Крит. Сето тоа допринело да се отвори нов фронт против Македонската Револуционерна Организација која била принудена на север да се бори против Српското четничко движење, а на југ со андартите. Во 1908 година постепено замира андартското движење. По Младотурската револуција грчките андарти го оставиле оружјето и преминале во легалноста. На 21 септември 1908 година една гркоманска банда од селото Караќој, Серско напаѓа свои соселани егзархисти и притоа биле убиени петмина, од кои три жени, а двајца други биле повредени. Погромот е организиран од страна на локалниот гркомански свештеник Георги Хариштев. По тој повод бугарскиот трговски агент во Сер истакнал:
Кон крајот на 1908 година се активирале повторно подготовките и пренесувањата на грчки чети во Македонија. Сета акција била раководена од атинскиот андартски комитет, наречен Сегрчка организација, предводена од полковникот Панајотис Дангли. |