Среда, 09 Декември 2020   
Строго доверливото писмо на гроф Голуховски

Воспоставениот систем од 1822 година, а афирмиран со Лондонскиот протокол од март 1871 година, предвидуваше дека договорите, посебно за територијални измени во Европа, не ќе можат легално да се менуваат без согласност на сите големи сили. Во основата на овие договори се наоѓаше во формалната процедура, т.н. "јавно право на Европа", а со чија помош големите сили можеа да го спречат нарушувањето на мирот и територијалниот status quo. Процедурата се состоеше во т.н. конференциска дипломатија, а во периодот помеѓу 1822 и 1913 година се одржаа 26 конференции на кои присуствуваа претставници на сите големи сили и кои врз основа на принципот на рамнотежа на силите ги решаваа сите спорни прашања.

При крајот на XIX век повторно се актуелизира источното прашање. Поради немоќта на Османската империја да се справи со внатрешните проблеми, тогашните процени укажуваа дека при евентуален распад на империјата, единствено подрачје каде што големите сили би можеле да бидат вовлечени во војна би бил Балканскиот Полуостров, на кој се судираа интересите на Австро-Унгарија и Русија. Општо беше прифатено мислењето дека доколку дојде до судир меѓу нив, тогаш автоматски ќе дојде до глобален судир помеѓу големите сили.

Оттука ова прашање станува главна точка во политиката на големите европски сили, кои, тргнувајќи од своите сопствени економски и политички интереси, и натаму се придржуваат кон својата политика, за зачувување на целоста на Османската Империја. Односно, за да се отстрани оваа реална опасност сите големи сили во однос на овој дел на Европа пропагираа политика на status quо.

Меѓутоа, двете најзаинтересирани држави за Балканот, Австро-Унгарија и Русија не мируваа. Особено чувствително прашање меѓу нив претставуваше Македонија. Сознанието дека губењето на Македонија за Отоманската империја ќе значеше нејзино дефинитивно распаѓање, дополнително предизвикуваше нервоза во Виена, каде според анализите значеше и почеток на крајот на Австро-Унгарија. Од друга страна, наспроти стремежите на македонскиот народ за создавање на сопствена држава, Русија отсекогаш настојувала Македонија и нејзиниот народ да ги подели или да ги приклучи кон една од балканските држави, со единствена цел преку Балканот да се завладее со Цариград  и да се излезе на Средоземјето.

Оттука, појавата на Македонската Револуционерна Организација која можела да ја наруши политика на status quо на Балканот, преставувала трн во око на големите сили. Таквиот однос на двете империи, особено на Русија кон македонското прашање остави најдлабоки траги на судбината на Македонија и на македонскиот народ.

За да се обезбедат од непредвидливи и несакани настани и последици, во 1897 година Русија и Австро-Унгарија тајно се договараат за политиката што ќе ја водат кон Османската империја и воопшто кон работите на Балканскиот Полуостров. За ова нивно меѓусебно согласување се говори во ова писмо на Грофот Голуховски, австро-унгарски министер за надворешни работи, кое тој го испраќа до Фон Шогењи-Мариќ, австро-унгарски амбасадор во Берлин, за да ја запознае Германија со договорот.

Во доверливото писмото со бр.731 од 5 мај 1897 година, испратено од Виена, меѓу другото како што се гледа од напишаното се говори за поделба на Македонија:

„Како што и е познато на Вашата Екселенција, Неговото Величество нашиот премилостив Господар испрати телеграма до Неговото Величество германскиот Цар, во која беше изразено високото задоволство за резултатите од доверливите разговори во Петроград, и се надева дека Неговото Величество германскиот Цар ќе добие поблиски соопштенија од Вашата Екселенција.

Во спогодбата на што се засноваа разговорите, таму не беше земена предвид само сегашната состојба на работите на Балканскиот Полуостров, туку се утврдија и гледиштата што треба да бидат меродавни при подоцнешни евентуалности за политиката на обете држави.

Јас ги резимирам следниве точки, кои ги сочинуваат особеностите на преговорите: 1. Задржување на статус-квото, онолку долго колку што е можно; 2. Спогодување за меѓусебните интереси, кое мора да се држи при настанување на територијална промени во балканските земји, а во случај на неодрживост на статус-квото...

Што се однесува до идниот изглед на останатиот дел од турскиот посед во Европа е исклучена секоја помисла за заземање на обата дела и дека овој принцип мора да стане важечки и за останатите сили... Како такви ги одбележав:

а. Неприкосновеноста на поседот признат со Берлинскиот договор. Босна и Херцеговина и оној дел од Санџак којшто е неопходен за да ја одделиме Србија и Црна Гора, мора во секој случај да остане наша сопственост.

б. Сигурност за самостојна Албанија. И покрај тоа што ние во никој случај не сме со намера да ја окупираме оваа земја, никогаш не можеме да се согласиме со оглед на нашите интереси на Јадранското Море, дека ќе и припадне на некоја туѓа власт. Поради тоа, ние мораме барем да ја осигуриме независноста на земјите северно од Јанина до Скадарското Езеро и источно се` до Охридското Езеро, со тоа што ќе им дадеме сигурна државна форма.

в. Што се однесува до останатите краишта на сегашна европска Турција, се согласивме, за евентуална нивна поделба помеѓу одделните балкански држави. Тоа би можело да се постигне со едно пријателско разбирање ромеѓу Русија и нас. Сепак се утврди дека со таа поделба ниедна балканска држава не би добила рамнотежа на силите на Балканот, а за евентуално гранично регулирање врз овие принципи би морало да се поднесе образложение.

На крајот, двете страни се изјаснија дека Австро-Унгарија и Русија ги забрзуваат своите заеднички интереси за Балканскиот Полуостров со својата политика и избегнуваат акции, што би имале карактер на решавачко влијание, кои би содржеле насочена конкуренција. По завршните и претходните разговори помеѓу мене и грофот Муравјев, беа резимирани точките на една заедничка конференција на која зедоа учество двајцата суверени (рускиот цар Николај II и австро-унгарскиот цар Франц Јозеф) и нивните министри за надворешни работи. Одделните договори за истото тоа од двајцата господари лојално и без никакви задни намери се ратифицирани.

Вашата Екселенција е овластена, содржината на оваа наредба строго доверливо да ја прими на знаење Неговото Величество германскиот Цар, како и неговата влада. Со тоа да се изрази надеж дека ќе добие една нова високо важечка гаранција и тоа преку доверливите спогодби во Петроград. За нашите и руските интереси на Балканскиот Полуостров, како и за одржување на мирот во Европа е водечка мисла политиката што ја водат трите сојузнички сили“.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том први, Скопје, 1981, стр. 406 - 408)

Спогодбата што двете империи ја постигнаа во 1897 година, претставува основа за нивната идна политика кон Македонија. Идеата за давање автономија на Македонија дефинитивно била напуштена, со што се отвори можност за постепено воспоставување и стабилизирање на влијанијата на соседните балкански држави, во одделни делови на Македонија. Сето тоа ќе резултира со конечна поделба на Македонија во 1913 година.

Ако ги погледнеме претходно проектите на Царска Русија за Балканот каде се предвидувало прво формирање на Голема Грција, потоа Голема Србија и на крај Голема (Санстефанска) Бугарија, ќе видиме дека во надворешната полтика на Царска Русија никогаш немало место за Македонија, туку секогаш ја подржувала политиката на поделба на земјата во корист на нејзините соседи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.