|
|
Миграционите движења во текот на Првата светска војна |
Овој процес на иселување од Егејска Македонија, како и започнатиот процес на конолизирање со емиграцијата од Кавказ и други области, се прекина поради настанатата ситуација... Повлекувањето на српските војски од Вардарска Македонија и нејзино окупирање, како и на Источна Егејска Македонија од Бугарија и стационирање на сојузничките војски на територијата на Егејска Македонија.1 Со ова настана нов бран на емиграција на македонскиот народ и тоа во три правци. Незадоволни од српската, а подоцна и од бугарската окупација Македонците од овие области емигрираа во Егејска македонија, каде грчките власти во тоа време ги стационираше во пограничните области на Егејска Македонија: Лерин, Сорович, Острово, Виден, Меглен, Ениџе Вардар, Гумениџе, Бојмица, Кукуш.2 Од друга страна пак од Егејска Македонија се јави емигрирање во правец на територијата на Македонија окупирана од Бугарија, при што се избегнува регртирањето во грчката војска. Првата Светска Војна за Грција заврши поволно. Таа се прошири и на Западна Тракија која со Букурешкиот мировен договор и припадна на Бугарја. Македонците од Егејска Македонија претрпеа нови загуби поради принудни иселувања. Од друга страна, на територијата на Егејска Македонија била населена нова емиграција со прогрчки чувства и нивниот број изнесувал околку 100 000 лица.3 И покрај овие вештачки етнички граници состојбата во Егејска Македонија и понатаму остана неповолна за Грција. И натаму доминантно население во Егејска Македонија беше македонскиот народ. Освен тоа, еден дел од колонизаторското население во Егејска Македонија се состоше од Македонци од Пиринска и Вардарска Македонија, кои иако патријаршисти, во никој случај не им одговараа на Грците.4
1Sarrail general – Mon sommandement en Orient (1916-1918) грчки букви 2Државен архив Србије – Београд, Фонд, Избегличка архива Министерства иностраних дела – Владини комесари 3 грчки букви 4 Голем дел од Македонците – патријаршисти, кои во текот набалканските војни и Првата светска војна под влијанието на големогрчката пропаганда се иселија во Грција, соочени на самото место со вистината дека тие не се и не можат да бидат Грци, како што мислеле, по нормализацијата на состојбата с евратиле во своите домови. Таквите случаи најмногу ги има кај Македонците од Струмица и околината, од гевгелија, Дојран, Битола и битолско. (Лична анкета на Тодор Христов Симовски) Превземено од Македониум |