Среда, 28 Август 2013   
Националното собрание од 19 век

manifest1881По неуспехот на македонското Кресенско востание — со сесрден напор на Бугарија тоа да не успее — и неуспесите на македонските востаници во Кумановско, Кратовско и Кривопаланчеко (со напор на Србија тие да не успеат), Македонците почнале да се организираат и да работат тајно од трите соседни пропаганди.

Во Атина е создаден Словено-македонски комитет предводен од Леонидас Вулгарис (од Пијанечко), кој во содејство со Воениот комитет за ослободување на Христијаните во Турското Царство, направил обид да се воспостават врски со македонските првенци во Србија, Бугарија, односно Источна Румелија, како и Македонците насекаде.

Во април 1880 година доаѓа до значајна средба на Вулгарис со водачот на Кресенското востание, Константин Буфски (од Герман Теке во Островскиот округ). Двајцата војводи се спогодиле за основните насоки на ослободителната борба – за созадавње на самостојна држава Македонија или автономија во рамките на Турција, под услов да се обезбеди духовно единство на македонскиот народ, да се оневозможат националните пропаганди на соседите, и да се осигура поддршката на големите сили.

За да се постигне тоа, решиле да се свика Национално Собрание на Македонија со демократски избрани делегати од сите "верски-национални" табори и народносни групации, коишто би одлучувале за иднината на македонската држава.

Од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во Герман-Теке се собрале 32 претставници што го претставувале македонското Национално Собрание. Собранието им испратило на големите сили едно "Протоколарно решение" со потписите на претседателот на Привремената влада на Македонија, Васил Симон, неговиот секретар и главниот командант на воените сили на Македонија, Крамонтов, во кое се вели:

„Националното собрание на македонскиот народ, составено од привремените претставници на народот од разни области, се собра во Герман-Теке, ја разгледа општата положба во земјата и го претресе сето она што би требало да се стори за да се постигне националната цел на Македонија…; – дека поради својата географска положба во центарот на Европска Турција, Македонија би била жртва на востанија и грабежи од страна на башибозуците, Черкезите и Гегите;

- дека Македонија повеќе од која и да е друга земја поради политички цели е разделена етнички на Словени, Грци, Албанци, Власи и Турци, а завојувачите се стремат да ја распокинат, со што се руши националното постоење на Македонците, така што тие секогаш остануваат во сиромаштија;

- дека на меѓународните конгреси на големите сили, Македонија е оставена сирак;

- дека поради последните промени во Европска Турција – Романија, Србија и Црна Гора, посилата на Берлинскиот договор од 1878 година, ја добија својата полна независност, а Бугарија, Источна Румелија, Крит добија граѓански права, Епир и Тесалија го очекуваат своето присоединување кон Грција, додека единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Велики, е лишена од секаква помош;

- дека никакво решение на мировните договори во однос на граѓанските права на македонското население не било применето – член 15 од Санстефанскиот договор признаваше полна автономија на поголемиот дел на Македонија, а член 23 од Берлинскиот договор и даваше Органски устав сличен на Критскиот устав од 1868 година, но оттогаш изминаа веќе две години без ништо да биде сторено;

Собранието на македонските претставници еднодушно решава:

1. Да и се даде на знаење на Високата порта преку главниот управник (валијата) на Македонија, праведните барања на македонскиот народ да се исполнат со брзото применување на член 23 од Берлинскиот договор;

2. Ова решение да им биде врачено на конзулските претставници на големите сили-потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сили да се застапат пред Високата порта за применување на член 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори нисто, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: ‘Македонија за Македонците, за воспоставување на древната Македонија’.“

(Славко Димевски, Владо Поповски, Светомир Шкариќ и Михајло Апостолски, "Македонската лига и Уставот за државно уредување на Македонија од 1880", стр. 105-107, 354).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.