|
|
Писмо од Лазо Дамовски - Ошенски до политбирото на ЦК на КПГ: (12 март 1945 година) |
КПГ СЕ БОРИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КАКО ШТО СЕ БОРЕА И СЕ БОРАТ ГРАЃАНСКИТЕ ПАРТИИ... ДА ЈА ПРОШИРИ ОКУПАЦИЈАТА И ДА ПРИСВОИ НОВИ ТЕРИТОРИИ ОД ДРУГИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА „Другари, Уште еднаш се враќам на македонското прашање, кое стана причина да бидам затворен од Бирото (на КПГ, н.б.) на Македонија и да ми ја залепи етикетата на агент на охраната (бугарска вооружена фашистичка агентура во Македонија 1941-1945, н.б.)... Не знам дали сите документи за овој случај стигнаа до вас или не...во својот извештај до Западно македонското биро, од 24 јануари 1944 година, и во кој укажав на огромната опасност што ни претстоеше следејќи една половична политика и политика на измама на македонскиот народ. Овде завршува мојот извештај. Факт е дека погрешната тактика не доведе во спротивност не само со македонскиот народ туку и со самата Комунистичка партија на Македонија и на тој начин се забележува еден жалосен факт - две комунистички партии да имаат две различни тактики и да се судираат меѓусебно до степен поради кој само по себе се поставува прашањето пред македонскиот народ, дека КПГ се бори за македонскиот народ како што се бореа и се борат граѓанските партии и Грција, давајќи му оружје на грчкиот империјализам не само да ја задржи Македонија туку и, со стратешкото регулирање на границите, да ја прошири окупацијата и да присвои нови територии од другиот дел на Македонија. Напаѓајќи го секој македонски активен елемент, не дозволувајќи издигнување на националната свест на македонскиот народ, таа ја продолжува старата тактика за полна асимилација со Грците. Непознавањето на одлуката на ВИ конгрес (декември 1936) (се однесува на ВИ конгрес на КПГ, одржан во декември 1935 год., н.б.) за македонското прашање од средниот кадар и во многу случаи изопаченото објаснување (дека Македонците ќе останат во рамките на советска Грција, бидејќи Македонија е грчка, со полна рамноправност, став на Окружниот комитет за Костурско - Периклис) ја забрзаа кризата кај македонскиот народ. (Од одлуките на ВИ конгрес): “Во никој случај тоа не претставува слабеење на работата во Македонија и меѓу националностите, туку напротив е потребно да се засилат нашите настојувања за обезбедување полна рамноправност на малцинствата”. Со овој став Партијата не само што не се бореше за спроведување на одлуката туку напротив, земајќи сосема спротивен и негативен став, го фрли прашањето во сенка, нарекувајќи го македоското малцинство бугарско и определувајќи му иста судбина како и на бугарските фашисти. За да станам, појасен, ќе изнесам низа работи што ние требаше да ги преземеме ако сакавме да бидеме доследни кон одлуките на ВИ конгрес, но сепак свесно тоа не го сторивме. Зошто? 1) Не успеавме да го увериме грчкиот народ дека македонската националност нема никаква врска и блискост со Бугарите, дека таа е посебен народ со свои идеали и историја. 2) Не гопопуларизиравме преку нашиот централен печат неговото учество во заедничката аантифашистичка борба против германските, италијанските и бугарските окупатори, туку напротив му дозволивме на ЕДЕС (национална демократска грчка војска предводена од Зервас во Епир, н.б.) да труби “за бугарокомунистите на 9-тата дивизија”(ИЏ дивизија на ЕЛАС која дејствувала во западниот дел на Егејска Македонија и во која служеле многу Македонци, н.б.). Иако имавме ослободено многу македонски места каде што мајчиниот јазик на населението беше македонски, ние таму не дадовме полна рамноправност, туку напротив ги прифативме гркоманите, поставувајќи ги на одговорни функции оние што во времето на Мањалакис (министер за државна безбедност во владата на Јоанис Метаксас од 1936 год, н.б.) - Метакса (кој на 4 август 1946. ја вовел монархо-фашистичката диктатура во Грција, н.б.) вршеа прогонување на комунистите и родољубивите Македонци. 4) Иако ги имавме сите можности за свикување на националното собрание (се однесува на ПЕЕА, политичкиот комитет на националното ослободување основан на 16 мај 1944 г. во Тесалија, н.б.) за да го поставиме прашањето и да обазбедиме полна рамноправност на маке-донскиот народ и посебно на оние што говорат на македонски јазик, ние тоа не го сторивме. 5) Наместо да се стремиме да ја разгориме и издигнеме националната свест, ние задушувавме (Костур, Лерин, Вопден). 6) Иако бевме наполно убедени дека тие беа најдоследни наши сојузници, ние не им дадовме право да создадат свои македонски единици под раководствот на ЕЛАС, а во исто време баравме да се создадат единици на северноепирското малцинство од Албанците... 7) Наместо да го популаризираме решавањето на националното прашање од другарот Тито за националностите што живеат во Југославија и посебно македонскиот проблем, ние напротив сеевме забуна говорејќи за Бугари -комити -тајна бугарска полиција (охрана) и друго, па дури стигнавме до таму што ги обвинувавме кадрите на КП на Македонија -Дејан, Кочко и др. дека се контрачетници, а секретарот на Бирото за Македонија др. Стрингос изјави: “Нема да успее Темпо, нема да ни ја земе Македонија”. Централните органи на Бирото за Македонија “Лаики Фони” и “Елефтерија”, постојано и неодговорно пишуваа против Ма-кедонците, нарекувајќи ги комити (се однесува на вооружени Македонци од страна на окупаторот, н.б.) -контрачетниви - автономисти. И сето тоа кога веќе не постоеше ниету еден Бугарин на овие територии, а бугарскиот народ почна веќе да им суди на фашистичките гадови, додека на овие територии постоеја само македонски единици. 8) Западно македонското биро бо ниоември 1943 г. го фотрмира СНОФ, кој за краток временски инервал го сплоти мнозинството, а во некои области и целиот народ. Оваа организација сретна вистински одзив сред македонскиот народ, го сплоти, го оттргна од секакво друго влијание - бугарско, германско, италијанско, и го претвори од столб на монар-хистите во авангарда на народната демократија или, подобро речено, на најдоследните приврзеници на советската власт и тоа бидејќи виде дека само така ќе се ослободува дефинитивно од националното поробување. Но, неочекувано се фрли паролата за растурање на СНОФ, без да се бара мислењето на кадрите што работеа во него и без воопшто да стане нужното претходно објаснување, што имаше за последица да избувне кризата и да се расколеба вербата на Македонците, од кои баравме само жртви без ништо да им дадеме. А грешките и политиката што ја спроведуваше Окружниот комитет за Костурско се гледаат од моите извештаи до Западномакедонското биро и до Бирото за Македонија. Таму се гледаат и причините за избувнувањето на првата криза на чело со Пејо (Наум Пејов, н.б.). 9) Политиката што ја спроведуваше Бирото за Македонија, за изолирање на еден окружен комитет од друг, и прикривањето на настаните и на спротивностите меѓу раководството и масите, ја покажуваше слабоста на нашата Партија за што зборува и неспроведувањето на критиката и самокритиката и прифаќањето на нашите грешки. Вооруженото спроведување на наполно наметнатите ставови (во овие области) во името на ортодоксната партиска линија и задушувањето на секое евентуално сомневање во тоа од каде и да доаѓа е само поради неспособноста да го увериме и да го убедиме сдекого во правилноста на првиот или на вториот став. Тоа секого го туркаше и го принудуваше да ја бара и да ја најде вистината, што и ја наоѓаше мно-гу лесно кога ние тврдевме дека Тито кон македонскиот проблем пристапува како и Комунистичката партија на Грција и сето тоа се формулираше на окружните конференции. А како кадрите, така и народот не беше слеп, тој гледаше, слушаше и ги читаше македонските весници, и тоа беше причина што секој ден се повеќе ја губеше вербата во раководството и во Партијата да бара и да најде излез, а за што повод даде Бирото за Македонија со издавањето на наредбата да се растури македонскиот баталјон (Гоце), (Македонскиот баталјон “Гоце” е формиран во Костурско на 2 август 1944 год., н.б.) иако баталјонот од аспектот на партизанската војна имаше познавања и најмногубројни судири со Германците, стигајќи до таму што ги нападна Германците и внатре во Лерин и успеа да ги растури за секогаш остатоците на заведените комити од бугарскиот фашизам. Тука се гледа сосема јасно дека Бирото за Македонија не ја следеше болшевичката политика, туку политиката на Дорио за кубење пилиња. Ви ги изнесуванм зборовите на Алекос (Алекос- Леонидас Стрингос, секретар на македонското биро на КПГ, нб.) што му ги рече на Ренос (Ренос Михалеас, член на пертискиот комитет на ИЏ дивизија на ЕЛАС, н.б.): „Рековме дека се формираат две македонски чети, една кај нас и една во Караџова, за да не се измамат Словеномакедонците од еветуален заговор на Бугарите”. И сето тоа кога веќе не постоеше опасност од бугарско господство, бидејќи советските војски почнаа да слегуваат на Балканот и во словеномакедонсклите об-ласти, кога беше докрајчена ориентацијата кон лево и издигната нив-ната национална свест. Сите мерки што се преземаа од Бирото за Македонија и се спроведуваа во името на бугарската опасност, и со полно знаење на раководството, претставуваа мерки насочени против македонскиот народ и посебно против Комунистичката партија на Македонија. Сето тоа не беше можно да мине незабележано, поради што имавме и втора криза и комплетно повлекување на двата македонски баталјони од Корештата и Воденско (двата македонски баталјони биле во октомври 1944 година заедно со единиците на НОВ и ПОМ учествувале во борбите за конечното ослободување на Македонија како Прва егејска ударна бри-гада, н.б.). Ова повлекување на двата баталјона Бирото за Македонија настојуваше да го претстави прст на тајната полиција, на Гестапо и на Интелиџенс сервис, и како автономистичко. Приклучувајќи се на тој начин кон паролите на реакцијата, Бирото никогаш не се зафати марк-систичко-ленинистички, дијалектички, да го проучи македонскиот проб-лем. Немаше смелост отворено, болшевички да им ги каже на своите кадри вистинските причини, туку ги изнесуваше настаните дотаму изо-пачени, што ги фанатизираа кадрите до заслепување и го предрасположи народот да се почувствува како жртва на грчкиот шовинизам. Ком-плетното повлекување на Македонците треба да го гледаме како масовен јавен настап на македонскиот народ во погрешната тактика на нашата политика. Само така, со проучувањето на актуелната ситуација, ќе ги отворевме очите за да го поправиме нашиот став за македонското праша-ње и ако тоа го имавме сторено во минатата година кога го поднесов мојот извештај, немаше да дојдеме до денешнава мизерија. Македонското прашање се решаваше од Партијата по најсекташки начин, додека спротивно на тоа Комунистичката интернационала и посебно другарот Димитров му посветија внимание, а еве што пишува Стела Благоева во книгата “ Георги Димитров” (стр.41-42): „За сите комунистички партии на Балканот проблемот за создавање тесни врски со масата зависи и од правилното решавање на националното прашање. Посебно големо внимание во своето ленинистичко дело му посветува Димитров на решавањето на македонското национално прашање на Балканот. Тоа го бараа сите комунистички партии на Балканот, бидејќи сите партии во својата дејност се судираа со македонскиот проблем. Распарчен во три дела и поделен помеѓу Бугарија, Југославија и Грција, македонскиот народ го држеше високо правото на своето постоење извојувано со вооружена партизанска борба, која траеше низа години”. Од многу кадри се застапуваше гледиштето дека не сме можеле да заземеме друг став од оној што го следевме, бидејќи реакцијата ќе не задавеше. Овој наш став ќе го искористеше реакцијата за да го соедини грчкиот народ и да не нападне. Тоа, според мое мислење, не стои и не е возможно една партија, каква што е партијата на Захаријадис, да усвои таков став, да се влече и да се плаши од реакцијата. Тоа барем го посведочи историјата од 1940 година, кога влијанието на Партијата во масите беше изразито, кога работниците... Имајќи го за водич писмото на Захаријадис, се бореа и го издигнаа влијанието на Партијата на многу голема височина... Масите на грчкиот народ ги имавме на своја страна но не ги информиравме навреме и ефикасно за македонскиот проблем. Ако тоа го имавме направено... немаше да се плашиме дека реакцијата ќе ја сврти против нас оваа толку неоформена маса. Наместо да ги обединиме и да создадеме кај нив балканска свест и братска солидарност со балкански-те народи, а посебно со Македонмците, ние ги оставивме на немилост и во канџите на реакцијата и често станувавме нивна опашка, помагајќи ги ставовите на реакцијата за македонското прашање. Другари, ви го испраќам овој мој извештај и покрај тоа што не постои претпоставка дека ќе даде повод да се дискутира за македонското прашање и дека ќе се земе став правилно да се спроведе одлуката на ВИ конгрес, макар и подоцна, и на тој начин да се соз-дадат предуслови за обединувањето и на грчкиотдел што е населен во мнозинство со Словеномакедонците: Костур, Лерин, Воден, Ениџе-Вардар. Што се однесува до одлуката на ВИ конгрес ни говори јасно, (за тоа го давам овој дел): “Партијата не престанува да прокламиира дека целосно и дефинитивно ќе се реши братски македонското прашање по победата на советската власт на Балканот, која ќе ги раскине нечесните договори за размената на населението и ќе ги преземе сите практични мерки за отстранување на империјалистичките неправди. Само тогаш македонскиот народ ќе го најде своето полно национално воспоставување. Л. Нтамос (Лазо Димовски)” ДАРМ, Фонд: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, ае 28; |