|
|
Признавање на правата на македонците од Егејска Македонија (1982) |
МАКЕДОНЦИТЕ ДЕМОНСТРИРААТ ПРЕД ООН Манифестација на Македонците-иселеници од северно-американскиот континент пред палатата на Обединетите нации во Њујорк. МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКАТА КОМУНА ОД ЊУЈОРК ЗА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ Декларација на Движењето за македонски човекови права, од Македонско-американската комуна во Њу Јорк и Њу Џерси (САД), упатена до ООН, Европската заедница, претседателот на САД и грчката амбасада во САД, во врска со признавањето на националните, политичките и други права на Македонците (август 1984). МАНИФЕСТ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ И ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (Солун 26 август 1984 година) “МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ ПРАВА ДВИЖЕНИЕ ЗА ЧОВЕКОВИ И НАЦИОНАЛНИ ПРАВАЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА Ц О К з а М Ч П- С О Л У Н Ние Македонците од Егејска Македонија, организирани во една масовна организација, именувана по име - Ц.О.К. за М.Ч.П., - Централен Организационен Комитет за Македонски Човекови Права, со седиште во Солун, и со мрежа од подкомитети од жители на Егејскиот дел на Македонија, а моментално на постојана или привремена работа во странство, како во Европа, Америка, Канада и Австралија, ја испраќаме оваа ДЕКЛАРАЦИЈА до владата на Грција, а истовремено копии од истата испраќаме до сите постојни грчки партии од Грција, до сите грчки но-вински агенции, до сите Амбасадорски и Конзуларни претставништва со седиште во Грција, до интернационални организации, до владите на Балканските држави и до сите подкомитети од нашето движение во стран-ство. ДЕКЛАРАЦИЈА СО БАРАЊА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЧКА ДОМИНАЦИЈА, ЗА ЧОВЕЧКИ И НАЦИОНАЛНИ ПРАВА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ГРЧКАТА ВЛАДА ВО АТИНА. Нашата организација именувана под име Централен Организационен Комитет за Македонски Човекови Права (Ц.О.К. за М.Ч.П.) со седиште во Солун ги поставува следниве БАРАЊА до Грчката влада и Грчките политички партии. 1. Признавање на фундаменталните човечки и национални права и полна слобода за Македонците од Егејска Македонија во денешните граници на Грција. 2. Да (му) се даде на Македонскиот народ одобрење да оформи свое образование, на свој мајчин Македонски јазик, да слободно организира и употребува културни институции и установи, училишта, црковна служба, да има пристап на радио- телевизиските програми, вести, да има свои публикации на книги и весници на македонски јазик. 3. Да се донесе и изгласа закон во грчкиот парламент со кој на Македонците им се одобрува слободно враќање од странство во своите родни мерста. Така тие да можат да земат активно учество во економскиот, културниот и просветниот живот на земјата, со своите можности и квалификации да дадат свој допринос кон изградбата и прог-ресот на Грција. 4. Бараме од Грчкиот Парламент и Влада да донесе и прогласи специјален закон, со кој закон ќе се прокламира дека Македонците од Егејскиот дел на Македонија имаат неотуѓиви права, без никаков притисок, закани и заплашувања, да можат слободно во јавност да си го употребуваат својот, мајчин македонски јазик, своите народни обичаи и култура, со збор, книги, весници, ора и песни. 5. Објаснување на Грчката јавност за вистината на неотуѓивите права за заштита на националните и човечките права на еден народ кон претставува множество или малцинство во една држава. Тие спогодби и повелби ги потпиша Грција како член на меѓународните организации. Бараме од Грчката Влада и Грчкиот Парламент од политичките партии и целата грчка јавност да најхитно земат мерки и за најкратко време донесат одлукас за признавање на Човечките и Националните права на Македонците од Егејска Македонија. Одобрување на сите горе направени барања, на целост и превземање на практични нерки за соработка...” Манифест за македонски човечки права, ДАРМ, фонд: Георге Томов, кут. 1; |