Среда, 11 Декември 2013   
Сто години од поделбата на Македонија

Bukureski-dogovor-1

Балканските и Првата Светска Војна најтрагично минато на македонскиот народ (23) Вајарот Градишки војуваше и мечтаеше за слободна Македонија Првиот македонски вајар Ефтим Градишки е еден од илјадниците Македонци што се јавија доброволно да војуваат за ослободување на Македонија за време на Првата балканска војна. Меѓутоа, попусто војуваше, зашто нема да се оствари неговиот сон да ја види својата татковина слободна. Напротив, таа ќе биде распарчена од соседите. Градишки војните ги преживеа, но не може да го посети својот роден крај и Скопје што го сакал неизмерно. Окупаторската српска власт го стави на списокот на непожелните. Релативно млад почина од последиците на војната, далеку од татковината, како што е напишано на неговиот надгробен споменик во Русе, неговата претсмртна желба. Во истражувањето што го изврши Драган Георгиев од Музејот на Македонија во Скопје, се поместени многу интересни детали од животот и револуционерниот пат на Ефтим Градишки, пат кој личи на патиштата на илјадниците македонски иселеници во Бугарија, кои во родната Македонија гледаа како во икона, и кои чекаа мал сигнал да земат пушка в рака да се борат за нејзина слобода. Во предвечерјето на Првата балканска војна, на 19 февруари 1911 година, во едно нивно списание беше поместен текст во кој пишува и ова: „Нема да се најде Македонец, млад или стар, кој нема да посака да влезе во македонската ополченска дружина“. Така и се случи, точно 14.670 Македонци се јавија доброволно да војуваат. Според Георги Киселинов, учесник во тие војни, во таканаречената „македонска војска влегоа селани, занаетчии, учители, адвокати, писатели од различна возраст, по повикот за борба против Турците и ослободување на нивната поробена татковина“. Георгиев, цитирајќи повеќе извори, истакнува дека македонските доброволци биле снабдени со пушки специјално набавени од Виена, за нив биле сошиени и посебни униформи, зашто сите дошле во цивилна облека. За нив бил направен и посебен амблем на кој бил прикажан исправен лав, кој во предните раце држи крст со трибојно знаме на кое пишувало “МО ОП - Македонско-одринско ополчение. Македонско-одринските ополченци биле организирани во 12 дружини, од кои 10 биле составени само од Македонци од разни краишта на Македонија. Ефтим Градишки бил во Втората скопска дружина во која влегле паланчани, кратовци, скопјани и кумановци. Борислав Градишки, внук од брат на Ефтим, кој денес живее во Скопје, чува многу предмети и писма од својот стрико, од кои може да се види каде војувал тој и колку мечтаел за својата Македонија. Едно од писмата испратено до братот Петруш од градот Мерефте, крај Мраморно Море, носи датум од 8 март 1913 година и е со меморандум од Скопската дружина. Георгиев пренесува дел од содржината на тоа писмо во кое македонскиот вајар ја опишува битката за заземањето на пристаништето Шаркеј на 27 јануари 1913 година, и бестрашноста на Македонците додека од бродовите “турските ѓулиња паѓаа како град околу нас“, заземајќи го градот по жестоката борба. „Им завидувавме на мртвите, зашто тие поминале низ најстрашното, а ние живите не знаевме што не' очекува во утрешниот ден“, напиша Киселинов за истата битка во која учествувал. Киселинов по создавањето на македонската држава беше член на Првата комисија за составување на македонската азбука. „Дејствата на македо-одринците за ликвидирање на турскиот десант во реонот на Шаркеј е светла страница во историјата на војната, во која борците покажале масовен хероизам“, пишува Георгиев. Меѓутоа, сите овие херојства и жртви на Македонците доброволци биле залудни. Тие подоцна сфатиле дека, всушност, се бореле за туѓи интереси, дека биле изиграни, а сојузниците ја поделиле нивната Македонија, откако ги протерале Турците. Така таа се нашла во уште пострашно ропство, а македонскиот народ ќе биде изложен на систематска асимилација од „ослободителите“. Поразени од стравотното сознание дека таа е парчосана, македонските доброволци не ќе можат да се оттргнат од чувството дека некој зад нивниот грб пред војната се договарал за нејзина делба. Георгиев во своето истражување го цитира Киселинов, кој ќе го пренесе нивното големо разочарување. „Бевме посрамени, бедни, безрадосни, очајни“, напиша тој, подвлекувајќи дека ја проколнувале судбината која ги оставила „излишни и никому потребни луѓе на туѓа земја“. Македонските дбороволци нова шанса за ослободување на Македонија ќе видат во времето на Првата Светска Војна кога во 1915 година бугарската војска одново влезе во Македонија, а тие масовно се вклучија во војната и се бореа на страната на Софија. Ефтин Градишки се најде во Македонската дивизија, во која главно се бореа преживеаните ополченци и други војници мобилизирани во Македонија. Се смета дека таа броела околу 34.000 Македонци. По поразот во војната многумина ќе се повлечат во Бугарија од каде носталгично ќе гледаат кон својата Македонија без да можат да ги посетат своите родни места каде што српските окупаторски власти ќе вршат постојан терор и насилна асимилација. Ранетата романтична душа на вајарот Ефтин Градишки постојано ќе мечтае за својата татковина. По десетгодишно отсуство од Македонија, во едно писмо до својот брат Петруш ќе напише: „Од моето долго стоење ми омразна туѓината, бидејќи заборавив што е свој дом и радост меѓу своите“. По завршувањето на војната, не ќе може да си дојде дома, зашто постоела голема опасност српските власти да го уапсат ако дознаат, всушност, кој е тој. Единствена врска се писмата што ги праќа до брата си. Во едно од нив му пишува дека Скопје го сака најмногу од сите градови на светот и дека негова желба е што поскоро да го види. Се жали дека во Варна, каде што работи како професор, му е тешко. „За туѓинци е многу тешко“, ќе се пожали тој. Во секое негово ново писмо ја повторува својата голема желба да си дојде во Скопје и да се види со своите, но летото 1923 година ќе дознае дека е многу опасно да преземе таков ризик. Братот Петруш ќе го информира дека српските власти го ставиле на списокот на сомнителните лица. Сите негови надежи за повторна средба со Скопје ќе бидат закопани наредната година кога брат му дефинитивно ќе му соопшти дека Србите го прогласиле за непожелен. Осамен и разочаран што не може да биде таму каде што се неговите, во местото кое најмногу го сака, ќе му одговори на својот брат: „Останав во таа несреќна земја, но душата и погледите секогаш ќе ми бидат насочени кон најсаканиот град Скопје“. Ефтим Градишки е роден 1885 година во кумановското село Градиште, чие име ќе го носи како презиме неговото семејство. Се школува во Скопје каде се запишува на Првиот курс на Педагошката академија која ја завршува непосредно пред Илинденското востание. Потоа ќе се дошколува во Софија на Државното училиште за цртање, а подоцна на Сликарско- индустриско училиште. Студирал во Париз и во Брисел. Во главниот град на Франција специјализирал кај големиот француски скулптор Жан Антонен Месие. Градишки во Бугарија како професор работел во повеќе градови, а последните години ги поминал во Русе, познат македонски емигрантски центар. Таму и почина на 31 јануари во 1926 година. Остави аманет на неговиот гроб да напишат: „Почива далеку од татковината“. Инаку, Градишки за неговите заслуги во војната од Софија двапати е одликуван со Орден за храброст, најстаро, најпознато и најпопуларно одликување, установено во 1880 година. Со делбата на Македонија се кинеше и душата на Македонците. „На Македонецот- доброволец му беше тажно да помисли дека неговата татковина, за која беа дадени неброени жртви во епските револуционерни борби за да се реализира идеалот за слободна и целокупна Македонија во нејзините географски граници, сега, со Балканската војна, таа се кине на делови кои како плен им се даваат на балканските сојузници“. Со овие зборови Тодор Поп Антов го изрази своето и разочарувањето на сите Македонци кои со невиден ентузијазам се вклучија доброволно во борбата против Турците за ослободување на Македонија. Поп Антов и многумина Македонци кои војуваа многу доцна ќе ја сфатат измамата на Софија која уште пред војната веќе се испазарила со Белград за поделба на Македонија. Македонскиот револуционер вели дека содржината на тајниот договор помеѓу Бугарија и Србија за поделбата на Македонија навевало тага во душата на секој Македонец-доброволец. Поп Антов со сопругата Поликсена Мосинова студирал во Женева. По објавувањето на Првата балаканска војна заедно со неа упатиле апел до македонските студенти во Швајцарија да се јават доброволци во бугарската армија. Двајцата се пријавиле во Македонско-одринското ополчение и биле вклучени во санитарната единица. Во 1916 година тој бил ангажиран во административната бугарска власт во Македонија. Бил назначен за околиски началник во Кавадарци. Виктор Цветаноски http://utrinski.mk/?ItemID=E173CB6DEF3B9D4A8600B1723505E0B5 — во Republic of Macedonia.

Bukureski-dogovor-2

Годинава се навршија 100 години од Букурешкиот мировен договор, чии катастрофални последици Македонија ги чувствува и сега. Тука се осврнуваме на најважните случувања од тој период, особено за Втората балканска војна, која доведе до потпишување на договорот.

Macedonia : a True Endless Story ...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.