|
|
Родословието од Филип Втори до Персеј |
Ангелина Маркус
Личноста и борбите на Филип Петти Македонската династија не се распаднала по 332 г. пред Христа, туку се зацврстила и проширила. Сите Филипови и Александрови генерали за да станат царски владетели се женеле со македонските принцези. Така Птоломеј Лаг се оженил со Арсина Прва, братучетка на Филип Втори; Лизимах се оженил со Арсина Втора; Антиох Втори се оженил со Береника; на Клеопатра Петта, наследници и` се Птоломеј Петти и Антиох Осми до Антиох Десетти, Клеопатра Седма сама изјавила дека води потекло од Александар Македонски... Селена, ќерката на Антонио и Клеопатра Седма се омажила со Јуба Втори од Мавританија и им се родил син Птоломеј Први. Антипатар, Филиповиот генерал бил ополномоштен да управува со Македонија од страна на Александар и да го чува царското семејство. Сета таа замена достојно била извршена до крајот на неговиот живот. Антипатар е интересен по уште еден податок со тоа што имал 12 деца со вкрстена царска крв. Касандар се оженил со Тесалоника сестрата на Александар Македонски и имале три сина, царски наследници, Филип Четврти, Антипатар Први и Александар Петти. Антигона се омажила со принцот Александар Линк. Фила Прва се омажила со Кратер. Нивните синови Кратер и Александар управувале со Коринт. Антигона ќерката на Береника Прва се омажила за Филип, синот на Антипатар и со него имала ќерка Антигона мажена за Пир Први. Се здобила со право да владее со Македонија како негов наследник преку Клеопатра и Александар од Епир. Нивната друга ќерка Алама имала ќерка Береника Втора која била омажена со Птоломеј Втори. Ника Прва била мажена за Лизимах. Царското потекло на Филип Петти и Персеј поврзано е со сите други династии преку брачни врски од сите македонски држави во Епир, Египет, Антиохија, Сирија, Тракија... и други области до Сиракуза, Мавританија итн. Димитар Први оженет со Дејданија, сестра на Пир Први и Фила од Антипатар, син Антигон Гонат, внук, Димитар Втори оженет со Фтија, внука на Пир и ќерка на Александар и Олимпија. Филип Петти син на Димитар Втори и Фтија оженет со Поликратија имал син Персеј и Димитар од друга жена. Персеј оженет со Лаодика Петта, ќерката на Селевк Четврти со трите деца, синовите Филип, Александар и ќерката Лариса. Така се движело родословието од Филип Втори до Персеј. Димитар Втори, Филип Петти, Персеј и други, имале и други жени и деца со нив што исто така се дел од царските семејства. Така Димитар Први од Фила, со ќерката на Антипатар имал син Антигон Гонат, ќерка Стратоника како и деца од други бракови и вонбрачни. Ако се погледаат женските имиња како совладетелки или царски ќерки ќе наидеме на нивен голем број во наследниот ред. Тоа се Клеопатра, Олимпија, Тесалоника, Арсиноа, Лаодика, Береника, Фтија, Ника, Евридика, Антигона и други. Активностите на Филип Петти во очувување на македонската држава се должеле и на роднинските врски со сите царски семејства. Филип Петти роден 238 г. пред Христа живеел 59 години, владеел 41 година од 221 до 179 г. пред Христа. Во 229 година умира татко му Димитар Втори и за регент го добива Антигон Досон по чија смрт малолетниот Филип Петти добива нови старатели, но само по една година во 220 г. пред Христа го презема престолот што му припаѓал по наследство со полнолетството. Филип Пети ја наследил македонската држава и бил подготвен да ги совлада сите проблеми со владеењето на таква држава каква што била Македонија во тоа време, на крајот на III и почетокот на II век пред Христа. Според добро познатата литература од Плиние, Диодор, Јустин, Плутарх и особено Полибие, за времето на владеењето на Филип Петти, таткото и синот Персеј, познати се и проучени сите факти за состојбите на македонските држави и царства и нивната поврзаност преку сојузи, војни и римската сепарација. Најдобро е да ги споменеме хронолошки некои од настаните значајни за македонската историја од тоа време сврзани со 40 годишното владеење на Филип Петти за да можеме да го објасниме и владеењето на Персеј. Тој не треба да се нарекува последниот цар на Македонија затоа што царската лоза на Македонците продолжува уште долго во сите наследни династии, според листите на владеење на македонските држави и земји: - Во 240 г. пр. Хр. Димитар Втори го наследува Антигон Гонат, се жени со Фтија и се склучува сојуз меѓу Македонија и Епир. - Во 239 г. пр. Хр. Димитар Втори војува против Ахеја и Етолија. Во 238/7 г. пр. Хр. се родил Персеј. - Во 236 г. пр. Хр. Димитар Втори ја освојува Беотија. - Во 231 г. пр. Хр. Димитар Втори војува со Дарданците. - Во 229 г. пр. Хр. умира Димитар Втори, а Антигон Досон е старател на Филип Петти, и само за една година ги изгубил сите територии што ги освоил Димитар Втори. - Во 227 г. пр. Хр. Антигон Дисон како крал на Македонија презема поход во Карија, продира во Пелопонез и ги поразува Илирите. Умира во 221 г. пред Христа и Филип Петти добива нови старатели за само една година. - Во 220 г. пр. Хр. Филип Петти со полнолетството станува цар на Македонија. Истата година продира во Дарданија и Лаконија. - Во 218 г. пр. Хр. Филип Петти продира на Пелопонез, врши поморска офанзива и ја освојува Етолија. - Во 217 г. пр. Хр. ја освоил Билазора, и направил договор со Ханибал. - Во 215 г. пр. Хр. сојуз на Македонија и Картагина. - Во 213 г. пр. Хр. се раѓа Персеј. - Во 212 г. пр. Хр. Филип Петти ги окупира Лис и Скадар. - Во 210 г. пр. Хр. Рим ги контролира Термопилите. - Во 209 г. пр. Хр. Дарданците навлегуваат во Македонија. - Во 208 г. пр. Хр. со помош на Картагинската флота, Филип Петти го контролира Пелопонез, за една година ја освојува Амбракија и ја разорува Етолија. - Во 206 г. пр. Хр. Рим и Етолија навлегуваат во Амбракија, Филип Петти ги враќа со сепаратен мир. - Во 204 г. пр. Хр. Филип Петти ги поразува Дарданците. - Во 203 г. пр. Хр. прави сојуз со Антиох Велики и ја обновува флотата. - Во 200 г. пр. Хр. Римски пратеници пристигаат во Атина со која Филип Петти војува. Римјаните навлегуваат во Илирија и ја пустошат Западна Македонија. - Во 198 г. пр. Хр. Ахејската лига се приклучува кон Рим, битка кај Киноскофолос и мир. - Во 196 г. пр. Хр. Антиох Велики не ги прима римсикте пратеници и Ханибал му се приклучува - во 195 г. пр. Хр. Рим се повлекува од Ахеја. - Во 193 г. пр. Хр. Рим и Антиох Велики преговараат, мирот мегу Филип Петти и Ханибал и Антиох трае. - Во 192 г. пр. Хр. Етолците го повикуваат Антиох Велики, тој се истоварува и ги загрозува државичките за потоа да се повлече во Ефес. - Во 191 г. пр. Хр. Филип Петти од Римјаните добива територии за поддршка. Последните три години Рим се ориентирал повеќе кон Азија. Етолија и Рим склучуваат взаемен мир. Македонија економски јакне. - Во 185 г. пр. Хр. римски пратеници во Македонија покажуваат наклоност кон Димитар наместо кон таткото Филип Петти при што доаѓа до конфликт помеѓу браќата Персеј и Димитар... - Во 181 г. пр. Хр. Филип Петти во Тракија. - Во 179 г. пр. Хр. умира Филип Петти. Една година пред тоа, Димитар синот на Филип Петти кој е миленик на Римјаните со што се прави еден вид раздор меѓу Македонците затоа што се зголемува римскиот притисок од внатре и слабеат македонските сојузи. Од редоследот на настаните се гледа бурниот живот на Филип Петти, кој не проживеал ниту една мирна година. Судирите, победите, сојузите и борбите за териториите во целост наликуваат на борбениот живот на Филип Втори. Сличен е животот и на сите останати македонски владетели. Таков е, ако не и потрагичен, и животот на Персеј, кој што власта ја наследи во 179 г. пр. Хр. |