|
|
Никому да не му се дозвоили да премине од Албанија во Румелија |
ФЕРМАН НА ТУРСКИОТ СУЛТАН СО КОЈ ЗАБРАНУВА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ЛИЦА БЕЗ ИСПРАВИ ОД АЛБАНИЈА ВО РУМЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА) (Крај на јули 1800 година)
„До славните меѓу кадиите и судиите... од десниот ракав на Румелија ...и до славните... месни ајани, офицери, видни граѓани и други градски службеници... Со моите, на неколку пати издадени свети заповеди беше заповедано за натаму да не му се дозволува на ниедно лице да премине од Албанија во Румелија без дозвола и ферман; да се затворат сите прооди и места, а на војниците што се испраќаат на служба при мутесарифот на окрузите на Трикала и Чермен, мојот славен везир, Пласли Мехмед паша ...да им се издаваат од месните власти исправи, и најпосле, освен сејмените што ќе одат на служба со такви исправи при спомнатиот везир, никому да не му се дозвоили да премине од Албанија во Румелија. Сега пак дознавам и слушам дека вакви албански башибозуци преминале во Румелија без дозвола и без фермани и се растуриле по разни краишта. Бидејќи оваа положба несомнено настанала по недостиг на будност и небрежноста на чиновниците, дадена му е полна самостојна власт на мојот прославен везир, румелискиот валија Хаџи Осман паша... По прашањето за затворањето на дервените, па со оглед на тоа вие, спомнатите кадии, ајани и офицери да се чувате и да одбегнувате да давате дозволи кому и да е од Албанија да премине во Румелија, без ферман и дозвола; да постапувате по наредбите во тој однос примени од спомнатитот валија...” Турски документи за историјата на македонскиот народ, том И Државен архив на НРМ, Скопје, 1951, стр.11 и 23; |