|
|
Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов |
Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов, во кој не само што децидно се потенцираат етничките разлики помеѓу Македонците и Бугарите, туку и за денешните Македонци јасно се вели дека се директни потомци на славните антички Македонци! Еве што пишува во овој документ: „Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светски владетели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зошто да не се случи истото и со Македонците?...Зашто ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после толку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење! ...Бугарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е македонско. Зошто Бугарија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? Зарем Македонците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари - толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голема! Едните биле на Балканскиот Полуостров уште од пред Христа, а другите дошле во 7 век... Доста веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ! Време е да се викне: Македонија на Македонците. Ослободената бугарска Македонија да им се даде на слободните Македонци. Дајте и` автономија на Македонија додека е време!“ (цит. според Блаже Ристовски). Овој документ е потпишан со псевдонимот “Комитски”, а пишуван е во декември 1932 година. Ова значи дека и меѓу членовите и симпатизерите на ВМРО на Ванчо Михајлов имало такви кои го прифаќале античко-македонското етничко потекло. Дури и организацијата на МПО (еден вид наследници на ВМРО на Ванчо Михајлов) во градот Лорејн (САД), формирана во март 1924 година, го носела името “Александар Велики” и имала свое знаме на кое биле прикажани името и ликот на овој наш славен цар. На Собранието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претседател на оваа организација бил Никола Меланов од Костурско, а во раководството бил и Трајче Вангелов (исто така од Костурско), додека секретар бил Иван Томев од с. Брајчино (Преспанско). Мнозинството членови на оваа организација биле Македонци од преспанските села. Огранокот на МПО во 1924 година (Македонска Патриотска Организација) од Лорејн, Охајо, САД, својот огранок го крстил Александар Велики. 1924 Lorain, Ohio, Macedonian Partiotic Organisation (MPO) Alexander the Great. |